Македонско движење и српската пропаганда: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 48: Ред 48:


Барањето не било прифатено од страна на Великата порта.
Барањето не било прифатено од страна на Великата порта.

== Епилог ==


== Извори ==
== Извори ==

Преработка од 18:40, 1 октомври 2010

Македонското движење и српската пропаганда првите контакти ги остваруваат во средината на 70-те години на 19 век, а поголема заедничка соработка се забележува во текот на 80-те години на 19 век. До сорбаотка меѓу двете страни дошло поради отворениот Македонизам од страна на српската пропаганда, како и интересот на македонските дејци за помош против се повеќе засиленото настапување на бугарската црковно-просветната пропаганда во Македонија. Соработката меѓу двете страни траела до оној момент кога Македонците ги откриле вистинските намери на Белград и неговите пропагандисти

Причини

Странски пропаганди во Македонија
Поделба на Македонија по Букурешкиот договор.

По обединувањето на кнежеството Бугарија и Источна Румелија доаѓа до засилување на Бугарската пропаганда во Македонија. Српските владеачки кругови истакнале дека треба да се преземат енергични мерки за заштита на српските интереси во Македонија од налетите на Бугарите [1]. Биле преземени активности на различни нивоа, а тоа вклучувало и придобивање на Македонците на страната на Србија, а македонските дејци биле подготвени пак за соработка со секој кој би можел да им помогне да се трасира македонската идеја.

Српската националистичка пропаганда, со оглед на своите слаби позиции во Македонија, испратила свои најеминентни емисари со задача да ја проучат положбата во врска со натамошната дејност меѓу македонскиот народ. Во допир со македонскиот народ емисарите установиле дека нациоанлниот дух во Македонија стигнал до тој степен што и самиот Исус Христос да слезе од небото не може да го убеди Македонецот дека тој е Бугарин или Србин [2]

Затоа српската пропаганда решила да ги придобие Македонците и преку нив да се загрозат интерсеите на Софија и да се подобрат позициите на Белград во Македонија. За да се постави бариера пред бугарските навлегувања во Македонија, Србите ја подржале идејата дека:

најглавната работа е Македонија да се помакедончи

Концепт за Македонизмот

Стојан Новаковиќ

Македонизмот како концепт бил дооформен од Стојан Новаковиќ. Тој сметал дека: српската пропаганда ќе постигне најголем успех ако на бугаризмот му го спротистави македонизмот како етапа за сузбивање на бугарската пропаганда во Македонија. Тој оваа своја идеја и ја предложил во 1888 година на својата влада во Белград [2]. Истакнувајќи:

Бидејќи бугарската идеја, како што ни е познато, фати длабоки корени во Македонија, јас сметам дека речиси е невозможно сосем да се поколеба изнесувајќи ја спроти неа само српската идеја. Таа идеја, се плаша, нема да биде во сосотојба, како чиста и гола спротивност, да ја потисне бугарската идеја, па затоа на српската идеја ќе и биде помош некаков сојузник кој би бил остро против бугаризмот, а кој во себе би имал и елементи кои народот и народните чуства можат да ги повлечат со себе, отцепувајќи ги од бугаризмот. Тој сојузник го гледам во македонизмот или, во извесни мудро одбележани граници, во одгледување на македонскиот дијалект и македонската посебност. Нема ништо толку спротивно на бугарските тенденции како тоа. Со никого Бугарите не можат да дојдат во понепомирлива положба отколку со македонизмот

Со други зборови требало да се искористат патриотските чуства на Македонците против бугарската пропаганда и да се засилат позициите на Србите во Македонија.

Подршка за македонското движење

Уште во 1875 година во Белград на државна сметка бил објавен вториот речник на Ѓорѓија Пулевски, а со посредство на македонецот Димитар Алексиевич во 1879 година се започнало со издавањето на календарот Вардар. Овој календар бил пишуван на мешан српско-македонски јазик (галички говор), а преку него се настапувало против бугарската пропаганда во Македонија [2].

Во 1886 година српска пропаганда во Белград стапила во контакт со Коста Групче, Наум Евро, Васил Карајовов и Темко Попов, преставници на Тајниот македонски комитет. Тие ја изнеле својата програма во која побарале:

1) Отсранување на Бугарската егзархија од Македонија, која е носител на бугаризмот
2) Истакнување на национален индивидуалитет на македонскиот народ на Балканот
3) Обновување на Охридската архиепископија како самостојна црква во Македонија
4) Воведување на македонскиот јазик во училишната настав и администрација ов Македонија

И покрај фактот дека програмата и противречела на српската националистичка програма, сепак срспките пропагандисти таквата програма ја прифатиле сметајќи дека ќе ја легализираат својата дејност меѓу макеоднскиот народ и ќе го придобијат Тајниот македонски комитет.

Под покровителство на српската пропаганда, дел од дејците на Тајниот македонски комитет во 1886 година го формирале Друштвото Србо-Македонци од Цариград.

Во 1887 година во Цариград, Коста Групче и Наум Евро со посредство на српскиот дипломатски преставник Стојан Новаковиќ, од Великиот везир побарале издавање на Македонски лист[3]. Весникот требало да се издава на чист македонски дијалект[3] и би пропагирал дека:

нашата таковина нема ништо општо со околните државички... и избегнување и строго предупредување од нивните интриги [3]

Меѓу другото на Великиот везир му било истакнато:

... откако се роди бугарското црковно прашање, со него се фрли семето на раздор меѓу христијаните - раја, кое и донесе големи несреќи на нашата татковина, а според интригите на туѓите пропаганди, бевме на најлоша среќа да ја примиме бугарската народност , којшто за нас Македонците е сосема туѓа[3]


Барањето не било прифатено од страна на Великата порта.

Епилог

Извори

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет
  2. 2,0 2,1 2,2 Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Љ. Љапе, Одбрани текстови II дел