Тане Николов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 36: Ред 36:
[[bg:Тане Николов]]
[[bg:Тане Николов]]
[[en:Tane Nikolov]]
[[en:Tane Nikolov]]
{{МРО}}

Преработка од 21:29, 29 јуни 2010

Тане Николов
Тане Николов
Роденмарт 9, 1873(1873-03-09)
Хасково, Отоманска империја (денешна БугаријаБугарија)
Починалјануари 19, 1947(1947-01-19) (возр. 73)
Асеновград, Царство Бугарија)

Тане Николов Жеков бил бугарски револуционер, воjвода од Внатрешната македоно-одринска револуционерна организациjа а потоа лидер на Внатрешната тракиска револуционерна организациjа.

Роден е на 9 март 1873 година во Хасково, Османлиска империја, денеска во Бугарија. Учел во родниот град и потоа во воена служба. Во 1902 година ја напуштил армијата со чин подофицер.

Во август 1902 година станал четник во четата на К. Антонов. Од 1903 година станал самостоен војвода. За време на Илинденското востание раководил со чета во Западна Тракија каде останал и по востанието. Во 1906 година се префрлил во Леринско. Во 1907 година бил назначен за војвода во Прилепско и Велешко каде успеал да ги прогони четите на Ј. Бабунски и Г. Љамев. Тане Николов учествувал во т.н. битка на Ножот. По битката бил назначен за ревизор на сите чети во Западна Македонија.

Во 1908 година бил делегат на Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО како делегат на Битолскиот округ. После Хуриетот, во летото на 1908 година Тане Николов извршил атентат врз Јане Сандански, во Солун, при обид да ја исполни смртната пресуда врз Сандански која била издадена од страна на Конгресот.

Тане Николов учествувал со своите чети во балканските војни во Македонија.

За време на Првата светска војна е со чета во источна Србија. За време на Првата светска војна создал Внатрешна Тракиска Револуционерна Организациjа коjа била активна во Западна Тракиja. Во 1924 година се повлекол од револуционерната дејност во Асеновград.

Починал на 17 јануари 1947 година во Асеновград година.

Надворешни врски

Извор

  • Печилков, Андрей. Таню Николов, Смолян 1993

Предлошка:МРО