Еди Меркс: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: ro:Eddy Merckx
с Бот менува: Референци -> Наводи
Ред 48: Ред 48:
, Еди Меркс имал над 200.
, Еди Меркс имал над 200.


== Референци ==
== Наводи ==
{{reflist}}
{{reflist}}



Преработка од 10:17, 2 јуни 2010

Податоци за клубот

Едуард Луј Жозеф, Барон Меркс (роден на 17 јуни 1945 во Меензел-Кизегем, Белгија[1]), познат како Еди Меркс е поранешен белгиски професионален велосипедист. Францускиот магазин Vélo го нарекол „најголемиот велосипедист којшто светот некогаш го познавал."[2] Од американското издание VeloNews е наречен „најголемиот и најуспешен велосипедист на сите времиња“.[3] Во својата кариера, Меркс победил по 5 пати на Трката околу Франција и Трката околу Италија, еднапш на Трка околу Шпанија. Тој исто така станал светски првак како аматерски и професионален возач и го урнал рекордот во трката на еден час. Победил и на сите трки од класични трки, освен на Париз-Тур.[2]. Тој е познат и како друмски и како велосипедист во сала.

Еди Меркс бил познат како многу други познати во спортисти во другите спортови. Иако, Марк Шпиц освоиил 7 златни медали на Олимписките игри во Минхен во 1972, а Мохамед Али бил неприкосновен на крајот од 1960-тите и 1970-тите, сепак реално, Еди Меркс е најголемиот спортист во тој период во светот.

Го нарекувале Ајншатајн на две педали и Гигант.

Се чини покрај трката Париз-Тур, единствена друга победа која му недостига е победа на Олимписките игри. На Олимписките игри настапил само еднаш, и тоа на Олимписките игри во Токио во 1964, на кои на уличната трка во поединечна конкуренција го освоил 12. место. Подоцна како професионалец и поради крутите аматерски принципи, му било оневозможено да настапи на Олимписките игри.

Споредбата со другите великани во велосипедизмот е излишна. За разлика од многумина, кои во годината имале 50 натпреварувачки денови , Еди Меркс имал над 200.

Наводи