Оникс: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: da:Onyx
с Бот Додава: zh:缟玛瑙
Ред 52: Ред 52:
[[uk:Онікс]]
[[uk:Онікс]]
[[ug:ساردونىكس]]
[[ug:ساردونىكس]]
[[zh:缟玛瑙]]

Преработка од 09:58, 9 октомври 2010

Податотека:Onyks grudka polerowana Brazylia.jpg
Оникс од Бразил

Оникс е вариетет на калцедонот (кварцот) со слоевита градба во која на црна основа се нанесени бели линии. Ваква структура има т.н. арапски оникс, а постои и неслоевит црн кремен без бели линии кој се нарекува црн оникс и кој денес најмногу се употребува за изработка на накит.

Зборот “оникс” има латински корени, а е еквивалентен на грчкиот збор “onukha” веројатно како асоцијација на неговата слаба проѕирност. Освен за накит се употребува и за изработка на украсни предмети, садови и вазни.

Скапоцените камења и нивното влијание на човекот

Накит од оникс и хематит

Скапоцените и полускапоцените камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Ониксот симболизира искреност, остроумност и духовна сила. Се смета дека е многу моќен камен. Според арапската традиција ги ослободува породилните болки доколку се стави во косата на родилката.

Скапоцените камења и хороскопските знаци

Се смета дека за секој хороскопски знак постои скапоцен камен кој му одговара. Така тиркизот е камен кој се препорачува за следниве хороскопски знаци: лав, јарец и водолија.

Надворешни врски

perlenoire.mk (македонски)