Обединување на Германија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: it:Unificazione della Germania
Ред 15: Ред 15:
[[cs:Sjednocení Německa]]
[[cs:Sjednocení Německa]]
[[de:Deutsche Einigung]]
[[de:Deutsche Einigung]]
[[el:Γερμανική ενοποίηση]]
[[en:Unification of Germany]]
[[en:Unification of Germany]]
[[es:Unificación alemana]]
[[es:Unificación alemana]]

Преработка од 23:59, 2 јули 2010

Оваа статија го објаснува обединувањето во 1871 г. За обединувањето на Западна и Источна Германија прочитајте Обединување на Источна и Западна Германија.

И по револуцијата од 1848 г. Германија останала необединета. Постоеле околу 38 државички, а најголеми биле Австрија и Прусија, меѓу кои се водела борба за превласт над германските држави. Најистакнат борец за обединување на Германија бил прускиот канцелар Ото Фон Бизмарк, претседател на владата на прускиот крал Вилхем I. Тој сметал дека обединувањето не може да се постигне со зборови, туку со оружје и крв, односно по пат на војна против сите непријатели на обединувањето. Во 1864 г. Прусија и Австрија ја нападнале Данска и и ги одзеле северно-германските области. Но заради поделба на освоените области настанала караница меѓу Прусија и Австрија. Војнички посилната Прусија го искористила овој момент и во јуни 1866 г. ја нападнала Австрија. Тоа го искористила и Италија и ја нападнала Австрија за да и ја одземе Венециската област. Австрија била поразена кај Садова во Чешка и била принудена да се откаже од стремежот за хегемонија над Германија, а на Италија и ја отстапила Венециската област. Во 1866 г. Бизмарк го создал северно-германскиот сојуз како сојузна држава во која раководна улога имала Прусија. Надвор од сојузот останале само неколку јужно-гемански државички. На нивното обединување се спротуставила Франција бидејќи не сакала да има за сосед силна Германија, а и се стремела кон освојување на овие територии. Бизмарк испратил телеграма до Наполеон III со навредлива содржина, со која предизвикал војна. Војната започнала во јули 1870 г. Франција била изненадена од силата на пруската војска која брзо напредувала кон Париз. Француската војска капитулирала а Наполеон III бил заробен. Мирот меѓу Франција и Прусија бил потпишан во Виена во мај 1871 г. под многу тешки услови за Франција. Елзас и Лорен и биле дадени на Германија, а Франција морала да плати воена оштета од пет милијарди златни франци. На 18 јануари 1871 г. во Версајскиот дворец било прогласено обединувањето на Германија на чело со прускиот крал Вилхем I со што бил создаден Вториот германски рајх. Обединувањето на Германија овозможило брз развој на капиталистичкото стопанство, со што Германија за две децении станала најсилна држава во Европа и започнала да им конкурира на старите капиталистички држави Франција и Велика Британија.

Користена литература

  • „Историја“ од Јорданка Патковиќ.