Ласкеров шаховски учебник: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 37: Ред 37:
[[Категорија:Шаховски книги]]
[[Категорија:Шаховски книги]]
[[Категорија:1925 во шахот]]
[[Категорија:1925 во шахот]]
[[Категорија:Книги до 1925]]
[[Категорија:Книги од 1925]]


[[en:Lasker's Manual of Chess]]
[[en:Lasker's Manual of Chess]]

Преработка од 05:05, 8 септември 2010

Ласкеров шаховски учебник
Корица на книгата
АвторЕмануе Ласкер
Изворен насловLaskers Lehrbuch des Scachspiels
Земја Германско царство
Јазикгермански

Ласкеров шаховски учебник е шахвска книга од познатиот германски велемајстор и поранешен светски првак (1894-1921), Емануел Ласкер. Делото претставува одлично помагало, чијашто содржина се одликува со воведни објаснувања за шаховската игра, како и проучување и анализа на општите принципи, кои треба да се имаат предвид во текот на партијата. Самиот Ласкер има истакнато дека најголемо влијание врз создавањето на делото имаат теоретските принципи воведени од страна на на Штајниц, како и Стаунтоновото дело Прирачник за шахистот. Книгата е напишана на германски јазик, а првото издание било издадено во 1925 година.

Содржина

Содржината на делото е поделена во шест дела. Тоа се:

  • Дел I - Елементи на шахот
  • Дел II - Теорија на отворања
  • Дел III - Комбинација
  • Дел IV - Позициона игра
  • Дел V - Естетски ефект во шахот
  • Дел VI - Примери и модели

Првиот дел се однесува на општ опис на на шаховската игра. Во овој дел, исто така се опишани шаховската табла, шаховските правила и релативната вредност на шаховските фигури. Сепак, Ласкер пишувајќи го овој дел, веднаш ги споменал основите на шаховската стратегија и тактика, па така делот завршува со некои основни матови. Во овој дел е објаснета и дескриптивната шаховска нотација.

Делот насловен Теорија на отворања започнува со објаснување на основните принципи на играта во отворањето и на тоа како истата влијае на развојот на играта во средишницата и завршницата. Остатокот од содржината во овој дел се однесува на објаснување на познатите шаховски отворања, како и анализа на шаховски партии, во кои истите се среќаваат. Делот завршува со продлабочување на значењето на вредноста на пешаците, која постојано се зголемува со нивното движење по вертикалите, во однос на нивната почетна позиција.

Третиот дел или Комбинација се однсува на комбинационата игра, односно „тактиката“ во текот на шаховската партија. Објаснети се некои основни комбинации, кои имаат за цел да го претстават комбинацискиот стил на игра. Во овој дел, Ласкер обрнал многу внимание на тоа како комбинациите се пресметуваат, кои се основните мотиви за изведување на одредена комбинација, како и на подетална анализа на жртвите на фигури и проодните пешаци.

Четвртиот дел се однесува на позиционата игра и започнува со изнесување на разликите меѓу позиционата и комбинационата игра. Ласкер го објаснува значењето на создавањето на „план“, а истото го поткрепува со соодветни примери. Тој, исто така обрнува внимание и на различните предноси и слабости во позицијата, кои зависат од пешачката структура и синхронизацијата на фигурите. До крајот на делот, авторот издвоил простор за да ја криткува хипермодерната шаховска школа, поради непочитувањето на многу прифатени принципи на позиционата игра.

Во петтиот дел насловен Естетски ефект во шахот, Ласкер го објаснува ефектот што некои партии го имаат кај „гледачите“, односно аналитичарите и причината за различните мислења за различни партии. Во овој дел, тој обрнува внимание и на некои познати партии, како што се „бесмртната партија“ и „вечнозелената партија“ и за истите дава своја анализа и коментар.

Шестиот дел од книгата содржи голем број на илустративни партии со целосна анализа на секоја партија.

Книгата завршува со завршен дел, насловен Завршни размислувања, во кој Ласкер ги објаснува можностите за образование во светот „како страшна загуба на време и вредности“ и наведува дека „болеста“ е одговорна за потешкотииите со ко се соочиле многу шахисти, додека изучувале шах. Овде, тој ги вклучува и своите шпекулации за математиката и шахот, „физиката на натпреварувањата“ и веродостојноста на Штајницовите теории.