Харвард: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
с Создадена страница со: ==Харвард== Универзитеот во Харвард или едноставно Харвард е најстариот универзитет в...
(нема разлика)

Преработка од 15:00, 20 ноември 2010

Харвард

Универзитеот во Харвард или едноставно Харвард е најстариот универзитет во Соединетите Американски Држави. Еден е од најпрестижните американски универзитети и член на таканаречената Лига на Бршлени. Харвард е приватен универзитет сместен во Кембриџ во сојузната држава Масачусетс. Исто така е и прва и најстара корпорација во северна америка оснивана во 1636 година. Наречен е по свештеникот Џон Харвард. Харвард е еден од најдобрите универзитети во светот и годишно произведува многу научници, писатели и политичари кои подоцна се прославуваат.

Харвард како целина

На Харвардскиот простор во кампот се наоѓаат училници, паркови, атлетски клуб, веслачки клуб, стадион, црква, книжара и се што им е потребно на студентите. На Харвард предаваат истакнати професори од целиот свет. На него студентите можат да се придружат на групата која најмногу им одговара пр. спорт, шах, биологија, политика, глума итн. На Харвард не може да се запише баш секој; на него се запишуваат некои од најдобрите ученици на САД и од светот и тоа по препорака на некој професор. Студентот на Харвард мора да се бави со повеќе ваннаставни активности и мора да биде присутен на секое предавање.