Вестминстер: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 16: Ред 16:
==Надворешни врски==
==Надворешни врски==
*[http://www.gardenvisit.com/travel/london/3_westminster.htm Прошетки низ Вестминстер - водич од книга] {{en}}
*[http://www.gardenvisit.com/travel/london/3_westminster.htm Прошетки низ Вестминстер - водич од книга] {{en}}


{{London Districts}}


[[Категорија:Вестминстер|*]]
[[Категорија:Вестминстер|*]]

Преработка од 00:53, 19 март 2007

Податотека:Westminster-lokacija.png
Местоположбата на Вестминстер во рамките на Голем Лондон
Британскиот парламент
Вестминстер во 1593 год.

Вестминстер (англ. Westminster) е реон во Централен Лондон, Англија, кој се наоѓа во рамките на Град Вестминстер. Тука се наоѓа Вестминстерската Палата како и Британскиот парламент.

Вестминстер се наоѓа југозападно од Град Лондон и 0.8 km југозападно од Черингскиот крст.

Историја

Историски името на местото се користело за околината на Вестминстерската опатија – Западниот Минстер (манастирска црква), по која овој регион го добил името – која е седиште на властите на Англија веќе илјада години. Името се користи и за поголемиот Град Вестминстер во кој од 1965 спаѓаат и некогашните околии Св. Мерилебон и Падингтон.

Историската срцевина на Вестминстер е некогашниот остров Торни на кој е изградена опатијата. Таа станала традиционалното место за крунисување на кралевите на Англија. Соседната Вестминстерска Палата станала главната кралска резиденција по норманските освојувања на Англија во 1066, а потоа била и дом на Парламентот и судовите во развој. Иако монархот има силно присуство во Град Лондон во облик на Лондонската Кула, тој впрочем не живеел таму (заради нечистата и нездрава околина). Така Лондон добил две засебни средишта – стопанско во Град Лондон и политичко/културно во Вестминстер, каде бил кралскиот двор. Оваа поделба е мошне очигледна и денес.

Подоцна монархијата се преселила во дворци по другите делови на градот, а судовите Кралските Судови, близу границата со Град Лондон. Овој реон и денес е административен центар, со Парламентот во Вестминстерската Палата, а реиси сите други владини институции во и околу Вајтхол. Така, зборот „Вестминстер“ се користи како кратенка за Парламентот и политичката заедница на Обединетото Кралство. Како резултат на тоа, зборот се користи и за таканаречениот Вестминстерски систем на парламентарно демократско управување кој се развбил тука. Овој систем е прифатен од разни земји, особено оние од Комонвелтот и други земји во состав на некогашната Британска империја.

Надворешни врски