Андора: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: koi:Андорра, mrj:Андорра
Ред 63: Ред 63:
'''Андора''' ([[каталонски јазик|каталонски]]: ''Principat d'Andorra'', [[француски јазик|француски]]: ''Andorre'', [[шпански јазик|шпански]]: ''Principado de Andorra'') е парламентарно кнежество во југозападна [[Европа]]. Малата држава која што се наоѓа на источниот дел од [[Пиринеи]]те, се граничи на север и на исток со [[Франција]], а на запад и на југ со [[Шпанија]]. Со вкупна површина од само 468 km², Андора е една од најмалите држави во светот. Главен град е [[Андора ла Вела]].
'''Андора''' ([[каталонски јазик|каталонски]]: ''Principat d'Andorra'', [[француски јазик|француски]]: ''Andorre'', [[шпански јазик|шпански]]: ''Principado de Andorra'') е парламентарно кнежество во југозападна [[Европа]]. Малата држава која што се наоѓа на источниот дел од [[Пиринеи]]те, се граничи на север и на исток со [[Франција]], а на запад и на југ со [[Шпанија]]. Со вкупна површина од само 468 km², Андора е една од најмалите држави во светот. Главен град е [[Андора ла Вела]].


андора е смотана
== Етимологија ==


== Историја ==
== Историја ==

Преработка од 09:48, 28 октомври 2010

Кнежевство Андора
Principat d'Andorra
Знаме Грб
Гесло"Virtus Unita Fortior"  (латински)
"Силата обединета е посилна"
ХимнаEl Gran Carlemany,
Mon Pare
  (каталонски)
Големиот Карло Велики, мојот Татко

Местоположбата на  Андора  (заокружена) на Европскиот континент  (бела)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Андора  (заокружена)

на Европскиот континент  (бела)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Андора  (заокружена)

на Европскиот континент  (бела)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Андора ла Вела
42°30′N 1°31′E / 42.500° СГШ; 1.517° ИГД / 42.500; 1.517
Службен јазик Каталонски
Демоним Андорец
Уредување Парламентарна демократија и ко-принципат
 •  Епископски Ко-принц Жан Енрик Виве Сисилиа
 •  Француски Ко-принц Никола Саркози
 •  Шеф на Владата Жауме Бартумеу
Независност
 •  Пареаж 1278 
Површина
 •  Вкупна 468 км2 (196та)
 •  Вода (%) 0
Население
 •  проценка за 2007 г. 71.822 (194та)
 •  Попис 2006 69.150 
 •  Густина 154 жит/км2 (69та)
БДП (ПКМ) проценка за 2005 г.
 •  Вкупен $2,77 билиони (177ма)
 •  По жител $38.800 (нерангирана)
Валута Евро (€)1 (EUR)
Часовен појас СЕВ (UTC+1)
 •  (ЛСВ) СЕЛВ (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .ad2
Повик. бр. 376
1. Пред 1999, француски франк и шпанска пезета. Мали количини на андорски динери (поделени на 100 центими) биле исковани по 1982.
2. Исто и .cat, заеднички со териториите кои зборуваат каталонски.

Андора (каталонски: Principat d'Andorra, француски: Andorre, шпански: Principado de Andorra) е парламентарно кнежество во југозападна Европа. Малата држава која што се наоѓа на источниот дел од Пиринеите, се граничи на север и на исток со Франција, а на запад и на југ со Шпанија. Со вкупна површина од само 468 km², Андора е една од најмалите држави во светот. Главен град е Андора ла Вела.

андора е смотана

Историја

Андора, како држава постои уште од доцниот 8 век. Наводно Карло Велики бил оној кој за прв пат им загарантирал голем број на привилегии на андоранците, како возврат за помошта во војната против Маврите. Сепак, Андора долго време била предмет на конфликти помеѓу шпанскиот бискуп од Ургел и францускиот гроф од Кастелбон односно неговиот наследник од Фуа. Преку т.н. Пареаж договор (Paréage) во 1278, двете страни се согласиле за заедничка власт врз Андора. Дозволата за власт од грофот од Фуа, подоцна преминала на кралот Хајнрих IV и оттука на сите следни француски кралеви (во новото време на француските претседатели).

1993 година, Франција и Шпанија ја признаваат Андора како независна држава, но сепак бискупот од Ургел и францускиот претседател остануваат како официјални претседатели на земјата. Со независноста, Андора станува членка на Европскиот Совет и ООН. На парламентарните избори во 1997 година, Унијата на Либералите (Unió Liberal) на премиерот Марк Форне Молне го освојува апсолутното мнозинство. Истото им успева и на изборите на 4 март 2001 година, овој пат под името Либерална Партија на Андора (Partit Liberal d’Andorra). Денес, либералите имаат 15 од вкупно 28 пратенички места во парламентот на Андора.

Географија и клима

Карта на Андора

Андора на север е комплетно заградена од Пиринеите. Во северозападниот дел се наоѓа врвот Кома Педроса ( 2.946 m), највисоката точка во замјата. Освен тој, има уште неколку врвови кои надминуваат 2900 метри надморска височина. Долината на реката Валира ја отвора кон југ природната врска кон Шпанија. Сепак, најголемиот дел на Андора се наоѓа во долината на реката Ебро, која продолжува во североисточна Шпанија. Годишните врнежи на метар квадратен изнесуваат околу 2.000 m. на повисоките места и околу 700 mm. во долините. Летата се обично кратки, но во долините е доста топло.

Население, јазик и религија

Андора има 70.549 жители (јуни 2005), а густината на населението изнесува 151 жител на км². Околу 92 проценти од населението живее во град. Андора ла Вела со околу 25.000 жители е најголемиот град во земјата. Домородното население е по културата и јазикот од каталонско потекло. Тие денес изнесуваат 29% од вкупното население на Андора. Остатокот главно го сочинуваат француски и шпански имигранти, кои добиваат дозвола за престој според еден строг систем (ограничување на број на имигранти на годишно ниво). Официјалниот јазик е каталонски, кој се зборува од страна на 30% од вкупното население. Мнозинството зборува шпански, а околу 7%, француски. Поради фактот што речиси сите жители во Андора се католици, доста внимателно се негува верата во културниот и социјалниот живот. Како пример за тоа се разводите, кои во Андора се забранети со закон.

Политика

Како претседатели на Андора се водат Бискупот од Ургел во Шпанија и Претседателот на Франција како ковојвода. Ова останало како дел од државното уредување и по признавањето на Андора од страна на Франција и Шпанија како независна држава во 1993 година. Главен законодавен орган е парламентот, кој го сочинуваат 28 пратеници со четиригодишен мандат и кои го избираат премиерот на Андора. Преку референдумот на 14 март 1993 година, жителите на Андора се решија за нов устав, кој ја дефинира земјата како независна и демократска република. Војводата на Андора, согласно со уставот има ингеренции да го регулира изборот на судии во земјата како и надворешната политика. Од 1993 година, Андора е член на Организацијата на Обединетите Нации.

Ковојводата, се води како еден од претседателите на државата, но всушност поседува само право на вето кон евентуални измени во законот за граници на Андора. Франција и Шпанија сѐ уште се задолжени за одбраната на Андора. Во декември 1993 година се одржани првите парламентарни избори во независна Андора.

Административна поделба

Парохиите на Андора.

Андора е поделена на 7 парохии или општини. Тие се:

Бр.* Парохија Површина
km²
Население
1990 2000 2007
1 Каниљо 121 1.290 2.706 5.422
2 Енкамп 74 7.119 10.595 14.029
3 Ордино 89 1.289 2.283 3.685
4 Ла Масана[1] 65 3.868 6.276 9.357
5 Андора ла Вела* 12 19.022 21.189 24.574
6 Сант Жулија де Лорија 60 6.012 7.623 9.595
7 Ескалдес Енгордан 47 12.235 15.299 16.475
  Андора 468 50.835 65.971 83.137

* Главен град на Андора

Економија

Главен адут на економијата во Андора е туризмот, кој по педесеттите години е во постојан раст. Според процените, денес Андора ја посетуваат околу 12 милиони туристи годишно. Туристичките „магнети“ се: зимскиот спорт, алпската клима и неоданочените производи. Андора има фабрики за преработување на тутун и дрво, а има и доста развиено сточарство (пред се: овци, говеда и коњи). И покрај тоа што располага со наоѓалишта на железо, челик и мермер, економијата на Андора е во голема мера зависна од увозот. Најголемиот дел од прехрамбените производи исто така се увезуваат, бидејќи само 4 проценти од земјата е обработлива.

Поради ниските даночни стапки и законот за тајност во банкарството, Андора е седиште на многубројни домашни и странски банки. Од 1 jануари 2002 година, еврото ги замени францускиот франк и шпанската пезета како национална валута во Андора. Во 1997 година 78% од вработените имале дејност во јавните услуги, 21% во индустријата и 1% во земјоделството. Андора нема ниту железница ниту пак аеродром, но затоа поседува доста развиена патна мрежа.

Култура

Наводи

Видете исто така

Надворешни врски