Демократска Федерална Македонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 12: Ред 12:
Излегува првиот број на весникот „[[Нова Македонија]]“. Донесена одлука за основање на [[Учителска школа Скопје|Школата за народни учители]]. Формирана е [[Народната библиотека „Климент Охридски“]]. Формирана е [[Македонската филхармонија]]. [[Божиќните настани на Скопското Кале]]: одредени единици одбиваат да заминат на [[Сремскиот фронт]] и наместо тоа сакаат да се оди на [[Солун]]. Формиран е [[Македонскиот народен театар]]. Се одржува [[Првиот црковно-народен собор]] за обновување на [[Македонската Православна Црква]]. Формирана е првата македонска влада. Донесено е решение за утврдување на [[македонската азбука]]. Од печат излегува првиот македонски буквар.
Излегува првиот број на весникот „[[Нова Македонија]]“. Донесена одлука за основање на [[Учителска школа Скопје|Школата за народни учители]]. Формирана е [[Народната библиотека „Климент Охридски“]]. Формирана е [[Македонската филхармонија]]. [[Божиќните настани на Скопското Кале]]: одредени единици одбиваат да заминат на [[Сремскиот фронт]] и наместо тоа сакаат да се оди на [[Солун]]. Формиран е [[Македонскиот народен театар]]. Се одржува [[Првиот црковно-народен собор]] за обновување на [[Македонската Православна Црква]]. Формирана е првата македонска влада. Донесено е решение за утврдување на [[македонската азбука]]. Од печат излегува првиот македонски буквар.


На [[8 март]] [[1946]] г. [[Президиумот на Народното Собрание]] донесува закон со кој дотогашното име [[Демократска Федерална Македонија]] се менува во [[Народна Република Македонија]].<ref>[http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=25&vId=72114596&lId=1&pmId=25 www.mia.com.mk], На денешен ден, 8 март 1946. Президиумот на Народното собрание на Народна Република Македонија донесе Закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија</ref>
На [[8 март]] [[1946]] г. [[Президиумот на Народното Собрание]] донесува закон со кој дотогашното име [[Демократска Федерална Македонија]] се менува во [[Народна Република Македонија]].<ref>[http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=25&vId=72114596&lId=1&pmId=25 www.mia.com.mk], На денешен ден, 8 март 1946. Президиумот на Народното собрание на Македонија донесе Закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија</ref>


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 10:20, 8 јули 2010

Демократска Федерална Македонија било името на Македонија како федерална држава во составот на новопрогласената Демократска Федерална Југославија. Ова име се користело во периодот од 1944 до 8 март 1946 кога Президиумот на Народното Собрание со закон се менува во Народна Република Македонија.

Во виорот на Втората светска војна, на првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија, се донесени следниве важни одлуки:

  • Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на Демократска Македонија
  • Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на Демократска Македонија
  • Решението на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
  • Решението на АСНОМ за прогласување на Илинден2 август за народен и државен празник на македонската држава.

Првото заседание на АСНОМ формира свој Президиум, кој всушност претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто.[1]

Излегува првиот број на весникот „Нова Македонија“. Донесена одлука за основање на Школата за народни учители. Формирана е Народната библиотека „Климент Охридски“. Формирана е Македонската филхармонија. Божиќните настани на Скопското Кале: одредени единици одбиваат да заминат на Сремскиот фронт и наместо тоа сакаат да се оди на Солун. Формиран е Македонскиот народен театар. Се одржува Првиот црковно-народен собор за обновување на Македонската Православна Црква. Формирана е првата македонска влада. Донесено е решение за утврдување на македонската азбука. Од печат излегува првиот македонски буквар.

На 8 март 1946 г. Президиумот на Народното Собрание донесува закон со кој дотогашното име Демократска Федерална Македонија се менува во Народна Република Македонија.[2]

Наводи

  1. www.sobranie.mk, На 2 август 1944 година, Методија Андонов Ченто е избран за претседател на Президиумот на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија, која подоцна е именувана како Народна Република Македонија.
  2. www.mia.com.mk, На денешен ден, 8 март 1946. Президиумот на Народното собрание на Македонија донесе Закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија