Јовица Тасевски - Етернијан: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: sr:Jovica Tasevski - Eternijan
Ред 58: Ред 58:
[[hr:Jovica Tasevski - Eternijan]]
[[hr:Jovica Tasevski - Eternijan]]
[[pl:Jovica Tasevski-Eternijan]]
[[pl:Jovica Tasevski-Eternijan]]
[[sr:Jovica Tasevski - Eternijan]]
[[sv:Jovica Tasevski-Eternijan]]
[[sv:Jovica Tasevski-Eternijan]]

Преработка од 04:45, 25 септември 2010

Јовица Тасевски - Етернијан
Роден Јовица Тасевски
25 јули 1976
Скопје, Република Македонија
Занимање македонски поет, есеист, критичар и преведувач.

Јовица Тасевски - Етернијан (роден на 25 јули 1976 год. во Скопје, Република Македонија) е македонски поет, есеист, критичар и преведувач. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Работи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Уредник е на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ - Прилеп. Стручен советник е за македонска поезија на директорот на меѓународниот поетски проект „The Other Voices“ - антологија на светската поезија која е вклучена во референтната листа (World Poetry Directory) на УНЕСКО.[1][2][3][4][5] Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, Британското поетско друштво (The Poetry Society)[6][7][8][9] и Светското поетско друштво.[10] Ја има добиено индиската поетска награда „Инчентин поет“ („Восхитувачки поет“) што се доделува за исклучителен придонес во современата поезија.[11]

Литературно творештво

  • „Нешто се слуша“ (поезија, 1995)
  • „Визии. Глагол“ (поезија, 1997)
  • „Веда“ (поезија, 1998)
  • „Постојното, плимата“ (книжевни критики, есеи и студии, 2000)
  • „Клатно“ (поезија, 2001)
  • „Небесни стражи“ (поезија, 2004)
  • „Посоки и огледи“ (книжевни критики, есеи и студии, 2006)
  • „Синтакса на светлината“ (поетски избор, том 91 во проектот „Македонска книжевност“, 2008)

Заедно со Маја Апостолоска го има составено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како специјален број на списанието Стремеж (11/12. 2000). Ја има составено и антологијата на младата македонска поезија „Неидентификувана небесна дојка“ (2001).

Врз основа на неговата поезија во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ - Велес беше изведена претставата „Небесни стражи“ во режија на Весна Димитровска (2005).

Неговата поезија е застапена во повеќе антологии и преведена е на англиски, руски, полски, романски, грчки, српски, хрватски и словенечки јазик.

Надворешни врски

„Небесни стражи“ од Јовица Тасевски - Етернијан

Блог на Јовица Тасевски - Етернијан

Извори

Предлошка:МакЛит