Бели дробови: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: be-x-old:Лёгкія
с Никогаш не сум слушнал за ,,плуши‘‘, туку за плуќи
Ред 2: Ред 2:
[[Податотека:heart-and-lungs.jpg|мини|десно|230px|Белите дробови го опкружуваат срцето и крвните садови во градниот кош. <small>(Извор: ''[[Грејова анатомија на човечкото тело]]'')</small>]]
[[Податотека:heart-and-lungs.jpg|мини|десно|230px|Белите дробови го опкружуваат срцето и крвните садови во градниот кош. <small>(Извор: ''[[Грејова анатомија на човечкото тело]]'')</small>]]


'''Белите дробови''' ([[латински јазик|лат.]] ''pulmo''), познати и под говорниот израз '''плуши''', се главните [[орган]]и за [[дишење]] кај [[цицач]]ите и повеќето други [[‘Рбетници|‘рбетници]]. Тоа се парни органи со розева боја, обвиткани со мембранозна обвивка наречена [[плевра]]. Во нив навлегуваат [[Бронхија|бронхиите]] кадешто завршуваат со [[Алвеола|алвеоли]]. Белите дробови го опкружуваат [[срце]]то и [[Крвни садови|крвните садови]] во [[Граден кош|градниот кош]].
'''Белите дробови''' ([[латински јазик|лат.]] ''pulmo''), познати и под говорниот израз '''плуќи''', се главните [[орган]]и за [[дишење]] кај [[цицач]]ите и повеќето други [[‘Рбетници|‘рбетници]]. Тоа се парни органи со розева боја, обвиткани со мембранозна обвивка наречена [[плевра]]. Во нив навлегуваат [[Бронхија|бронхиите]] кадешто завршуваат со [[Алвеола|алвеоли]]. Белите дробови го опкружуваат [[срце]]то и [[Крвни садови|крвните садови]] во [[Граден кош|градниот кош]].


Основната функција на белите дробови е [[вдишување]] на [[кислород]] од [[атмосфера]]та во [[крв]]та и [[издишување]] на [[јаглерод диоксид]] од крвта во атмосферата. При вдишувањето тие се шират, додека при издишувањето се собираат. Размената на овие [[гас]]ови се одвива во алвеолите. Меѓутоа, белите дробови имаат и некои нереспираторни функции.
Основната функција на белите дробови е [[вдишување]] на [[кислород]] од [[атмосфера]]та во [[крв]]та и [[издишување]] на [[јаглерод диоксид]] од крвта во атмосферата. При вдишувањето тие се шират, додека при издишувањето се собираат. Размената на овие [[гас]]ови се одвива во алвеолите. Меѓутоа, белите дробови имаат и некои нереспираторни функции.

Преработка од 00:07, 14 септември 2010

Белите дробови го опкружуваат срцето и крвните садови во градниот кош. (Извор: Грејова анатомија на човечкото тело)

Белите дробови (лат. pulmo), познати и под говорниот израз плуќи, се главните органи за дишење кај цицачите и повеќето други ‘рбетници. Тоа се парни органи со розева боја, обвиткани со мембранозна обвивка наречена плевра. Во нив навлегуваат бронхиите кадешто завршуваат со алвеоли. Белите дробови го опкружуваат срцето и крвните садови во градниот кош.

Основната функција на белите дробови е вдишување на кислород од атмосферата во крвта и издишување на јаглерод диоксид од крвта во атмосферата. При вдишувањето тие се шират, додека при издишувањето се собираат. Размената на овие гасови се одвива во алвеолите. Меѓутоа, белите дробови имаат и некои нереспираторни функции.

Анатомија на белите дробови

Човечкиот респираторен систем започнува од носот и устата, каде што воздухот се внесува (вдишува) и изнесува (издишува). Воздушната цевка која се протега од носот се нарекува назофарингс. Цевката која го носи вдишаниот воздух од носот се нарекува орофарингс. Овие две цевки се спојуваат во душникот. Орофарингсот исто така ги транспортира проголтаните супстанции, како што е храна, вода и плунка кои мора да поминат низ дијафрагмата за да дојдат до желудникот. Душникот е заштитен со таканаречена врата која се нарекува епиглотис. Епиглотисот го спречува навлегувањето на проголтаните супстанции, како и на оние што се враќаат наназад (при повраќање), во душникот и во правец на белите дробови. Корисен метод за претставување на респираторниот систем е да се замисли дрво превртено наопаку. Душникот се спојува со трахејата, која е трупот на дрвото и воедно најширокиот дел од респираторниот систем. Трахеата се дели на два дела, леви и десни бронхии. Секоја од овие бронхии се разгранува на повеке помали бронхии, кои навлегуваат во ткивото на белите дробови. Секоја бронхија се дели на уште помали цевки, се до крајните бронхиоли. Воздушните кеси, во кои настанува размената на кислород-јаглерод диоксид, се наредени на краевите на бронхиолите во форма на ливчиња на дрво. Тие се нарекуваат алвеоли. Ткивото на белите дробови кое има само придружна функција за бронхиите, бронхиолите и алвеолите се нарекува белодробно крило.

Функција на респираторниот систем

Главната функција на респираторниот систем е да обезбеди кислород, најважниот извор на енергија за келииите на човечкото тело. Вдишаниот воздух (воздухот кој се внесува при процесот на дишење) содржи кислород, кој патува низ респираторниот систем до алвеолите. Кислородот се движи надвор од алвеолите и преку циркулација на крвта се пренесува до целото тело како дел од црвените крвни клетки. Кислородот во вдишаниот воздух се разменува во алвеолите за нус производот претставува остаток од човечкиот метаболизам, јаглерод диоксидот. Воздухот кој го издишувате содржи гас наречен јаглерод диоксид. Гасот излегува од алвеолите при издишување. Да се сумира ваквата размена на гасови би било дека, вдишувате кислород, издишувате јаглерод диоксид