Анатомија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: pnb:اناٹومی
с Бот Менува: qu:Kurkumanta yachay
Ред 90: Ред 90:
[[kaa:Anatomiya]]
[[kaa:Anatomiya]]
[[ro:Anatomie]]
[[ro:Anatomie]]
[[qu:Kurku yachay]]
[[qu:Kurkumanta yachay]]
[[ru:Анатомия]]
[[ru:Анатомия]]
[[sah:Анатомия]]
[[sah:Анатомия]]

Преработка од 14:01, 20 септември 2010

Анатомијата (од грчки: ana tomia - одстранување на делови-органи и ткива надвор од телото; вадење) е биолошка наука која се занимава со проучување на структурите на организмот, или поточно, градба на живиот организам.

Анатомски (или претежно анатомски) дисциплини се миологија - наука за мускулите, остеологија - наука за коските, артрологија - наука за зглобовите, спланхнологија - наука за внатрешните органи и слично. Според предметот на проучување (растение или животно), анатомијата се дели на анатомија на растенијата, анатомија на животните и анатомија на човекот.

Анатомијата е комплексна наука и се состои од макроскопска анатомија, микроскопска анатомија или хистологија и ембриологија.

  • Целта на проучување на макроскопската анатомија се деловите од организмот што се гледаат со голо око (на пример, органи итн.)
  • Целта на проушување на микроскопската анатомија е структурата на организмот којашто не може на да се види под голо око, а со електронски или светлосен микроскоп (на пример, градба на ткивата, мироскопска градба на органите итн.)
  • Целта на ембриологијата е да ја проучи нормалната градба на организмот од зачнувањето до раѓањето - partus)

Анатомијата се дели и на:

  • Системска анатомија - ги проучува структурите на организмот организирани во системи
  • Топографска анатомија - ја проучува положбата на структурите во организмот во однос на другите структури
  • Клиничка анатомија - ја изучува специфичната градба на организмот за потребите на клиниката, најмногу на хирургијата

Методот којшто го користи анатомијата за истражување и изучување на градбата на организмот е дисекцијата. Тоа е многу стар метод, којшто го воведува таткото на медицината-Хипократ. Името означува режење, расечување, сечење. Преку дисекцијата се сечат и вадат органи од организмот, којшто претходно се подготвува по специјални методи и се фиксира, така што на тој начин најдобро се учи и се увидува положбата на органите (крвните садови, нервите итн.) во организмот.