Ајдутство: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Бот додава Шаблон: Без извори
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=август 2010}}
'''Ајдутството''' претставува најстара и најдолготрајна форма на вооружен отпор а се појавило во [[16 век]]. Ајдути станувале најчесто смелите луѓе, а најмногу имало селани. Биле организирани во ајдутски дружини на чело со војвода, арамбаша кој самите го избирале.

Преработка од 08:59, 9 август 2010

Ајдутството претставува најстара и најдолготрајна форма на вооружен отпор а се појавило во 16 век. Ајдути станувале најчесто смелите луѓе, а најмногу имало селани. Биле организирани во ајдутски дружини на чело со војвода, арамбаша кој самите го избирале.

Своите акции ги почнувале на пролет, а на есен се засолнувале кај своите јатаци. Ајдутите најчесто организирале заседи и напаѓале ненадејно. Тие ги напаѓале и ограбувале турските феудални имоти, ги кршеле алатките, ги палеле амбарите. Против ајдутство биле организирани потери, а фатените ајдути и јатаци биле јавно казнувани. Ајдутството продолжило и се засилило и во наредните векови и било опеано во многу ајдутски народни песни.