Меланизам: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [проверена преработка] |
с Бот Додава: io:Melanismo |
с Бот Додава: ca:Melanisme |
||
Ред 7: | Ред 7: | ||
[[Категорија:Дерматолошка терминологија]] |
[[Категорија:Дерматолошка терминологија]] |
||
[[ca:Melanisme]] |
|||
[[de:Melanismus]] |
[[de:Melanismus]] |
||
[[en:Melanism]] |
[[en:Melanism]] |
Преработка од 06:25, 12 октомври 2010
Меланизам — физиолошка појава при која се јавува зголемена црна или близу црна пигментација, било да е тоа на кожата, пердувите, лушпите на пеперуткините крила или влакната на еден организам. Се јавува како резултат на присуството на пигментот меланин. Меланизмот е спротивен на албинизмот, кој се јавува како резултат на недостаток на меланинот. Всушност, меланизмот се однесува на фенотип во кој пигментацијата на еден организам е целосно или делумно изразена. Кај луѓето, оваа појава се нарекува меланоза.
Меланизмот е најчесто резултат на генетска мутација, но може да настане и од други дразби, како што се абнормалните температурни промени за време на гестацијата (растењето на плодот) кои повремено го менуваат текот на транскрипцијата или транслацијата. Меланизмот, пак, кој е причинет од антропогеното влијание (менување на животната средина од страна на човекот) е познат како индустриски меланизам. Тој се јавувал кај најразлични животни, вклучувајќи ги цицачите (верверички, многу видови на мачки итн.), рептили и инсекти (Biston betularia). Последниот случај на индустриски меланизам со пеперутката од фамилијата на Geometridae, Biston betularia, е класичен пример за оваа појава. Со помош на него се изучуваат принципите на природната селекција.