Виктор Иго: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: pnb:وکٹر ہیوگو
с Бот Додава: yo:Victor Hugo
Ред 237: Ред 237:
[[fiu-vro:Hugo Victor]]
[[fiu-vro:Hugo Victor]]
[[war:Victor Hugo]]
[[war:Victor Hugo]]
[[yo:Victor Hugo]]
[[zh-yue:雨果]]
[[zh-yue:雨果]]
[[bat-smg:Victor Hugo]]
[[bat-smg:Victor Hugo]]

Преработка од 17:26, 12 јули 2010

Виктор Иго

Виктор Иго (француски : Victor Hugo), (Безансон, 26 февруари 1802Париз, 22 мај 1885) е еден од великаните на францускиот романтизам кој покрај Балзак е најголема фигура во француската книжевност во деветнаесеттиот век.

Негови најпознати дела се Звонарот од богородичната црква (Le Bossu de Notre-Dame) и Клетници (Les Misérables), но неговото творештво е огромно.

Неговите романи „Биг Жаргал“, „Богородична црква во Париз“, „Клетници“, „Морските работници“, драмите „Кромвел“, „Лукреција Борџија“, поетските дела „Оди и балади“, „Ориентални песни“ и многу други дела претставуваат ремек дела на светската литература.

Како политичар беше голем борец против деспотизмот и тиранијата.

Поголемиот дел на животот го поминал во Франција. Но бил избркан од државата од страна на Наполеон III. Во 1851 живеел во Брукселус, од 1852 до 1855 живеел во Џерзи, а од 1855 до 1870 и повторно од 1872 до 1873 во Гернзи.

Неговото детство било исполнето со многу настани. Во векот пред неговото раѓање, во Француската револуција, завршил периодот на Бурбон Династијата, а само Иго сведочел за воздигунањето и падот на Првата Република и создавањето на Прво Царство под водство на Наполеон Бонапарта. Наполеон се прогласил за цар кога Виктор Иго имал само 2 години, а Династијата Бурбон се вратила на престол пред неговиот 18 роденден. Иговите Родители се бореле за превласт во Франција во текот на целиот негов живот. Иговиот татко бил командант во војската на Наполеон, кој го сметал Наполеон за херој, додека неговата мајка била католичка ројалистка која по некои приказни за љубовник го избрала генералот Виктор Лахори кој во 1812 е погубен поради сомнежот дека ковал планови против Наполеон Бонапрата.

Софи го следела својот маж на задачите во Италија и Шпанија. Свесна од проблемите од постојаното преселување поради војниот живот и поради можноста дека нејзиниот маж ќе ја изневери, Софи во 1803 година привремено го оставила својот маж и се сместила во Париз. Од тогаш се грижела за Иговото образование и неговиот развој. Резултатот од тоа бил забележан во неговите први песни во кои главни теми биле кралот и верата.

Виктор Иго се трудел да пишува како таткото на романтизмот Франсоа Рене де Шатал. Во својата младост, Иго ја развил тезата „Шатеубриант или Ништо”. Виктор Иго помогнал во развојот на романтизмот, и бил поврзан со политиката како херој на републиканизмот и бил протеран од татоковината поради неговите политички мислења.

Привреметана страст на Иговите први дела му донела успех и слава во раниот живот. Неговата прва збирка на песни (Ноувеллес Одес ет Поéсиес Диверсес) била објавена во 1824, кога Иго имал само 23 години, а му донела кралска плата од Луј XVIII. Наредната збирка која е објавена во 1826 (Оди и Балади) го воздигнала во одличен писател за лирски и креативни песни.

Иако неговата мајка не сакала, младиот Иго се вљубил и тајно се свршил со другарка му од неговото детство Адел Фушер (1803-1868). Поради необичната блискост со мајка му, Иго после нејзината смрт се осетил послободен за да се ожени со Адел (1822). Своето прво дете го добиле во 1823, но детето умрело уште во неговото детство. Други Игови деца биле ќерките Леополдин и Адел, и синовите Чарлс и Франсоа-Виктор. Хуго својот прв роамн „Хан д'Исланде” го објавил во 1823, а својот втор роман „Буг-Јарга”л го објавил три години покасно во 1826. Во периодот помеѓу 1829 и 1840 Хуго објавил уште пет збирки на песни (Лес Ориенталес, 1829.; Лес Феуиллес д'аутомне, 1831.; Лес Цхантс ду црéпусцуле, 1835; Лес Воиџ интéриеурес, 1837.; и Лес Раѕонс ет лес омбрес, 1840.) и со тоа потврдил дека е еден од најголемите и најдобрите лирски писатели.

Драмските дела

Иго не го постигнал така брзо својот успех со драмските дела. Во 1827 год. ја објавил никогаш изведената драма „Цромњелл” која е позната повеќе по авторскиот предговор отколку по нејзината содржина. Во воведот, Иго ги советува француските писатели да се ослободат од класичниот стил на театарот и така предизвикал војна помеѓу францускиот класицизам и рамантизмот кој после тој настан ќе трае многу години. После „Цромњелл” во 1828 следела драмата „Амѕ Робсарт”.Ова драма успеала да издржи само еден настап.

Првата драма што ја продуцирал самиот била „Марион Делорме”.Иако на почетокот била забранета поради своето критизирање на монархијата, забраната била укината, а премиера имала во 1829, но повторно без успех.

Но негова следна драма „Хернани” се покажала како една од најуспешните драми во 19 век.

Иго во 1832,инспириран од „Хернани” објавил уште една драма „Кралот Ужива”. Драмата била забранета уште првата вечер,поради исмејувањето на француското благородништво, но била популарна во печатена форма. Мотивиран од забраната, Иго следната драма „Луцрèце Боргиа” ја напишал за 14 дена. Драмата е изведена во 1833 год. и постигнала голем успех.

Драмата Ангело имала премиера во 1835 и исто така постигнала голем успех. Веднаш потоа „грофот од Орлеан” основал свој театар за да може да ги изведува новите драми. „Тхéâтре де ла Ренаиссанце” е отворен во 1838 и првата претстава што била изведена во него била „Руѕ Блас”. Иако денес оваа драма се смета за една од неговите најдобри драми, во неговото време не била многу прифатена од страна на публиката.Следната драма „Лес Бургравес” била изведувана само 33 пати и малку по малку почнала да ги губи гледачите.Во 1862 ја напишал „Торљуемада”, а во 1864 го напишал есејот за Вилијам Шекспир.

Дела за возрасни

Иговото прво дела за возрасни се појавило во 1829. „Последниот ден на човекот кој е осуден на смрт „ е дело што влијаело на писателите како што се Алберт Кампус , Чарлс Дикенс и Фјодор Михајлович Достојевски. „Цлауде Гуеуџ” е кратка документарна приказна за убиецот од реалниот живот кој е погубен во Франција која се појавила во 1834.Првиот Игов вистински роман бил „Ѕвонарот на Богородичната црква”, кој бил објавен во 1831 и веднаш бил преведен на скоро сите европски јазици. Иго почнал да прави планови за својот најголем роман за социалните страдања и непрвадта во 1830-тите години, но биле потребни 17 полни години за да се неговото најуспешно дело “Клетници” реализира и конечно во 1862 да се објави. „Клетници” и денес се популарни во целиот свет, така што направен е филм и напишани се неколку книги који на некој начин се сметаат како продолженија на романот.

Иго од социјално-политичките проблеми се одалечил во следниот роман „Лес Траваиллеурс де ла Мер” кој бил објавен во 1866. И овој роман бил добро прифатен од страна на народот. Во романот кој бил посветен на Каналскиот остров Гуернсеѕ, на кој Иго бил 15 год. во прогонство.Иго во овој роман ги опишува човековите војни со морето и со страшните подземни створенија. На политичко-социјалните проблеми се вратил во следниот негов роман „Човекот што се смее” кој е објавен во 1869.Со тој роман ја критизирал аристократија.Овој роман не бил толку успешен како предходните романи, а и самиот Иго рекол дека се зголемува разликата помеѓу него и неговите современици Густав Флауберт и Емили Зола. Нивните натуралистички дела биле поуспешни и попознати од Иговите романтични дела.Последниот роман кој Виктор Иго го напишал бил „Деведест и три”.Иако неговата популарност се намалувала,некои го сметаат за едно од најдобрите Игови дела.

Политичкиот живот и прогоноството

После три неуспешни обиди, Виктор Иго во 1841 бил избран во Француската Академија и со тоа ја потврдил својата улога во француската книжевност.После тоа се вклучил во политичкиот живот и постанал голем поборник на Републиката. Кралот Луј-Филип во 1841 го поставил за кралски генеалог и со тоа влегол во големите одаи како што била „Паир де Франце” и на таа позиција зборувал против смртната казна и социјалната неправда. Покасно бил избран во Законодавната и Конституционата заедница.

Кога Луис Наполеон (Наполеон ИИИ ) ја презел целосно власта во 1851 и кога донесол анти-парламентарни устав Иго јавно го прогласил за предавник на својата татковина. Плашејќи се Иго за својот живот побегнал во Брукселс, па во Џерзи, а со фамилијата конечно се сместил на еден од Каналските острови каде што живеел во прогонство во 1870.

Додека бил на островот,Иго ги напишал познатите памфлети за Наполеон Бонапарта „Малиот Наполеон” и „Хистоире д'ун цриме”. Памфлетите биле забранети во Франција,но имале големо влијание. Иго исто така додека бил на островот го напишал познатот дело Клетници и неговите многу ценети збирки на песни (Лес Цхâтиментс, 1853.; Лес Цонтемплатионс, 1856.; и Ла Лéгенде дес сиèцлес, 1859). Иако Наполеон Бонапарта во 1859 ги помилувал на политичарите што биле ибркани,Виктор Иго одбил да се врати во Франција, бидејќи тоа би значело дека треба да ги повлечи своите критики и мислења за владата и кралот. Кога Наполеон Бонапарта паднал од на власт и се создала Третата Република,Иго се вратил во родната земја во 1870 и бил избран во Народната заедница и Сенатот.

Последните години и неговата смрт

Кога Виктор Иго во 1870 се вратил во Париз, народот го прогласил за народен херој. За краток период после неуспешните избори за Народната заедница добил мал мозочен удар и ја доживеал опсадата на Париз, неговата ќерка завршила во умоболница, а неговите два синови умреле.Неговата ќерка Леополдин се удавила во бродолом во 1843, неговата сопруга Адел умрела во 1868, а неговата верна љубовница Жулиет Друет умрела во 1883, две години пред Иговата смрт.

Во 1881 Виктор го прославил својот 79 роденден. Во чест на тоа му била направена голема прослава.Му била направена најголемата парада во француската историја.Народот марширал од “Авену д'Елеј ” до Елисејските Полиња и до самиот центар на Париз. Народот марширал 6 сати за да поминат пред Иговиот стан, а Иго седел на прозорецот и го гледал народот. Секој чекор од парадата бил направен и испланиран во чест на Виктор Иго.

Виктор Иго умрел на 83 години.Неговата смрт била испратена со јавно жалење и плачење.Во светот не го цениме само како еден од најдобрите писатели туку и како борец за Третата Република и демократијата во Франција.Повеќе од 2 милиони луѓе биле на неговиот погреб.Тој бил погребан во Пантеон.

Делата на Виктор Иго

  • Nouvelles Odes (1824.)
  • Bug-Jargal (1826.)
  • Han d'Islande (1823.)
  • Ode i balade (1826.)
  • Cromwell (1827.)
  • Les Orientales (1829.)
  • Le Dernier jour d'un condamné (1829.)
  • Hernani (1830.)
  • Notre-Dame de Paris (1831.)
  • Marion Delorme (1831.)
  • Les Feuilles d'automnes (1831.)
  • Le roi s'amuse (1832.)
  • Lucrèce Borgia (1833.)
  • Marie Tudor (1833.)
  • Mirabeau (1834.)
  • Littérature et philosophie mêlées (1834.)
  • Claude Gueux (1834.)
  • Angelo (1835.)
  • Les Chants du crépuscule (1835.)
  • Les Voix intérieures (1837.)
  • Ruy Blas (1838.)
  • Les Rayons et les ombres (1840.)
  • Rajna (1842.)
  • Les Burgraves (1843.)
  • Mailiot Napoleon (1852.)
  • Les Châtiments (1853.)
  • Pisma do Louis Bonaparta (1855.)
  • Les Contemplations (1856.)
  • La Légende des Siècles (1859.)
  • Kletnici (1862.),
  • William Shakespeare (esej) (1864.)
  • Les Chansons des rues et des bois (1865.)
  • Les Travailleurs de la Mer (1866.),
  • Pariz - vodič (1867.)
  • L'Homme qui rit (1869.)
  • L'Année terrible (1872.)
  • Quatre-vingt-treize (1874.)
  • Mes Fil (1874.)
  • Actes et paroles — Avant l'exil (1875.)
  • Actes et paroles - Pendant l'exil (1875.)
  • Actes et paroles - Depuis l'exil (1876.)
  • La Légende des Siècles - 2. dio (1877.)
  • Umjetnost bivanja djed (1877.)
  • Histoire d'un crime 1. dio (1877.)
  • Histoire d'un crime 2. dio (1878.)
  • Papa (1878.)
  • Religions et religion (1880.)

L'Âne (1880.) Les Quatres vents de l'esprit (1881.) Torquemada (1882.) La Légende des siècles Tome III (1883.) L'Archipel de la Manche (1883.) Théâtre en liberté (1886.) La fin de Satan (1886.) Choses vues 1 del (1887.) Toute la lyre (1888.) Alpe i Pireneji (1890.) Dieu (1891.) Francija i Belgija (1892.) Toute la lyre - nouvelle série (1893.) Correspondances - Tome I (1896.) Correspondances - Tome II (1898.) Les années funestes (1898.) Choses vues - 2 del (1900.) Post-scriptum de ma vie (1901.) Dernière Gerbe (1902.) Mille francs de récompense (1934.) Océan. Tas de pierres (1942.) Pierres (1951.)

Надворешни врски

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA