Танц: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
D'ohBot (разговор | придонеси)
с Бот Додава: hu:Tánc
с Бот менува: филозоф... -> философ...
Ред 13: Ред 13:
- [[1000 година п.н.е.]] [[Кина|кинеските]] шамани со танц ги викале боговите се со цел тие да се симнат на земјата
- [[1000 година п.н.е.]] [[Кина|кинеските]] шамани со танц ги викале боговите се со цел тие да се симнат на земјата


- [[500-400 година п.н.е.]] [[Спарта|спартанците]] во рамките на воена обука имале и танц. Грчкиот филозоф [[Сократ]] тврдел дека:“ '''Најдобриот танчер е и воедно најдобриот војник'''„.
- [[500-400 година п.н.е.]] [[Спарта|спартанците]] во рамките на воена обука имале и танц. Грчкиот философ [[Сократ]] тврдел дека:“ '''Најдобриот танчер е и воедно најдобриот војник'''„.


- [[150 година п.н.е.]] римјаните ги затвориле сите танцови училишта. Римскиот конзул [[Цицерон]] тврдел дека “''ниту еден човек не танцува доколку не е луд''“.
- [[150 година п.н.е.]] римјаните ги затвориле сите танцови училишта. Римскиот конзул [[Цицерон]] тврдел дека “''ниту еден човек не танцува доколку не е луд''“.

Преработка од 16:21, 11 август 2010

Танцот (од Француски danser) e еден вид уметност што всушност е движење на телото, по некој ритам,[1] како еден вид емоционално изразување, друштвена интеракција или уметност претставена во душевна или изведена средина. Танцот е исто така користен за да се опише не вербална комуникација (говор на телото) помеѓу луѓето и животните.

Историја

- Околу 15 000 години п.н.е. пештерски цртежи од камена доба во Европа и Африка ги прикажуваат луѓето во положба која би можело да одговара на танц

- 3000-1000 година п.н.е. старите Египјани со обредни и церемониални танци ги почитувале боговите

- 1400 година п.н.е. танцувањето околу бик била омилена забава околу Крит. Луѓето танцувале скокајќи му на грб, од грб и меѓу рогови.

- 1000 година п.н.е. кинеските шамани со танц ги викале боговите се со цел тие да се симнат на земјата

- 500-400 година п.н.е. спартанците во рамките на воена обука имале и танц. Грчкиот философ Сократ тврдел дека:“ Најдобриот танчер е и воедно најдобриот војник„.

- 150 година п.н.е. римјаните ги затвориле сите танцови училишта. Римскиот конзул Цицерон тврдел дека “ниту еден човек не танцува доколку не е луд“.

- 400 година п.н.е. Кагура танцовите се изведуваат со верски пеења во јапонските светилишта. Танчарот бил следен од тапани, лимена музика.

- 1300 година во кралските сали ширум Европа се одржувале балови

- 1400 година масовни танци од Европа воделе до лудост а често и до транс. Во Италија на пример, со танцот тарантела се лекувале од каснување на отровниот пајак тарантула

- 1416 година бил објавен првиот европски прирачник за танцот “За уметноста на танцувањето и управувањето со хорови

- 1500 година е прикажана најстарата танцова претстава и облик на балет- Бало

- 1600 година во Италија бил создаден Катакали

- 1635 година францускиот крал Луј XIV настапувал како четиринаесет годишник во Ноќниот балет

- 1681 година на жените им било дозволено да танцуваат во балетот

- 1830 година романтичниот балет е во полн ек

- 1832 година Мари Талони била првата балерина која настапувала на врвовите на прстите

- 1870 година е претставен Канкан, во кој високо се дигаат нозете

- 1900 година Исодора Данкан станува првата современа танчарка која ги развива слободните облици на танц

- 1913 година, Нижински во балетот “Посветување на пролетта“ внесел значајни балетски претстави

- 1920-1930 година Степ, џез и многу друѓи видови на танц стануваат популарни

- 1927 година Рудолф фон Лабан го открива методот на бележење на балетските движења со геометриски слики

- 1930- 1940 година Џитербаг и џајв стануваат најпопуларни џез танцови

- 1933 година Тед Шон основал машка танчарска група за да ги претстави танчерите во полно светло, а не само како помагачи на танчерките

- 1945 година латиноамериканските самба, ча-ча-ча и калипсо влегуваат во кругот на афирмирани танци

- 1950-1960 година рокенролот се развива како општествен танц, главно шпмеѓу младите

- 1960-1970 во Њујорк се создава постмодерниот танц, кој е полн со експерименти и со импровизации

- 1970- 1980 година се развива дискотанцот, главно во Европа и САД

- 1980-1990 година е роден брејкденсот каде играчите се вртат на грб и глава и ги имитираат движењата на роботот

- 1990 година компанијата ДВ8 создава танц за телевизор и театар

Традиционални танци

Повеќето земји во светот си имаат по некој традиционален танц кој се развивал со години. Тие танци, често од верски или племенски обреди се развивале со сложени танцови облици со утврдени движења. Во многу култури, на пример танцувањето доведува до транс за да можат на тој начин да се комуницира со боговите. Во таа смисла можат да се изведуват и танци кои се многу опасни но кои во оваа состојба воопшто не им штетат.

Во Европа, многу традиционални танци водат потекло од верските обреди. На пример, играњето во круг води потекло од кружењето околу личноста која се почитувала.

Во источна Азија,традиционалните танци се дел од театарските драми, на пример кинеската опера. Јапонските гагаку и бугака се најстарите облици на традиционалните танци во светот.

Во Африка, традиционалните танци водат потекло од племенските обреди. Тука се танците во чест на Сонцето и Месечината, танци посветени на оружјето и.т.н.

Во Америка, домородците танцуваат на посебни свечености за да ја придобијат наклонетоста на духовите, предците или боговите.


Танчари на 20 век

- Мари Рамбер, полска учителка и танчерка која го основала Балетот Рамбер

- Маргон Фонтејн и Рудолф Нуреев, руси биле најславниот балетски пар во светот

- Вацлав Нижински, руски класичен танчер бил ѕвезда на Рускиот балет

- Артур Мичел, американец, го основал Танчерскиот театар на харлем


Танчерски рекорди

Најбрзото степнување го поставил англичанецот Стивен Гер, кој степнувал 32 пати во секунда во 1990 година.

Најдолгата конга била супер конгата во Мајами 1988 година. Во неа се вклучиле 119 986 луѓе.


Танчерски занимливости

- Во северна Африка стомачните танчерки се вреднуваат според начинот на кој ги движат рамениците

- Судиите на ирските натпревари во танцување на жигот седат под сцената за да ја оценат брзината и прецизноста на чекорите на танчерот

- Кејкволк е првиот афроамерикански танц кој го преземале и белите Американци. Се развил од танцовиот натпревар во кој обично наградата била колач.

Наводи