Асиметрична дигитална претплатничка линија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 35: Ред 35:
== АДСЛ стандарди ==
== АДСЛ стандарди ==
{| class="wikitable sortable"
{| class="wikitable sortable"
! class="unsortable"|Верзија || class="unsortable"|Назив || class="unsortable"|Обичен назив || Преземање || Подигање || class="unsortable"|Одобрен во
! class="unsortable"|Верзија || class="unsortable"|Назив на стандардот|| class="unsortable"|Употребен назив || Преземање || Подигање || class="unsortable"|Одобрен во
|-
|-
| ADSL || [[ANSI T1.413 Издание 2|ANSI T1.413-1998 Издание 2]] || ADSL || <span style="display:none">08,0</span>8,0 Мбит/сек || 1,0 Мбит/сек || 1998
| ADSL || [[ANSI T1.413 Издание 2|ANSI T1.413-1998 Издание 2]] || ADSL || <span style="display:none">08,0</span>8,0 Мбит/сек || 1,0 Мбит/сек || 1998

Преработка од 08:38, 10 август 2010

За АДСЛ врска потребна е порта. Модемот на сликата е воедно и точка на безжичен пристап.

Асиметрична дигитална претплатничка линија (англ. Asymmetric Digital Subscriber Line) или АДСЛ (ADSL) е облик на ДСЛ, технологија за комуникација на податоци која врши пренос на истите преку бакарна телефонска жица преку модем.

Разликата помеѓу АДСЛ-от и другите xДСЛ-и e во тоа што протокот на информации во една насока е поголем од протокот во друга, т.е. во тоа што е асиметричен. Затоа АДСЛ-от се користи за пасивно користење на интернет: со можност за брзо „преземање“, но не и подигање.

Постојат технички и маркетиншки причини зошто АДСЛ-от е чест вид на интернет насекаде. Од технички причини, поверојатно е да има интерференција од страната на други кола како ДСЛАМ (каде жиците од повеќе локални јазли се близу една од друга) отколку во просториите на корисниците. Затоа сигналот за подигање е најслабиот и најбучниот дел од локалниот јазол, додека преземачкиот сигнал е најјакиот и најбучниот дел. Затоа е технички издржано за ДСЛАМ-от да пренесува со поголема брзина одколку што пренесува модемот од другата страна. Бидејќи типичниот домашен корисник претпочита побрзо преземање, АДСЛ-от е полуларен колку што е.

Кај конвенционалниот АДСЛ, брзините на преземање почнуваат од 256 кбит/сек и типично достигаат до 8 Мбит/сек во рамките на 1.5 км од централата со ДСЛАМ опрема или далечнскиот терминал. Брзините на подигање почнуваат од 64 кбит/сек и типично достигнуваат до 256 кбит/сек, но може да достигнат до 1024 кбит/сек. Називот АДСЛ Лајт понекогаш се користи за побавни верзии. Забелешка: растојанијата се само проценки наменети за потрошувачите на АДСЛ услуги. Слабеењето на соодносот на сигналот и буката се главните карактеристики и можат да варираат тотално независно од растојанието (како на пр. не-бакарни кабли, дијаметар на каблите). Практичните перформанси зависат од претстојноста на линијата, која може динамички да се менува во зависност од временските прилики (за стари линии) или бројот и квалитетот на спојките и разводниците при дадена должина на кабел. Поновата варијанта се нарекува АДСЛ2 која дозволува поголема брзина на преземање до 12 Мбит/сек во радиус помал од 2.5 км. Повисоките симболски стапки и понапредната бучна модулација се тоа што ја прави оваа линија брза. АДСЛ2+, исто така позната како ИТУ Г.992.5, одзволува стапка на преземање до 24 Мбит/сек во радиус помал од 1.5 км. АДСЛ2+ исто така нуди опции за безшевно спојување, и им дозволува на линиите со повисока стапка на слабеење или понизок сооднос на сигнал и бука да се спојат заедно за теоретски да го достигнат of севкупниот број на линии (т.е. до 50 Мбит/сек за две линии, итн.), како и опции во контролата на силата и безчевна адаптација на стапките — промена на стапката на пренос на податоци без ресинхронизација.

DSL технологии
Стандард
ADSL ANSI T1.413 Issue 2
ITU G.992.1 (G.DMT)
ITU G.992.2 (G.Lite)
ADSL2 ITU G.992.3/4
ITU G.992.3 Annex J
ITU G.992.3 Annex L
ADSL2+ ITU G.992.5
ITU G.992.5 Annex M
HDSL ITU G.991.1
HDSL2  
IDSL  
MSDSL  
PDSL  
RADSL  
SDSL  
SHDSL ITU G.991.2
UDSL  
VDSL ITU G.993.1
VDSL2 ITU G.993.2

Заради релативно ниската стапка на пренос на информации (во споредба со оптичките мрежи), АТМ е соодветна тенологија за мултиплексирање на податоци од временска важност како дигитален глас со податоци од не толкава временска важност како веб сообраќај; АДСЛ-от често се развива заедно со АТМ-от за да се запази оваа можност и во иднина. In a тројно сценарио, разни АТМ виртуелни кола (ВК) се доделуваат за разни услуги.

Во последно време мрежните оператори се оддалечуваат од АТМ и се приближуваат кон Етернет-базиран решенија, каде 802.1К и/или ВПЛС нуди решенија за мултиплексирање. Главната причина за оваа промена е заштеда на трошоци и можноста за отфрлање на постарата и поскапа АТМ мрежа.

Провајдерите на АДСЛ услуги може да нудат статичка или динамичка ИП адресура. Статичката адресура се препорачува на луѓе кои сакаат да се поврзат со нивната канцеларија преку виртуелна приватна мрежа, за некои интернет игри, и за оние кои сакаат да користат АДСЛ за хостирање на Веб сервер.

Како работи АДСЛ-от

За жицата

АДСЛ-от користи две ралични стапки на фреквенција. Кај стандардниот АДСЛ, стапката од 25.875 кХц до 138 Кхц се користи за подигања, додека 138 кХц – 1104 кХц се користи за спуштања.

Приказ на АДСЛ фреквенции

Секоја од овие се развива во помали парчиња од 4.3125 Кхц. За време на иницијалната обука, АДСЛ модемот тестира кое од достапните парчиња има прифатлив сооднос на сигнал и бука. Растојанието помеѓу телефонската централа, или буката на бакарната жица може да предизвика грешки при некои фреквенции. Со тоа што парчињата се чуваат мали, грешка кај една фреквенција не би требало да ја онеспособи целата линија: тоа парче нема да се користи, а со тоа само се намалува протокот на информации, но линијата останува функционална. Провајдерите можат да нудат поддршка на повисоки фреквенции како продолжение на стандардот. Меѓутоа, ова бара сврстување на опремата од провајдерот со двете страни, и веројатно би резултирало во проблеми со интерференција.

Постои директна врска помеѓу бројот на парчињата и капацитетот на проодност на АДСЛ врската. Точниот капацитет на податоци по едеиница парче зависи од користениот модулацион метод.

Една честа грешка е припишувањето на буквата A во кратенката АДСЛ на зборот асинхрон. АДСЛ технологиите користат синхрон врамен протокол за пренос на податоци на жицата.

Модулација

АДСЛ првобитно постоел со два вкуса: (слично како ВДСЛ), имено БАМФ и ОМДФ. БАМФ бил де факто стандард за АДСЛ сѐ до 1996, употребуван во 90% од инсталациите на АДСЛ во тоа време. Меѓутоа, ОМДФ бил избран за првите ITU-T АДСЛ стандарди, G.992.1 и G.992.2 (исто така познати како G.dmt односно G.lite). Затоа, сите современи инсталации на АДСЛ се базираат на ОМДФ модулационата шема.

АДСЛ стандарди

Верзија Назив на стандардот Употребен назив Преземање Подигање Одобрен во
ADSL ANSI T1.413-1998 Издание 2 ADSL 08,08,0 Мбит/сек 1,0 Мбит/сек 1998
ADSL ITU G.992.1 ADSL (G.DMT) 12,0 Мбит/сек 1,3 Мбит/сек јули 1999
ADSL ITU G.992.1 Annex A ADSL преку POTS 12,0 Мбит/сек 1,3 Мбит/сек 2001
ADSL ITU G.992.1 Annex B ADSL преку ISDN 12,0 Мбит/сек 1,8 Мбит/сек 2005
ADSL ITU G.992.2 ADSL Lite (G.Lite) 01,51,5 Мбит/сек 0,5 Мбит/сек јули 1999
ADSL2 ITU G.992.3 ADSL2 12,0 Мбит/сек 1,0 Мбит/сек јули 2002
ADSL2 ITU G.992.3 Annex J ADSL2 12,0 Мбит/сек 3,5 Мбит/сек
ADSL2 ITU G.992.3 Annex L RE-ADSL2 05,05,0 Мбит/сек 0,8 Мбит/сек
ADSL2 ITU G.992.4 безразделен ADSL2 01,51,5 Мбит/сек 0,5 Мбит/сек јули 2002
ADSL2+ ITU G.992.5 ADSL2+ 24,0 Мбит/сек 1,0 Мбит/сек мај 2003
ADSL2+ ITU G.992.5 Annex M ADSL2+M 24,0 Мбит/сек 3,5 Мбит/сек 2008

Како додаток, не-Анекс-ните АДСЛ2 и АДСЛ2+ поддржуваат подигање со 256 кбит/сек доколку ширината на опсег обично користена за ПОТС гласовни повици е наменета за користење на АДСЛ.

Додека АДСЛ пристапот користи опсег од 1,1 МХц, АДСЛ2+ користи опсег од 2,2 МХц.

Стапките на подигање и преземање прикажани тука се теоретски максимуми. Исто така треба да се спомне дека бидејќи ДСЛАМ и АДСЛ модемите може да биле имплементирани на база на различни и некомплетни стандади, некои производители рекламираат различни брзини.

¹ АДСЛ2 и АДСЛ2+ Анекс Л исто така се нарекува РЕ-АДСЛ2 / РЕ-АДСЛ2+, каде РЕ (RE) значи „Reach Extended“. Со овој АДСЛ стандард, моќта на пониските фреквенции која се користи за пренос на податоци се поткренува за да се зголеми опсегот на сигналот на до 7 километри. Иако овој стандард е ратификуван од страна на ИТУ, не сите поддржувачи на локални мрежи (обично стари монополистички компании) дозволуваат овој протокол да се користи на нивната мрежа, зарди тоа што додатната сила кај пониските фреквенции може да предизвика проблеми кај постоечките услуги со интерференција.

Надворешни врски