Камбоџа: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 106: Ред 106:
=== Праисторија ===
=== Праисторија ===
[[File:Baksei Chamkrong.jpg|thumb|200px|right|[[Баксеј Чамкронг]], храм кој е во близина на локалитет од [[Железно доба|Железното доба]] на камбоџиската историја.]]
[[File:Baksei Chamkrong.jpg|thumb|200px|right|[[Баксеј Чамкронг]], храм кој е во близина на локалитет од [[Железно доба|Железното доба]] на камбоџиската историја.]]
[[File:Sculptures apsaras.JPG|thumb|200px|right|Скулптури во [[Ангкор Ват]].]]
[[File:Sculptures apsaras.JPG|thumb|200px|left|Скулптури во [[Ангкор Ват]].]]


Цврстите материјални докази за постоење на човечка цивилизација во праисторијата се присутни во помал број на територијата на Камбоџа. Воглавно, до сега се пронајдени алатки изработени од [[кварц]] на терасите на реката [[Меконг ]] во покраините [[Стунг Тренг (покраина)|Стунг Тренг]] и [[Кампот (покраина)|Кампот]], но нивната веродстојност не сè уште сигурна.<ref name=stark2004>{{Cite book|author=Miriam Stark|editor1-first=Ian|editor1-last=Glover|editor2-first=Peter S.|editor2-last=Bellwood|title=Southeast Asia: from prehistory to history|year=2005|publisher=Routledge|isbn=978-0415391177|chapter=Pre-Angkorian and Angkorian Cambodia|chapter-url=http://www.anthropology.hawaii.edu/People/Faculty/Stark/pdfs/2004_PreAngkorian.pdf}}</ref>
Цврстите материјални докази за постоење на човечка цивилизација во праисторијата се присутни во помал број на територијата на Камбоџа. Воглавно, до сега се пронајдени алатки изработени од [[кварц]] на терасите на реката [[Меконг ]] во покраините [[Стунг Тренг (покраина)|Стунг Тренг]] и [[Кампот (покраина)|Кампот]], но нивната веродстојност не сè уште сигурна.<ref name=stark2004>{{Cite book|author=Miriam Stark|editor1-first=Ian|editor1-last=Glover|editor2-first=Peter S.|editor2-last=Bellwood|title=Southeast Asia: from prehistory to history|year=2005|publisher=Routledge|isbn=978-0415391177|chapter=Pre-Angkorian and Angkorian Cambodia|chapter-url=http://www.anthropology.hawaii.edu/People/Faculty/Stark/pdfs/2004_PreAngkorian.pdf}}</ref>
Ред 138: Ред 138:


=== Независност и Виетнамската војна ===
=== Независност и Виетнамската војна ===
[[File:Mao Sihanouk.jpg|thumb|right|200px|Средбата на Нородом Сиханоук во Пекинг. На сликата се и Мао Цетунг и Лиу Шаоки.]]


Камбоџа станала [[уставна монархија]] кога на чело на државата бил кралот [[Нородом Сиханоук]]. Кога [[Француска Индокина]] ја предала независноста, Камбоџа официјално ја изгубила контролата на делатата на реката [[Меконг]], бидејќи таа област била дадена под контрола на [[Виетнам]]. Оваа област била контролирана од Виетнамците од [[1698]] година кога кралот [[Чеј Чета II]] дал дозвола на Виетнам за доселување на народот.<ref name="Kamm">{{Cite book| last = Kamm | first = Henry | author-link = Henry Kamm | title = Cambodia Report from a Stricken Land | publisher = Arcade Publishing | year = 1998 | location = New York | page = 23 }}</ref>
Камбоџа станала [[уставна монархија]] кога на чело на државата бил кралот [[Нородом Сиханоук]]. Кога [[Француска Индокина]] ја предала независноста, Камбоџа официјално ја изгубила контролата на делатата на реката [[Меконг]], бидејќи таа област била дадена под контрола на [[Виетнам]]. Оваа област била контролирана од Виетнамците од [[1698]] година кога кралот [[Чеј Чета II]] дал дозвола на Виетнам за доселување на народот.<ref name="Kamm">{{Cite book| last = Kamm | first = Henry | author-link = Henry Kamm | title = Cambodia Report from a Stricken Land | publisher = Arcade Publishing | year = 1998 | location = New York | page = 23 }}</ref>

[[File:Mao Sihanouk.jpg|thumb|left|200px|Средбата на Нородом Сиханоук во Пекинг. На сликата се и Мао Цетунг и Лиу Шаоки.]]


Во [[1955]] година, Сиханоук се откажал од кралскиот трон, кој го презел неговиот татко, и станал [[премиер на Камбоџа]]. По смртта на неговиот татко во [[1960]] година, Сиханоук повторно станал крал на Камбоџа, но овој пат со титула ''Принц на Камбоџа''. Како што се развивала [[Виетнамска војна|Виетнамската војна]], Сиханоук прогласил политика на неутралсност за време на [[Студената војна]], иако се знаело дека бил симпатизер на комунизмот. За време на неговата посета на [[Пекинг]] во 1970 година се случил државниот удар во Камбоџа предводен од пермиерот и генерал [[Лон Нол]], подржан од [[САД]]. Кралот побарал веднаш да се отфрли власта во Камбоџа која била подржана од САД, но после ова следела [[Камбоџанска граѓанска војна|граѓанската војна во Камбоџа]].<ref name="SIHNK">{{Cite book| last = Sihanouk | first = Norodom | authorlink = Norodom Sihanouk | title = My War with the CIA, The Memoirs of Prince Norodom Sihanouk as related to Wilfred Burchett | publisher = Pantheon Books | year = 1973}}</ref> Многу наскоро припадниците на [[Црвени Кмери|Црвените Кмери]] се приклучиле кон подршката за кралот, но нивната намера била сосема друга.
Во [[1955]] година, Сиханоук се откажал од кралскиот трон, кој го презел неговиот татко, и станал [[премиер на Камбоџа]]. По смртта на неговиот татко во [[1960]] година, Сиханоук повторно станал крал на Камбоџа, но овој пат со титула ''Принц на Камбоџа''. Како што се развивала [[Виетнамска војна|Виетнамската војна]], Сиханоук прогласил политика на неутралсност за време на [[Студената војна]], иако се знаело дека бил симпатизер на комунизмот. За време на неговата посета на [[Пекинг]] во 1970 година се случил државниот удар во Камбоџа предводен од пермиерот и генерал [[Лон Нол]], подржан од [[САД]]. Кралот побарал веднаш да се отфрли власта во Камбоџа која била подржана од САД, но после ова следела [[Камбоџанска граѓанска војна|граѓанската војна во Камбоџа]].<ref name="SIHNK">{{Cite book| last = Sihanouk | first = Norodom | authorlink = Norodom Sihanouk | title = My War with the CIA, The Memoirs of Prince Norodom Sihanouk as related to Wilfred Burchett | publisher = Pantheon Books | year = 1973}}</ref> Многу наскоро припадниците на [[Црвени Кмери|Црвените Кмери]] се приклучиле кон подршката за кралот, но нивната намера била сосема друга.
Ред 154: Ред 155:


=== Период на Црвените Кмери ===
=== Период на Црвените Кмери ===
[[File:Choeungek2.JPG|thumb|right|200px|Жртви на Црвените Кмери. Низ земјата има голем број масовни гробници, а денес меморијални центри за овој темен период од камбоџанската историја.]]


Како што војната завршувала, така американските воени експерти забележале дека во Камбоџа започнала да се шири [[глад]], кога околу 75% од живата стока била уништена, а сеидбата и жетвата на [[ориз]] не ни биле планирани.
Како што војната завршувала, така американските воени експерти забележале дека во Камбоџа започнала да се шири [[глад]], кога околу 75% од живата стока била уништена, а сеидбата и жетвата на [[ориз]] не ни биле планирани.

[[File:Choeungek2.JPG|thumb|right|200px|Жртви на Црвените Кмери. Низ земјата има голем број масовни гробници, а денес меморијални центри за овој темен период од камбоџанската историја.]]


[[Црвени Кмери|Црвените Кмери]] стигнале во [[Пном Пен]] и ја презеле контролата на градот во [[1975]] година. Црвените Кмери биле предводени од [[Пол Пот]] и името на државата било официјално променето во [[Демократска Кампучија]]. Властите веднаш го евакуирале градот и населението го испратиле во руралните области каде се одвивале работнички проекти. Тие се обиделе да го обноват земјоделието на Камбоџа според модел од [[11 век]]. Покрај тоа, тие воопшто не воделе грижа за медицината, уништувале храмови, библиотеки и сè што се сметало за дел од западната култура. Околу еден милион Камбоџанци, од вкупно осум милиони, умреле од замор, глад и болести.<ref name="kaplan">Kaplan, Robert D., ''The Ends of the Earth'', Vintage, 1996, p. 406.</ref>
[[Црвени Кмери|Црвените Кмери]] стигнале во [[Пном Пен]] и ја презеле контролата на градот во [[1975]] година. Црвените Кмери биле предводени од [[Пол Пот]] и името на државата било официјално променето во [[Демократска Кампучија]]. Властите веднаш го евакуирале градот и населението го испратиле во руралните области каде се одвивале работнички проекти. Тие се обиделе да го обноват земјоделието на Камбоџа според модел од [[11 век]]. Покрај тоа, тие воопшто не воделе грижа за медицината, уништувале храмови, библиотеки и сè што се сметало за дел од западната култура. Околу еден милион Камбоџанци, од вкупно осум милиони, умреле од замор, глад и болести.<ref name="kaplan">Kaplan, Robert D., ''The Ends of the Earth'', Vintage, 1996, p. 406.</ref>

[[File:ChoeungEk-Darter-14.jpg|thumb|200px|left|Меморијален центар каде се сместени дел од остатоците од жртвите во Камбоџа.]]


Проценките за тоа колку луѓе умреле од власта на Црвените Кмери варира од еден до три милиони жители.<ref>Shawcross, William, ''The Quality of Mercy: Cambodia, Holocaust and Modern Conscience'', Touchstone, 1985, pp. 115–116.</ref><ref>Vickery, Michael, Correspondence, ''Bulletin of Concerned Asian Scholars'', vol. 20, no. 1, January–March 1988, p. 73.</ref> Оваа ера од историјата на Камбоџа е позната по теминот [[Полиња на смртта]], додека затворот [[Туол Сленг]] бил симбол на смртта и симбол за масивните убиства во Камбоџа. Стотици граѓани пребегале во соседен Тајланд за да се спасат од смртоносната власт во Камбоџа. Власта најмногу обрнала внимание, во негативна смисла, кон етничките малцинства. Така, [[Чами]]те најмногу страдале и околу половина од Чамите умреле.<ref>[http://www.genocidewatch.org/aboutgenocide/stantoncambodianlaw.htm The Cambodian Genocide and International Law], By Dr. Gregory H. Stanton, Presented February 22, 1992 at Yale Law School</ref> Во средината на 1960-те години околу 425.000 [[Кинези]] живееле во Камбоџа, но како резултат на власта во 1984 година останале живи само 61.400 Кинези.<ref>[http://www.country-studies.com/cambodia/the-chinese.html Cambodia the Chinese]. Country Studies.</ref>
Проценките за тоа колку луѓе умреле од власта на Црвените Кмери варира од еден до три милиони жители.<ref>Shawcross, William, ''The Quality of Mercy: Cambodia, Holocaust and Modern Conscience'', Touchstone, 1985, pp. 115–116.</ref><ref>Vickery, Michael, Correspondence, ''Bulletin of Concerned Asian Scholars'', vol. 20, no. 1, January–March 1988, p. 73.</ref> Оваа ера од историјата на Камбоџа е позната по теминот [[Полиња на смртта]], додека затворот [[Туол Сленг]] бил симбол на смртта и симбол за масивните убиства во Камбоџа. Стотици граѓани пребегале во соседен Тајланд за да се спасат од смртоносната власт во Камбоџа. Власта најмногу обрнала внимание, во негативна смисла, кон етничките малцинства. Така, [[Чами]]те најмногу страдале и околу половина од Чамите умреле.<ref>[http://www.genocidewatch.org/aboutgenocide/stantoncambodianlaw.htm The Cambodian Genocide and International Law], By Dr. Gregory H. Stanton, Presented February 22, 1992 at Yale Law School</ref> Во средината на 1960-те години околу 425.000 [[Кинези]] живееле во Камбоџа, но како резултат на власта во 1984 година останале живи само 61.400 Кинези.<ref>[http://www.country-studies.com/cambodia/the-chinese.html Cambodia the Chinese]. Country Studies.</ref>


=== Падот на Црвените Кмери ===
=== Падот на Црвените Кмери ===
[[File:ChoeungEk-Darter-14.jpg|thumb|200px|right|Меморијален центар каде се сместени дел од остатоците од жртвите во Камбоџа.]]


Во ноември [[1978]] година, виетнамските трупи навлегле на територијата на Камбоџа.<ref name="CGG">CambodianGenocide.org.[http://www.cambodiangenocide.org/genocide.htm ''A Brief History of the Cambodian Genocide''.]. Retrieved July 25, 2006.</ref> [[Народна Република Кампучија]] била набрзо основана, предводена од партијата [[Кампучиски Обединет Фронт за Национален Спас,]] кои пак биле во тесна соработка со [[СССР]].
Во ноември [[1978]] година, виетнамските трупи навлегле на територијата на Камбоџа.<ref name="CGG">CambodianGenocide.org.[http://www.cambodiangenocide.org/genocide.htm ''A Brief History of the Cambodian Genocide''.]. Retrieved July 25, 2006.</ref> [[Народна Република Кампучија]] била набрзо основана, предводена од партијата [[Кампучиски Обединет Фронт за Национален Спас]], кои пак биле во тесна соработка со [[СССР]].


Три години по навлегувањето на Виетнамците, Камбоџа била додатно поделена на три дела, владеена од „коалициска власт“ составена од Црвените Кмери и [[Кмерски Народен Национален Ослободителен Фронт|Кмерскиот Народен Национален Ослободителен Фронт]]. Претставник во [[ООН]] биле Црвените Кмери.<ref>{{Cite web|url=http://www.yale.edu/cgp/thiounn.html |title=Yale University, '&#39;http://www.yale.edu/cgp/thiounn.html'&#39;; accessed April 7, 2010 |publisher=Yale.edu |date= |accessdate=2010-06-27}}</ref><ref>{{Cite web|url=http://disarmament.un.org/Library.nsf/d7ae8ea134b27b838525755c00537cf2/f5b3eb8b58ae67c7852575a100632a27/$FILE/A-40-PV69.pdf |title=United Nations, '&#39;http://disarmament.un.org/Library.nsf/d7ae8ea134b27b838525755c00537cf2/f5b3eb8b58ae67c7852575a100632a27/$FILE/A-40-PV69.pdf'&#39;; accessed April 7, 2010 |format=PDF |date= |accessdate=2010-06-27}}</ref>
Три години по навлегувањето на Виетнамците, Камбоџа била додатно поделена на три дела, владеена од „коалициска власт“ составена од Црвените Кмери и [[Кмерски Народен Национален Ослободителен Фронт|Кмерскиот Народен Национален Ослободителен Фронт]]. Претставник во [[ООН]] биле Црвените Кмери.<ref>{{Cite web|url=http://www.yale.edu/cgp/thiounn.html |title=Yale University, '&#39;http://www.yale.edu/cgp/thiounn.html'&#39;; accessed April 7, 2010 |publisher=Yale.edu |date= |accessdate=2010-06-27}}</ref><ref>{{Cite web|url=http://disarmament.un.org/Library.nsf/d7ae8ea134b27b838525755c00537cf2/f5b3eb8b58ae67c7852575a100632a27/$FILE/A-40-PV69.pdf |title=United Nations, '&#39;http://disarmament.un.org/Library.nsf/d7ae8ea134b27b838525755c00537cf2/f5b3eb8b58ae67c7852575a100632a27/$FILE/A-40-PV69.pdf'&#39;; accessed April 7, 2010 |format=PDF |date= |accessdate=2010-06-27}}</ref>
Ред 191: Ред 194:
Просечната температура на Камбоџа се движи од 21 до 35 степени. [[Монсун]]ите во југозападниот дел од државата се движат од морето кон копното и носат голема влажност и се појавуваат од мај до октомври. Североисточните монсуни се појавуваат во сушните сезони кои траат од ноември и март. Најсушен период во државата е во јануари и февруари. Влажната сезона е карактеристична по тоа што најниската температура може да падне до 22 степени. Од другата страна пак, сушната сезона може да има температура и до 40 степени. Најдобрите месеци за посета на Камбоџа, од туристичка гледна точка, се од ноември до јануари. Скоро секоја година има [[поплава|поплави]] во државата, но со намален интензитет и опасност по населението.
Просечната температура на Камбоџа се движи од 21 до 35 степени. [[Монсун]]ите во југозападниот дел од државата се движат од морето кон копното и носат голема влажност и се појавуваат од мај до октомври. Североисточните монсуни се појавуваат во сушните сезони кои траат од ноември и март. Најсушен период во државата е во јануари и февруари. Влажната сезона е карактеристична по тоа што најниската температура може да падне до 22 степени. Од другата страна пак, сушната сезона може да има температура и до 40 степени. Најдобрите месеци за посета на Камбоџа, од туристичка гледна точка, се од ноември до јануари. Скоро секоја година има [[поплава|поплави]] во државата, но со намален интензитет и опасност по населението.


[[File:IndianElephant.jpg|thumb|200px|left|Индискиот слон е главниот вид слон кој се среќава во Камбоџа.]]
;Флора и фауна
;Флора и фауна
[[File:IndianElephant.jpg|thumb|200px|upright|Индискиот слон е главниот вид слон кој се среќава во Камбоџа.]]


Камбоџа има шаренолика флора и фауна. До денес, во државата се забележани околу 212 видови [[цицачи]], 536 видови [[птици]], 240 видови [[влечуги]], 850 видови слатководни [[риби]] и околу 435 видови риби во солена вода. Голем дел од оваа флора и фауна е сконцентрирана во и околу регионот на езерото [[Тонле Сап (езеро)|Тонле Сап]].<ref>Tonle Sap Biosphere Reserve: perspective 2000, Mekong River Commission (MRC), Mar 1 2003. Retrieved from TSBR website, 29/12/2008 [http://www.tsbr-ed.org/english/online_catalogue/textual_detail.asp?ref=141]</ref> Биосферата околу езерото Тонле Сап е уникатен еколошки феномен. Регионот е составен од езерото каде се протегаат околу девет од покраините на земјата и во [[1997]] година станало дел од ''биосферските резервати на [[УНЕСКО]]''.<ref>Complete list of biosphere reserves in pdf, Publication Date: 03-11-2008, retrieved from UNESCO website, 29/12/2008 [http://www.unesco.org/mab/doc/brs/BRlist2008.pdf]</ref> Покрај овој регион, значајни се и посушните шуми во покраините [[Мондолкири]] и [[Ратанакири]], но и екосистемот на планините [[Кардамом (планини)|Кардамом]] каде се наоѓаат два национални парка и природни животински прибежишта.
Камбоџа има шаренолика флора и фауна. До денес, во државата се забележани околу 212 видови [[цицачи]], 536 видови [[птици]], 240 видови [[влечуги]], 850 видови слатководни [[риби]] и околу 435 видови риби во солена вода. Голем дел од оваа флора и фауна е сконцентрирана во и околу регионот на езерото [[Тонле Сап (езеро)|Тонле Сап]].<ref>Tonle Sap Biosphere Reserve: perspective 2000, Mekong River Commission (MRC), Mar 1 2003. Retrieved from TSBR website, 29/12/2008 [http://www.tsbr-ed.org/english/online_catalogue/textual_detail.asp?ref=141]</ref> Биосферата околу езерото Тонле Сап е уникатен еколошки феномен. Регионот е составен од езерото каде се протегаат околу девет од покраините на земјата и во [[1997]] година станало дел од ''биосферските резервати на [[УНЕСКО]]''.<ref>Complete list of biosphere reserves in pdf, Publication Date: 03-11-2008, retrieved from UNESCO website, 29/12/2008 [http://www.unesco.org/mab/doc/brs/BRlist2008.pdf]</ref> Покрај овој регион, значајни се и посушните шуми во покраините [[Мондолкири]] и [[Ратанакири]], но и екосистемот на планините [[Кардамом (планини)|Кардамом]] каде се наоѓаат два национални парка и природни животински прибежишта.
Ред 395: Ред 398:


== Демографија ==
== Демографија ==
[[File:Buddha01a.jpg|thumb|170px|right|Будизмот е најголема религија во Камбоџа.]]
[[File:Buddha01a.jpg|thumb|170px|left|Будизмот е најголема религија во Камбоџа.]]
{{Main|Демографија на Камбоџа}}
{{Main|Демографија на Камбоџа}}



Преработка од 19:15, 2 октомври 2010

Кралство Камбоџа

Preăh Réachéa Nachâk Kâmpŭchéa
Знаме Грб
Гесло
Chéat, Sasna, Preăhmôhaksât
"Нација, религија, крал"
ХимнаNokoreach
Местоположба на Камбоџа во Југоисточна Азија.
Местоположба на Камбоџа во Југоисточна Азија.
Местоположба на Камбоџа во Југоисточна Азија.
Главен градПном Пен
11°33′N 104°55′E / 11.550° СГШ; 104.917° ИГД / 11.550; 104.917
Најголем град главниот град
Службен јазик кмерски
Официјално писмо кмерско писмо
Демоним Кмер / Камбоџанец
Уредување уставна монархија
 •  Крал Нородом Сихамони
 •  Премиер Хун Сен
Законодавство Парламент
 •  Горен дом Сенат
 •  Долен дом Национално собрание
Основање
 •  Кралство Фунан 68 
 •  Кралство Ченла 550 
 •  Кмерска Империја 802 
 •  Француска колонизација 1863 
 •  Независност од Франција 9 ноември 1953 
 •  Кмерска Република 18 март 1970 
 •  Обновена монархија 24 септември 1993 
Површина
 •  Вкупна 181,035 км2 (88th)
 •  Вода (%) 2.5
Население
 •  проценка за 2010 г. 14.805.000[1] (66-та)
 •  Попис 2008 13,388,910 
 •  Густина 81.8 жит/км2 (125-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2009 г.
 •  Вкупен $28.092 милијарди[2] 
 •  По жител $2.084[2] 
БДП (номинален) проценка за 2009 г.
 •  Вкупно $11.453 милијарди[2] 
 •  По жител $805[2] 
ИЧР (2007) 0.593[3]
Error: Invalid HDI value · 137-ма
Валута Риел (KHR)
Часовен појас (UTC+7)
Се вози на десно
НДД .kh
Повик. бр. 855

Камбоџа, официјално Кралство Камбоџа ( - Preăh Réachéanachâkr Kâmpŭchea) или позната по старото име Кампучија е држава во Југоисточна Азија. Камбоџа се граничи со Тајланд на запад и северозапад, со Лаос на север и со Виетнам на исток, додека на југ излегува на Тајландскиот Залив. Главен град на Камбоџа е Пном Пен и официјален јазик во државата е кмерскиот јазик. Вкупната површина на Камбоџа изнесува 181.035 km2 каде живеат околу 14.805.000 жители.

Камбоџа е уставна монархија каде на чело на државата се наоѓа кралот Нородом Сихамони. Покрај тоа што Пном Пен е главен град на државата, тој е и најголем политички, трговски, индустриски и културен центар во државата. Градот Сием Реап се наоѓа во близина на Ангкор Ват и често се смета за капија на ангкорскиот регион. Сием Реап, заедно со Ангкор Ват се главните турситички дестинации во државата. Покрај овие два града, во Камбоџа се значајни и градовите Батамбанг, кој е познат по производството на ориз и Сиханоуквил, кој е значаен пристаништен центар.

Камбоџа е воглавно населена од етнички Кмери, кои понекогаш се нарекуваат и Камбоџанци. Поголем дел од населението на Камбоџа се следбеници на будизмот. Покрај Кмерите, во Камбоџа живеат и мали заедници на Чами, Кинези и Виетнамци.[4]

Земјоделството во Камбоџа од секогаш било главен економски сектор, каде околу 59% од населението опстојуваат од земјоделството и земјоделското производство, воглавно ориз.[5] Покрај земјоделството, значајни економски сектори се и градежништвото и туризмот.[6] Во 2005 година во Камбоџа биле пронајдени резерви на нафта и природен гас, што, ако профункционира, би значело голем успех и развој за камбоџанската економија.[7]

Етимологија

"Кмерска Земја" на кмерска азбука, локален назив за државата.

Името „Камбоџа“ е назив кој влегол во македонскиот јазик преку францускиот назив за државата Cambodge, додека пак вториот назив „Кампучија“ Kâmpŭchea (កម្ពុជា) е име за Камбоџа кое потекнува од античкото име на кмерското кралство Камбуџа. Камбуџа е античко санскритско име за племето Камбоџаси во Индија.[8]

Preahreachanachâk Kampuchea значи "Кралство Камбоџа". Етимолошки,овој назив е составен од Preah- ("свето"); -reach- ("крал, кралство", од санскритски); -ana- (од пали āṇā, "авторитет, сила", од санскритски ājñā, исто значење) -châk (од санскритски chakra, значи "тркало", симбол на моќ).

По независноста, официјалното име на Камбоџа се променило неколку пати. Овие се имињата кои се користеле за државата:

  • Кралство Камбоџа - кога државата била кралство од 1953 до 1970;
  • Кмерска Република од 1970 до 1975;
  • Демократска Кампучија - под раковоство на комунистичкиот режим од 1975 до 1979;
  • Народна Република Кампучија - од 1979 до 1989;
  • Држава Камбоџа (неутрално име за време на дебатата дали да се воздигне монархијата повторно) од 1989 до 1993;
  • Кралство Камбоџа - од 1993 по воведувањето на монархијата.

Историја

Праисторија

Баксеј Чамкронг, храм кој е во близина на локалитет од Железното доба на камбоџиската историја.
Скулптури во Ангкор Ват.

Цврстите материјални докази за постоење на човечка цивилизација во праисторијата се присутни во помал број на територијата на Камбоџа. Воглавно, до сега се пронајдени алатки изработени од кварц на терасите на реката Меконг во покраините Стунг Тренг и Кампот, но нивната веродстојност не сè уште сигурна.[9]

Некои археолошки докази кои се пронашле во Камбоџа посочуваат на постоење на заедници од берачи на плодови и ловци на животни. Најстарото археолошки место во Камбоџа се верува дека е Ланг Спеан во покраината Батамбанг. Според ископините во долните делови на локалитетот биле пронајдени радиокарбонати кои датираат од 6000 г.п.н.е.[9][10] Во истиот локалитет, во погорните слоеви, се пронајдени неолитски остатоци кои воедно се и најстарите керамички артефакти пронајдени во Камбоџа.[11]

За периодот од Холоценот па сè до периодот на Железното доба постојат ограничен број материјални докази. Останати праисториски локалитетит со несигурен датум на постоење се Самронг Сен, каде за прв пат почнало да се ископува во 1877 година, [12] и Пум Снај.[13] Праисториските артефакти доста често се пронаоѓаат за време на рударските операции во Ратанакири.[9]

Најпознатите праисториски докази во Камбоџа се кружните обликувања на почвата кои се пронајдени во Мемот и се составени од вештачки ископини во црвеника. Нивната намена и датумот на создавање сè уште не се разјаснети, но некои археолози предлагаат дека тие датираат од 2 милениум п.н.е.[14][15]

Важен елемент во праисториска Камбоџа било населнувањето на одгледувачите на ориз, кои почнале да се населуваат во 3 милениум п.н.е. и се движеле од север кон југ. Се претпоставува дека овие луѓе зборувале на мон-кмерски јазик.[16]

Обработката на железо во Камбоџа започнала уште во 500 г.п.н.е. Најголем број докази за овој период од камбоџиската историја доаѓаат од локалитетите на платото Корат, денес во Тајланд. Под ангкорските храмови, како што е Баксеј Чамкронг, се пронашле исто така одреден број на населни од Железното доба.

Ангкорски период

За време на третиот, четвртиот и петиот век, индизираните кралства Фунан и Ченла опстојувале на денешните територии на Камбоџа и југозападен Виетнам. Според голем број научници, овие две држави биле кмерски, но имале големо влијание од Индија.[17]

Повеќе од 2000 години, Камбоџа била под силно влијание од Индија и Кина, влијанија кои преминале кон Тајланд, Виетнам и Лаос.[18] Кмерската Империја се развила на денешната територија на Камбоџа во периодот од 9 до 13 век.[19] Во 13 век, будизмот започнал да се расширува во регионот преку монаси од Шри Ланка.[20] Од тој период, постепено будизмот започнал да се зајакнува и со тек на времето станала најголема религија во државата. Иако Кмерската Империја својот најголем подем го имала до 13 век, сепак таа била значаен политички елемент сè до 15 век. Центар на Кмерската Империја бил Ангкор, каде се граделе и наоѓале неколку главни града на Империјата. Според проценките, во тоа време Ангкор можел да опстојува и со милион жители.[21] Ангкор, најголемата пред-индустриска населба во светот,[22] и Ангкор Ват, најпознатиот и најпосетуван храм во Камбоџа, биле и се значајни сегменти во камбоџиската историја и цивилизација.

Црн период

После долг период исполнет со војни со соседните кралства, Ангкор потпаднал под власт на Кралството Ајутаја и бил напуштен во 1432 година поради еколошки причини и пропаст на инфраструктурата.[23][24] Кралското семејство и кралскиот двор се преселил во Ловек, каде краток период се одржала одредена независност на чело со кмерскиот крал. По овој краток период, повторно продолжиле војните со Ајутаја кои резултирале со губење на уште голем дел од територијата. Во 1594 година Ловек потпаднал под целосна окупација. Во следните три века, Кмерското Кралство било вазалско кралство на Кралството Ајутаја и на виетнамскиот крал.

Француска Индокина

Кралот Нородом Камбоџиски.

Во 1863 година, кралот Нородом Камбоџиски, кој бил инсталиран од страна на Тајланд[25], побарал заштита од Франција поради зачестените тензии помеѓу Тајланд и Виетнам. Во 1867 година, тајландскиот крал потпишал договор со Франција кога се прогласило сизеренство врз Камбоџа, а Тајланд поради тоа во замена ги зазел териториите на покраините Батамбанг и Сием Реап. Овие покраини се вратиле под власт на Камбоџа со пограничниот договор помеѓу Франција и Тајланд во 1906 година.

Камбоџа останала под француска контрола од 1836 до 1953 година, иако во периодот од 1941 до 1945 била под јапонска контрола.[26] По смртта на кралот Нородом во 1904 година, Франција манипулирала со изборот на новиот крал и братот на Нородом, Сисват, бил прогласен за нов крал на Камбоџа. Тронот на Камбоџа бил празен во 1941 година кога умрел кралот Монивонг, син на Сисоват, и Франција не дозволила синот на Монивонг да биде прогласен за крал бидејќи се плашела дека тој сака да ја види Камбоџа како слободна земја. Наместо него, како крал на Камбоџа бил прогласен внукот на Сисоват кој имал само 18 години. Французите го крунисале Нородом Сиханоук бидејќи мислеле лесно ќе го контролираат[26], но тие се излажале и под негово владеење Камбоџа се стекнала со независност на 9 ноември 1953 година.[26]

Независност и Виетнамската војна

Камбоџа станала уставна монархија кога на чело на државата бил кралот Нородом Сиханоук. Кога Француска Индокина ја предала независноста, Камбоџа официјално ја изгубила контролата на делатата на реката Меконг, бидејќи таа област била дадена под контрола на Виетнам. Оваа област била контролирана од Виетнамците од 1698 година кога кралот Чеј Чета II дал дозвола на Виетнам за доселување на народот.[26]

Средбата на Нородом Сиханоук во Пекинг. На сликата се и Мао Цетунг и Лиу Шаоки.

Во 1955 година, Сиханоук се откажал од кралскиот трон, кој го презел неговиот татко, и станал премиер на Камбоџа. По смртта на неговиот татко во 1960 година, Сиханоук повторно станал крал на Камбоџа, но овој пат со титула Принц на Камбоџа. Како што се развивала Виетнамската војна, Сиханоук прогласил политика на неутралсност за време на Студената војна, иако се знаело дека бил симпатизер на комунизмот. За време на неговата посета на Пекинг во 1970 година се случил државниот удар во Камбоџа предводен од пермиерот и генерал Лон Нол, подржан од САД. Кралот побарал веднаш да се отфрли власта во Камбоџа која била подржана од САД, но после ова следела граѓанската војна во Камбоџа.[27] Многу наскоро припадниците на Црвените Кмери се приклучиле кон подршката за кралот, но нивната намера била сосема друга.

Помеѓу 1969 и 1973 година, кога САД воделе војна во Јужен Виетнам, на краток период САД навлегле и во Камбоџа со намера да ги соборат комунистичките органи во Северен Виетнам и Камбоџа.[28] Околу два милиони Камбоџанци избегале и се населиле во Пном Пен. Бројката на настрадани Камбоџанци за време на бомбардирањето не сосема позната. Според Воздухопловната седма единица на САД, бомбардирањата го спречиле потпаѓањето на Пном Пен под контрола на Црвените Кмери.[29] Спротивно на тоа, новинари кои се занимавале со оваа проблематика тврдат дека во рамките на Црвените Кмери имало и обични граѓани кои насилно биле регрутирани, како резултат на американските бомбардирања.[30]

Период на Црвените Кмери

Како што војната завршувала, така американските воени експерти забележале дека во Камбоџа започнала да се шири глад, кога околу 75% од живата стока била уништена, а сеидбата и жетвата на ориз не ни биле планирани.

Жртви на Црвените Кмери. Низ земјата има голем број масовни гробници, а денес меморијални центри за овој темен период од камбоџанската историја.

Црвените Кмери стигнале во Пном Пен и ја презеле контролата на градот во 1975 година. Црвените Кмери биле предводени од Пол Пот и името на државата било официјално променето во Демократска Кампучија. Властите веднаш го евакуирале градот и населението го испратиле во руралните области каде се одвивале работнички проекти. Тие се обиделе да го обноват земјоделието на Камбоџа според модел од 11 век. Покрај тоа, тие воопшто не воделе грижа за медицината, уништувале храмови, библиотеки и сè што се сметало за дел од западната култура. Околу еден милион Камбоџанци, од вкупно осум милиони, умреле од замор, глад и болести.[31]

Меморијален центар каде се сместени дел од остатоците од жртвите во Камбоџа.

Проценките за тоа колку луѓе умреле од власта на Црвените Кмери варира од еден до три милиони жители.[32][33] Оваа ера од историјата на Камбоџа е позната по теминот Полиња на смртта, додека затворот Туол Сленг бил симбол на смртта и симбол за масивните убиства во Камбоџа. Стотици граѓани пребегале во соседен Тајланд за да се спасат од смртоносната власт во Камбоџа. Власта најмногу обрнала внимание, во негативна смисла, кон етничките малцинства. Така, Чамите најмногу страдале и околу половина од Чамите умреле.[34] Во средината на 1960-те години околу 425.000 Кинези живееле во Камбоџа, но како резултат на власта во 1984 година останале живи само 61.400 Кинези.[35]

Падот на Црвените Кмери

Во ноември 1978 година, виетнамските трупи навлегле на територијата на Камбоџа.[36] Народна Република Кампучија била набрзо основана, предводена од партијата Кампучиски Обединет Фронт за Национален Спас, кои пак биле во тесна соработка со СССР.

Три години по навлегувањето на Виетнамците, Камбоџа била додатно поделена на три дела, владеена од „коалициска власт“ составена од Црвените Кмери и Кмерскиот Народен Национален Ослободителен Фронт. Претставник во ООН биле Црвените Кмери.[37][38]

Низ 1980-те години Црвените Кмери, подржани од Тајланд, САД[39][40] и Обединетото Кралство[41] продолжиле да ја контролираат земјата и нападнале територии кои не биле под нивна власт.

Овие напади кои ги вршеле Црвените Кмери довеле до целосни економски санкции кон земјата[42] од страна на САД и нивните приврзаници. Мировните преговори започнале во Париз во 1989 година, кои завршиле две години подоцна во 1991 година. ООН имал мандат каде се водела грижа за бегалците и разоружувањето. Овој мандат е познат како Транзициска власт на ООН во Камбоџа.[43]

Обновување на монархијата

Во последните години, во Камбоџа се појавиле напори за создавање на стабилна политичка атмосфера во рамките на уставнка повеќепартиска монархија.[44] Така, во 1993 година, Нородом Сиханоук бил вратен на престолот како Крал на Камбоџа. Стабилноста на политичката сцена се одржала, иако во 1997 година имало државен удар во Камбоџа[45] Денешен крал на Камбоџа е Нородом Сихамони, кој го презел тронот по смртта на неговиот татко Нородом Сиханоук.

Географија и клима

Карта на Камбоџа.
Географија

Камбоџа има вкупна површина од 181.035 километри квадратни и лежи во тропскиот појас. Државата се граничи со Тајланд на север и запад, со Лаос на североисток и со Виетнам на исток и југоисток. На југ излегува на Тајландскиот залив и има брег од 443 километри.

Карактеристично за камбоџискиот релјеф е тоа што тој е во голем дел составен од рамнини и висорамнини, остатоци од некогашно големо езеро. Ова овозможува да има влажна и плодна почва. Над 75 % од државата е пониска од 100 метри надморска висина, со исклучок на планините Кардамом кои имаат највисока точка од 1.813 метри и планините Дамреи. Највисока точка во Камбоџа е Пном Аорал со висина од 1.813 метри.

Клима

Климата на Камбоџа, како и остатокот од Југоисточна Азија, е карактеристична по појавувањето на монсуните, кои се познати по влажноста и сушата во зависност од сезоната кога се појавуваат.

Просечната температура на Камбоџа се движи од 21 до 35 степени. Монсуните во југозападниот дел од државата се движат од морето кон копното и носат голема влажност и се појавуваат од мај до октомври. Североисточните монсуни се појавуваат во сушните сезони кои траат од ноември и март. Најсушен период во државата е во јануари и февруари. Влажната сезона е карактеристична по тоа што најниската температура може да падне до 22 степени. Од другата страна пак, сушната сезона може да има температура и до 40 степени. Најдобрите месеци за посета на Камбоџа, од туристичка гледна точка, се од ноември до јануари. Скоро секоја година има поплави во државата, но со намален интензитет и опасност по населението.

Индискиот слон е главниот вид слон кој се среќава во Камбоџа.
Флора и фауна

Камбоџа има шаренолика флора и фауна. До денес, во државата се забележани околу 212 видови цицачи, 536 видови птици, 240 видови влечуги, 850 видови слатководни риби и околу 435 видови риби во солена вода. Голем дел од оваа флора и фауна е сконцентрирана во и околу регионот на езерото Тонле Сап.[46] Биосферата околу езерото Тонле Сап е уникатен еколошки феномен. Регионот е составен од езерото каде се протегаат околу девет од покраините на земјата и во 1997 година станало дел од биосферските резервати на УНЕСКО.[47] Покрај овој регион, значајни се и посушните шуми во покраините Мондолкири и Ратанакири, но и екосистемот на планините Кардамом каде се наоѓаат два национални парка и природни животински прибежишта.

Камбоџа е земја која доживеала најголем процент на опустошување на шумите. Така, во 1969 година Камбоџа располагала со шуми од околу 70%, за да во 2007 година овој процент изнесува 3.1 Вкупно гледано, Камбоџа загубола 25.000 километри квадратни шума, нешто помалку од вкупната територија на Македонија. [48]

Политички систем

Податотека:Nationalassembly pp.jpg
Зградата на Националното собрание на Камбоџа.

Политиките на Камбоџа, официјално според уставот од 1993 година, се одвуваат во рамките на уставна монархија оперирана од парламентарна претставника демократија. Премиерот на Камбоџа е претседател на владата, кој исто така е на чело на повеќепартискиот систем. Како шеф на државата, во Камбоџа е кралот.

Премиерот на Камбоџа е назначен од кралот, одлука која ја донесува според совет и одобрување од Националното собрание на Камбоџа. Премиерот и неговиот кабинет на министри ја вршат извршната власт во државата. Законодавната власт во земјата е во рацете на Националното собрание на Камбоџа и на Сенатот на Камбоџа.

На 14 октомври 2004, кралот Нородом Сихамони бил избран за нов крал на Камбоџа од страна на специјален совет составен од девет членови. Нородом Сихамони го наследил неговиот татко Нородом Сиханоук, кој умрел една седмица пред официјалното преземање на тронот од страна на новиот крал. Нородом Сихамони официјално го презел тронот на 29 октомври 2004 година во Пном Пен.

Воени сили

Кралските воени сили на Камбоџа се составени од Кралската војска на Камбоџа, Кралската морнарица на Камбоџа и Кралските воздухопловни сили на Камбоџа. Камбоџискиот крал е врховен командант на воените сили во земјата, додека премиерот Хун Сен е главен командант. Реформите кои се спровеле во 2000 година биле голем чекор кон реорганизацијата на камбоџиските сили. Министерството за одбрана на Камбоџа формирало три посеби департмани одговорни за финансиските, техничките, одбрамбените и материјалните средства на воените сили. Генерлштабот не претрпел никакви промени. Моментален министер за национална одбрана на Камбоџа е Теа Бан, кој е на таа функција уште од 1979 година.

Надворешни односи

Храмот Преах Вихаер е главната причина за камбоџиско-тајландското несогласување.

Камбоџа е член на ООН, Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд. Исто така, Камбоџа е член на Азиската банка за развој, Асоцијацијата на југоисточни азиски нации и на 13 октомври 2004 година станала член на Светската трговска организација.

Камбоџа има воспоставено дипломатски односи со поголем број држави, владата прогласила дека има дваесет амбасади во државата.[49] од Азија, Европа, Северна Америка и Океанија.[50] Како резултат на воспоставените дипломатски односи, различни хуманитарни организации дале свој придонес при давање помош на камбоџиското општество.

Иако тешките и насилни години на Камбоџа се минато, сепак денес сè уште постојат неколку погранични спорови со соседите. Така, има неколку несогласувања околу крајбрежните острови на границата со Виетнам и постои неодредена понморска граница со Тајланд.

Камбоџиско-тајландското несогласување официјално започнало во јуни 2008 година, но овој спор трае многу векови наназад. Главниот проблем за спорот меѓу овие две земји е храм од 11 век, Преах Вихеар, кој се меѓу покраината Преах Вихеар во северна Камбоџа и покраината Сисакет во Тајланд. Според Тајланд, демаркацијата на границата сè уште не е завршена според одредбата на Меѓународниот суд за правда.[51]

Административна поделба

Главниот град и покраините се првото ниво на административна поделба на територијата на Камбоџа. Камбоџа е поделена на 23 покраини и главниот град. Второстепената поделба на територијата е составена од општини и окрузи. Покраините се поделени на 26 општини и 159 окрузи. Главниот град е поделен на 8 комуни.

Покраини

  1. Бантеај Меанчеј (បន្ទាយមានជ័យ)
  2. Батамбанг (បាត់ដំបង)
  3. Кампонг Чам (កំពង់ចាម)
  4. Кампонг Чханг (កំពង់ឆ្នាំង)
  5. Кампонг Спеу (កំពង់ស្ពឺ)
  6. Кампонг Том (កំពង់ធំ)
  7. Кампот (កំពត)
  8. Кандал (កណ្តាល)
  9. Кох Конг (កោះកុង)
  10. Кеп (កែប)
  11. Кратие (ក្រចេះ)
  12. Мондулкири (មណ្ឌលគីរី)
  1. Одар Меанчеај (ឧត្តរមានជ័យ)
  2. Паилин (ប៉ៃលិន)
  3. Пном Пен (ភ្នំពេញ)
  4. Сиханоуквил (ក្រុងព្រះសីហនុ)
  5. Преах Вихеар (ព្រះវិហារ)
  6. Пурсат (ពោធ៌សាត់)
  7. Преј Венг (ព្រៃវែង)
  8. Ратанакири (រតនគីរី)
  9. Сием Реап (សៀមរាប)
  10. Стунг Тренг (ស្ទឹងត្រែង)
  11. Свај Риенг (ស្វាយរៀង)
  12. Такео (តាកែវ)


Големина на покраини и градови

Ват Пном во Пном Пен.
Езеро во Тонле Сап.
Езеро во Ратанакири.
Број Град или покраина Површина
km²
1 Пном Пен 290
2 Кандал 3.568
3 Такео 3.563
4 Кампонг Чам 9799
5 Кампонг Том 13.814
6 Сием Реап 10.299
7 Преах Вихеар 13.788
8 Одар Меанчеај 6.158
9 Бантеај Меанчеј 6.679
10 Батамбанг 11.072
11 Паилин 803
12 Пурсат 12.692
13 Кампонг Чнанг 5.521
14 Кампонг Спеу 7.017
15 Кох Конг 11.160
16 Сиханоуквил 868
17 Кампот 4873.2
18 Кеп 335.8
19 Преј Венг 4.883
20 Свај Риенг 2.966
21 Кратие 11.094
22 Стунг Тренг 11.092
23 Ратанакири 10.782
24 Мондулкири 14.288
25 Тонле Сап 3.000
Вкупна површина 181.035 km2

Економија

Одгледувањето ориз е главен извор на приход на голем број Камбоџанци.

БНП по глава на жител на Камбоџа во последно време се зголемува, но сепак е помало во споредба со останатите држави во регионот. Повеќето рурални домаќинства се зависни од земјоделството и неговите сектори. Главни продукти за извоз на Камбоџа се оризот, рибата, облеката и гумата. Меѓународниот истражувачки институт за ориз, преку своето седиште на Филипините, вовело дополнителни 750 видови на ориз во Камбоџа.[52]

Во 1987 година, австралиската влада му помогнала на Институтот за да се подобри производството на ориз во Камбоџа. До 2000 година, Камбоџа имала доволно производство на ориз за своите потреби.[53] Покрај оризот, во Камбоџа фармерите се охрабруваат да одгледуваат и останати култури, но сега за сега бројот на фармери кои одгледуваат останати земјоделски култури е значително помалав во споредба со оризот.

Опоравувањето на камбоџиската економија било отежнато во 1997/ 1998 година поради регионалната економска криза, граѓанските немири и политичката нестабилност. Во овој период и странските инвестиции и туризмот драстично се намалиле. Од тогаш, опоравувањето и развојот е рамномерен. 1999 година била прва година од последните 30 кога имало целосен мир и се забележал пораст од 5.0%.

Покрај поплавите кои се случиле во Камбоџа, во 2000 БНП пораснал за 5.0%, во 2001 за 6.3% и во 2002 за 5.2%. Најбрзорастечка економска гранка во Камбоџа бил туризмот. Во 2004 година инфлацијата била 1.7%, порастот за 5% и извозот изнесувал 1.6 милиони американски долари.[54]

Постарото население во Камбоџа се соочува и со проблемот на недоволна писменост, додека руралните предели се соочуваат со недоволноразвиена инфраструктура. Странските инвестиции и странската помош биле забавени поради корупцијата во земјата и немањето гаранции за стабилна политичка сцена. Сепак, забележано е дека во земјата има донатори, па така директните донации во земјата во 2004 година изнесувале 504 милиони долари.[55]

Демографија

Будизмот е најголема религија во Камбоџа.

Околу 90% од населението на Камбоџа се Кмери. Покрај Кмерите, во Камбоџа живеат и малцински заедници како што се Кинезите, Виетнамците, Чамите и Кмер Лоеуците.[56]

Мајчин јазик на доминантната етничка група во Камбоџа е кмерскиот јазик, кој е и официјален јазик во државата. Кмерскиот јазик е дел од групата на австронезиски јазици. Пред добивањето на камбоџиската независност, официјален јазик на таа територија бил францускиот јазик, кој бил официјален јазик во цела Француска Индокина. Денес, само постарите Камбоџанци го зборуваат овој јазик. Покрај тоа, францускиот јазик може да се сретне и во камбоџиското образование, поточно во училишта и универзитети основани од Франција. Како остаток од колонијалниот период, во Камбоџа се развил камбоџански француски дијалект, кој поретко се користи и во владините институции. Како и да е, голем број млади Камбоџанци го изучуваат и англискиот јазик, како еден од најзборуваните јазици во светот. Во големите центри и познати туристички места, доста се зборува англискиот јазик. Англискиот јазик е и јазик кој се изучува во камбоџанските училишта.

Религија
религија процент
Будизам
  
96 %
Ислам
  
2 %
Христијанство
  
2 %

Најголема религија во Камбоџа е Теравада будизмот, кој го следат околу 96% од вкупното население на државата. Будизмот не бил сосема забранет за време на комунистичкото управување на земјата, но својот подем како диминантна религија го стекнал по падот на Црвените Кмери. Покрај будизмот, во Камбоџа има околу 2% ислам и околу 2% христијанство.[57]

Граѓанската војна и последиците од истата имале силно влијание врз демографската слика на државата. Така, околу 50% од вкупното население на Камбоџа е помладо од 22 години. Камбоџа има голем разлика во поглед на полот на населението, па така сразмерот е 0.96 мажи/ жени.[58] Во поглед на населението постаро од 65 години сразмерот жени/мажи е 1.6:1.[55]

Според извештајот на УНИЦЕФ, Камбоџа е третата земја во светот со најмногу инсталирано мини,[59] посочувајќи околу 60.000 смртни случаево и илјадници повредени од неекслопирани мини од 1970 година.[60] Поголем број од жртвите се деца кои одгледуваат или пасат животни или пак деца кои играат по полињата.[59] Бројот на смртни случаеви на новороденчиња во Камбоџа се намалува, односно во 1993 година имало 115 случаеви на 1000 новороденчиња, а во 1998 имало 89.4 на 1000 новороденчиња.[61]

Култура

Ангкор Ват е главена туристичка атракција и симбол на Камбоџа.

Разни фактори придонесувале за културата Камбоџа вклучувајќи ги теравада будизмот, францускиот колонијализам, хиндуизамот, ерата Ангкор, и модерната глобализација. Во Министерството за култура и ликовна уметностна Камбоџа е задолжено за промоција и развој на камбоџиската култура. Камбоџиската култура не само што ја вклучува културата на низиното етничко мнозинство, кмерско, но исто така, на уште некои 20 културно различни племиња кои се познати под терминот Кмер Лоеу, поим измислен од Нородом Сиханоук за да се означи единство помеѓу камбоџиското население.

Изведба на најпопуларниот танц апсара.

Руралните Камбоџанци носат марама наречена крама која е уникатен аспект на камбоџиската облека. Камбоџиската култура има карактеристични стилови на танц, архитектура и скулптура, кои биле разменети со соседните Лаос и Тајланд низ историјата. Ангкор Ват (Angkor значи „град“ и Wat „храм“) е најдобро зачуван пример на камбоџиската архитектура од ера ан Ангкор и стотици други храмови се откриени во и околу регионот.

Бон Ом Теук или „Фестивал на трка со бродови“ е годишен натпревар во трка со бродови со веслање и е најпосетуван камбоџански фестивал. Овој фестивал се одржува на крајот на дождливата сезона, кога реката Меконг почнува да го губи нивото на водата. Околу 10% од камбоџанското население учествува на овој настан, при што се оддава почит на месечината, се проследуваат огномети и секако се зема активно или пасивно учество во трката.[62] Покрај овој настан, во Камбоџа се популарни и борбата со петли и фудбалот. Бидејќи мнозинството население се будисти тие го следат и класичниот индиски календар по што ја слават и Камбоџанската Нова Година. Камбоџанската Нова Година е голем празник во државата и се паѓа во месец април.

Во поглед на камбоџанската кујна, како и во останатите држави во регионот, оризот и рибата се главни состојки во искраната. Потребата за риба и производи од риба за 2000 година во Камбоџа биле 20 килограми риба годишно по глава на жител.[63] Камбоџанската кујна се состои и од тропски овошја, супи и чорби. Глави состојки за подготвување на камбоџанските јадења се лукот, лимонот, сос од риба, соја сос, кари и останати зачини.

Традиционалната камбоџанска музика има долга традиција и датира уште од времето на Кмерската Империја. Кралските танци како што е апсара се икони на камбоџанската култура. Друг популарен танц во Камоџа е и ромвонгот.

Транспорт

Меѓубародниот аеродром во Сием Реап е најголем аеродром во државата.

Граѓанската војна и останатите немири кои се случиле во државата значајно го оштетиле камбоџанскиот транспорт, но со помош и донации од останати држави Камбоџа го подобрува својот транспорт според меѓународните стандардни.

Камбоџа има две големи железнички линии, односно вкупно поставени железнички линии од околу 612 километри.[64] Железничките линии се протегаат од Сиханоуквил од јужниот брег, преки Пном Пен до Сисопон. Моментално, само еден патнички воз оперира седмично од Пном Пен до Батамбанг.

Речниот сообраќај е значаен сегмент на камбоџанскиот транспорт, како денес така и во минатото. Така, во Камбоџа има околу 3.700 километри половна рута. Камбоџа има две главни пристаништа, Пном Пен и Сиханоуквил, но опстојуваат уште пет помали простаништни центри. Пном Пен и речното корито околу него е единственото речно пристаниште и рута кои можат да опслужат бродови од 8.000 тони преку дождлива сезона, или бродови од 5.000 тони преку сушна сезона.

Патниот сообраќај е исто така во подем во Камбоџа, но сепак велосипедите се доста диминантни во секојдневието на Камбоџанците.[65] Државата има четири комерцијални аеродроми. Аеродромот во Пном Пен е втор најголем аеродром во државата, додека најголем аеродром е аеродромот во Сием Реап. Останатите два се во Батамбанг и Сиханоуквил.

Галерија

Наводи

  1. Department of Economic and Social Affairs Population Division (2009). „World Population Prospects, Table A.1“ (PDF). 2008 revision. United Nations. Посетено на 2009-03-12. line feed character во |author= во положба 42 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Cambodia“. International Monetary Fund. Посетено на 2010-04-21.
  3. „Human Development Report 2009. Human development index trends: Table G“ (PDF). The United Nations. Посетено на 2009-10-05.
  4. „General Population Census of Cambodia 2008 – Provisional population totals“ (PDF). National Institute of Statistics, Ministry of Planning. September 3, 2008. Посетено на 2009-06-22.
  5. „Microsoft Word - Full report FINAL FOR CONSULTATION.doc“ (PDF). Посетено на 2009-08-11.
  6. Elizabeth Sanchez-Lacson (May 30, 2008). „San Miguel eyes projects in Laos, Cambodia, Myanmar“. Philippine Daily Inquirer. Посетено на 2009-03-03.
  7. Ek Madra (January 19, 2007). „Cambodia hopes to start oil production in 2009“. Reuters. Посетено на 2009-03-06.
  8. Casey, Robert. Four Faces of Siva. Indianapolis: Bobbs-Merrill Company, 1934, p 88-100.
  9. 9,0 9,1 9,2 Miriam Stark (2005). „Pre-Angkorian and Angkorian Cambodia“ (PDF). Во Glover, Ian; Bellwood, Peter S. (уред.). Southeast Asia: from prehistory to history. Routledge. ISBN 978-0415391177.
  10. Tranet, Michel (2009-10-20). „The Second Prehistoric Archaeological Excavation in Laang Spean (2009)“. Посетено на 2009-11-17.
  11. „The Oldest Ceramic in Cambodia's Laang Spean (1966–68)“. 2009-10-20. Посетено на 2009-11-17.
  12. Charles Higham (1989). The Archaeology of Mainland Southeast Asia. Cambridge University Press. ISBN 978-0521275255., p.120
  13. Dougald J.W. O'Reilly; Angela von den Driesch; Vuthy Voeun (2006). „Archaeology and Archaeozoology of Phum Snay: A Late Prehistoric Cemetery in Northwestern Cambodia“. 45 (2). ISSN 0066-8435. Наводот journal бара |journal= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  14. „Research History“. Memot Centre for Archaeology. Посетено на 2009-02-06.
  15. Gerd Albrecht; и др. (2000). „Circular Earthwork Krek 52/62 Recent Research on the Prehistory of Cambodia“ (PDF). Asian Perspectives. 39 (1–2). ISSN 0066-8435. Посетено на 2009-11-15. Напосредна употреба на al. во: |author= (help)
  16. Charles Higham (2002-01). The civilization of Angkor. Phoenix. ISBN 978-1842125847. Занемарен непознатиот параметар |anno= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help), pp.13–22
  17. Country-Studies.com. Country Studies Handbook; information taken from US Dept of the Army. Retrieved July 25, 2006.
  18. Britannica.com. History of Cambodia.. Retrieved July 25, 2006.
  19. „Khmer Empire Map“. Art-and-archaeology.com. Посетено на 2010-06-27.
  20. Windows on Asia
  21. Metropolis: Angkor, the world's first mega-city, The Independent, August 15, 2007
  22. „Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America: A comprehensive archaeological map of the world's largest preindustrial settlement complex at Angkor, Cambodia“. Pnas.org. Посетено на 2010-06-27.
  23. Chandler, David P. "The Land and the People of Cambodia". 1991. HarperCollins. New York, New York. p 77
  24. Scientists dig and fly over Angkor in search of answers to golden city's fall, The Associated Press, June 13, 2004
  25. Chandler, D.P. (1993). A history of Cambodia (2nd ed.). Boulder, Colorado: Westview Press.
  26. 26,0 26,1 26,2 26,3 Kamm, Henry (1998). Cambodia: report from a stricken land. New York: Arcade Publishing. стр. 27. ISBN 1559704330. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Kamm“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  27. Sihanouk, Norodom (1973). My War with the CIA, The Memoirs of Prince Norodom Sihanouk as related to Wilfred Burchett. Pantheon Books.
  28. Shawcross, William (1987). Sideshow: Kissinger, Nixon and the destruction of Cambodia. United States: Touchstone.
  29. Shawcross, Sideshow p. 298.
  30. e.g. Chandler, David P. Pacific Affairs, vol. 56, no. 2, Summer 1983, p. 295.
  31. Kaplan, Robert D., The Ends of the Earth, Vintage, 1996, p. 406.
  32. Shawcross, William, The Quality of Mercy: Cambodia, Holocaust and Modern Conscience, Touchstone, 1985, pp. 115–116.
  33. Vickery, Michael, Correspondence, Bulletin of Concerned Asian Scholars, vol. 20, no. 1, January–March 1988, p. 73.
  34. The Cambodian Genocide and International Law, By Dr. Gregory H. Stanton, Presented February 22, 1992 at Yale Law School
  35. Cambodia the Chinese. Country Studies.
  36. CambodianGenocide.org.A Brief History of the Cambodian Genocide.. Retrieved July 25, 2006.
  37. „Yale University, ''http://www.yale.edu/cgp/thiounn.html''; accessed April 7, 2010“. Yale.edu. Посетено на 2010-06-27. Надворешна врска во |title= (help)
  38. „United Nations, ''http://disarmament.un.org/Library.nsf/d7ae8ea134b27b838525755c00537cf2/f5b3eb8b58ae67c7852575a100632a27/$FILE/A-40-PV69.pdf''; accessed April 7, 2010“ (PDF). Посетено на 2010-06-27. Надворешна врска во |title= (help)
  39. „Cato Institute, ''http://www.cato.org/pubs/pas/pa074.html''; accessed April 7, 2010“. Cato.org. Посетено на 2010-06-27. Надворешна врска во |title= (help)
  40. ''Khmer ruse. (U.S. aid to the Khmer Rouge)'' (editorial), The Nation, August 13, 1990“. Encyclopedia.com. 1990-08-13. Посетено на 2010-06-27.
  41. „TVNZ Interview with ex SAS operative, ''http://tvnz.co.nz/view/tvnz_smartphone_story_skin/123740''; accessed April 7, 2010“. Tvnz.co.nz. 2002-08-13. Посетено на 2010-06-27. Надворешна врска во |title= (help)
  42. „site, ''http://findarticles.com/p/articles/mi_m1584/is_n3_v3/ai_11875348/ US Department of State Dispatch''; accessed April 7, 2010“. Findarticles.com. 1992. Посетено на 2010-06-27. Надворешна врска во |title= (help)
  43. US Department of State. Country Profile of Cambodia.. Retrieved July 26, 2006.
  44. CIA – The World Factbook. Cambodia.. Retrieved September 13, 2009.
  45. UN OHCHR Cambodia [1] PDF (10.3 KB)
  46. Tonle Sap Biosphere Reserve: perspective 2000, Mekong River Commission (MRC), Mar 1 2003. Retrieved from TSBR website, 29/12/2008 [2]
  47. Complete list of biosphere reserves in pdf, Publication Date: 03-11-2008, retrieved from UNESCO website, 29/12/2008 [3]
  48. „Logging threatens Cambodian tragedy – UN“. Planet Ark. 2003-03-06. Посетено на 2010-06-27.
  49. Royal Government of Cambodia.
  50. Cambodia's Political Future: Issues for U.S. Policy
  51. The Nation Newspaper. Tuesday, August 5, 2008. VOLUME 33 NO 51950
  52. Jahn 2006,2007
  53. Puckridge 2004, Fredenburg and Hill 1978
  54. CIA Factbook. GDP per Capita rankings. Retrieved July 24, 2006.
  55. 55,0 55,1 CIA FactBook.. Retrieved September 9, 2006.
  56. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/cb.html
  57. Bureau of Democracy, Human Rights, and Labour of the US Department of State. International Religious Freedom Report 2005.. Retrieved July 24, 2006.
  58. CIA World Factbook
  59. 59,0 59,1 UNICEF. "The Legacy of Landmines". Retrieved July 25, 2006.
  60. PBS.org (July 25, 2003). Cambodia Land Mines.. Retrieved July 24, 2006.
  61. „WHO country cooperation strategy“ (PDF). World Health Organization. April 2001. Посетено на 2009-06-22.
  62. Government of Cambodia Webpage, Bonn Om Touk, the Water and Moon Festivals
  63. Earthtrends.org Cambodia Country Profile PDF
  64. „CountryData.com“. CountryData.com. Посетено на 2010-06-27.
  65. "Picking Up Speed: As Cambodia's Traffic Levels Increase, So Too Does the Road Death Toll", The Cambodia Daily, Saturday, March 9–10, 2002."

Поврзано

Надворешни врски

Влада
Општо