Револуционерен лист: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 17: Ред 17:
Весникот ги популаризирал целите и задачите на [[Македонска револуционерна организација|МРО]] во новонастаните услови, приотоа весникот ги критикувал и [[Врховизам|врховистите ]] и нивните погледи за решавање на [[Македонско прашање|Македонското прашање]], во својата статија од [[јуни]] [[1905]] година се истакнува:
Весникот ги популаризирал целите и задачите на [[Македонска револуционерна организација|МРО]] во новонастаните услови, приотоа весникот ги критикувал и [[Врховизам|врховистите ]] и нивните погледи за решавање на [[Македонско прашање|Македонското прашање]], во својата статија од [[јуни]] [[1905]] година се истакнува:


{{Цитатник|''... А што преставуваат врховистите? Тоа се еден грст луќе, еден мал кружок на чело на кој стои резервниот генерал Цончев, кој-иако нема трага од некогашните Македоно-одрински друштва во Бугарија-продолжува да се нарекува и да се потпишува како претседател на некаков Врховен комитет којшто не постои. Тие, врховистите, преставуваат полна негација на Внатрешната организација-маѓу нив и неа има бездна. Пред се против целата на Организацијата-автономана Македонија и нејзината девиза Македонија на Македонците-тие поставуваат некаква автономана Македонија со прикриена девиза Македонија за Бугарија. Автономаната Македонија се сваќа од Организацијата као самостојана државичка која ќе влезе како оделен член во Федерацијата на другите државички на Полусотровот, и врховистите се... како преку... форма кон Санстефанска Бугарија, која им изгледа на оние што не гледаат подалеку од носот дека може да биде реализирана... врховистите со својот теснограден и неразумен национализам... се трудат на секој начин и со своите акции да го преставуваат пред надворешниот свет ослободителното движење како чисто бугарско и со тоа, компромитирајќи ја каузата, и нанаесуваат тешки удари''}}
{{Цитатник|''... А што преставуваат врховистите? Тоа се еден грст луќе, еден мал кружок на чело на кој стои резервниот генерал Цончев, кој-иако нема трага од некогашните Македоно-одрински друштва во Бугарија-продолжува да се нарекува и да се потпишува како претседател на некаков Врховен комитет којшто не постои. Тие, врховистите, преставуваат полна негација на Внатрешната организација-маѓу нив и неа има бездна. Пред се против целата на Организацијата-автономана Македонија и нејзината девиза Македонија на Македонците-тие поставуваат некаква автономана Македонија со прикриена девиза Македонија за Бугарија. Автономаната Македонија се сваќа од Организацијата као самостојана државичка која ќе влезе како оделен член во Федерацијата на другите државички на Полусотровот, и врховистите се... како преку... форма кон Санстефанска Бугарија, која им изгледа на оние што не гледаат подалеку од носот дека може да биде реализирана... врховистите со својот теснограден и неразумен национализам... се трудат на секој начин и со своите акции да го преставуваат пред надворешниот свет ослободителното движење како чисто бугарско и со тоа, компромитирајќи ја каузата, и нанаесуваат тешки удари... <ref name="DZBMN"><small>''Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981''</small></ref> ''}}


== Извори ==
== Извори ==

Преработка од 13:22, 28 јуни 2010

Револуционерниот лист излегувал во Солун во периодот од 1904 до 1906 година и бил официјален орган на Македонската револуционерна организација [1], подоцна станува неофицијално гласило на Јане Сандански и неговите приврзаници.

Уредници

Прв уредник е бугарскиот поет и македонски револуционер Пејо Јаворов, а по внатрешните поделби во Организација тој се повлекува од оваа должност [2], со што негов редактор станува Димо Хаџи Димов [3]

Работа

Весникот разгледувал голем број на внатрешни и надворешни прашања кој биле поврзани со Македонската револуционерна организација како и со решавањето на Македонското прашање. Во 1905 година весникот истакнал дека:

Автономна Македонија од Организацијата се сваќа како самостојна држава [4].

Со што јасно било дадено на знаење дека Организацијата се залагала за самостојана македонска држава. Сепак треба да се истакне дека во тој период по Илинденското востание во Организација се диференцираат две струи или крила кој Христо Силјанов ги нарекува ги нарекува: радикално - реформска и умерено - конзервативна [5][6], со што весникот ги изразувал идеите на првото крило, затоа во бугарската историографија се истакнува дека идејата за независност не била цел на сета Организацијата туку само на ова крило со што се девалвира македонскиот карактер на МРО [1], меѓуто треба да се истакне дека автономниот принцип бил официјална цел на умереното - конзервативно крило меѓутоа тоа не значи дека тие не се залагале за самостојна држва бидејќи идејниот водач на конзервативното крило Христо Матов во својата брошура Основите на Организацијата од Брут истакнува дека:

Организацијата е самостојна и како секоја мала држава една од главните грижи и е да се заштити од сите внатрешни и надворешни влијанија и притисоци [5]

Весникот ги популаризирал целите и задачите на МРО во новонастаните услови, приотоа весникот ги критикувал и врховистите и нивните погледи за решавање на Македонското прашање, во својата статија од јуни 1905 година се истакнува:

... А што преставуваат врховистите? Тоа се еден грст луќе, еден мал кружок на чело на кој стои резервниот генерал Цончев, кој-иако нема трага од некогашните Македоно-одрински друштва во Бугарија-продолжува да се нарекува и да се потпишува како претседател на некаков Врховен комитет којшто не постои. Тие, врховистите, преставуваат полна негација на Внатрешната организација-маѓу нив и неа има бездна. Пред се против целата на Организацијата-автономана Македонија и нејзината девиза Македонија на Македонците-тие поставуваат некаква автономана Македонија со прикриена девиза Македонија за Бугарија. Автономаната Македонија се сваќа од Организацијата као самостојана државичка која ќе влезе како оделен член во Федерацијата на другите државички на Полусотровот, и врховистите се... како преку... форма кон Санстефанска Бугарија, која им изгледа на оние што не гледаат подалеку од носот дека може да биде реализирана... врховистите со својот теснограден и неразумен национализам... се трудат на секој начин и со своите акции да го преставуваат пред надворешниот свет ослободителното движење како чисто бугарско и со тоа, компромитирајќи ја каузата, и нанаесуваат тешки удари... [7]

Извори

  1. 1,0 1,1 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозофски Факултет, Скопје, 2003
  2. znam.bg
  3. Гиза, Антони. Балканските държави и македонския въпрос, Македонски научен институт ­ София, 2001.
  4. Официално издание, Револуционерен лист, 2 јуни 1905, 3
  5. 5,0 5,1 Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)
  6. Во постарата литература првата групација се нарекува левица, а втората како десница. Во поновата литература двете струи се нарекуваат реформско-демократска и конзервативно-централистичка
  7. Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981