Воена болница: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Промена на шаблон: Infobox Company
с Бот менува: Референци -> Наводи
Ред 60: Ред 60:
За потребите на Воената болница, во Воената аптека се изработуваат магистрални препарати, парентерални раствори и капки за очи. Воената аптека располага со информациски систем кој овозможува редовно следење на потрошувачката на лекови и медицински материјали.
За потребите на Воената болница, во Воената аптека се изработуваат магистрални препарати, парентерални раствори и капки за очи. Воената аптека располага со информациски систем кој овозможува редовно следење на потрошувачката на лекови и медицински материјали.
== Референци ==
== Наводи ==
{{reflist}}<!--<div class="references-small">
{{reflist}}<!--<div class="references-small">
<references />
<references />

Преработка од 06:48, 2 јуни 2010

Воена болница
ВидЈавна здравствена организација
ДејностЗдравство
Основано15 ноември 1944
СедиштеМакедонија Скопје, Македонија
Клучни личности
Полковник д-р. Петре Утковски (командант на ВБ)[1]
Вработени
~ 700
Мреж. местоvoenabolnica.gov.mk

Воената болница е најголема здравствена установа за болничко лекување на ниво на секундарна здравствена заштита во Скопје и Република Македонија. Таа е под директна јурисдикција на Министерството за одбрана на Република Македонија. Основана е на 15 Ноември 1944 година со одлука на Главниот штаб на Народно-ослободителната војска на Македонија. Командант на ВБ е полковник Петре Утковски.


За болницата

Првата зграда на Воената Болница во нас. Карпош

Во почетокот воената болница се наоѓала во населбата Карпош, но поради земјотресот во 1963 зградата била разрушена. Во средината на 1971 година изградена била новата зграда која постои и ден денес, која во тоа време била една од најмодрните воено-медицински установи на Балканот. Вкупната површина што ја зафаќа овој комплекс изнесува околу 90.000 м2, од кои под покрив се околу 60.000 м2 а во слободната површина доминира болничкиот парк и паркиралиштата. Стационарниот дел од Воената болница располага со 400 болнички легла. Вработени се околу 700 воени и цивилни лица – здравствени работници, лекари од сите специјалности, специјалисти и субспецијалисти, доктори на науки, магистри, медицински техничари, административен, технички и друг помошен персонал. Амбулантно-поликлиничка специјалистичка здравствена заштита во Воената болница се обезбедува за повеќе од 120.000 пациенти годишно, а болничка здравствена заштита за околу 11.000 болни. Воената болница е наставна база на Медицинскиот факултет и Воената академија.

Научно-истражувачката дејност се реализира во координација со Медицинскиот факултет преку учество на мултидисциплинарни научни проекти, изработка на докторски дисертации и магистерски трудови кои се од интерес за Воената болница.


Структура на болницата

Денес во рамките на Воената болница влегуваат: Институтот за превентивна медицина, Воената амбуланта и Воената аптека.


Институт за превентивна медицина

Институтот за превентивна медицина е составена од 5 одделенија и тоа:

  • Хигиенско-хемиско
  • Епидемиолошко
  • Микробиолошко
  • Одделение за медицина на трудот и
  • Одделение за медицинска информатика

Воена амбуланта

Воената амбуланта е составена од три пункта кои делуваат во определени подрачја во местата каде што се наоѓаат. Тие се:

  • Пункт воена болница кој има три служби:
  1. Општа служба
  2. Стоматолошка служба и
  3. Лабораторија
  • Пункт Генераштаб којсе наоѓа во зградата на влезот во Генералштабот на АРМ и во него работи само стоматолошка ординација, во која работи стоматолог специјалист по општа стоматологија.

Пунктот е од отворен тип и покрај згрижување на АВЛ, ЦЛ и војниците од ГШ, врши стоматолошки услуги и на лица од граѓанството.

  • Пунк Аеродром кој е сместен во населбата Аеродром, во непосредна близина на касарната “Гоце Делчев” Скопје. Истата е од отворен тип и згрижува: АВЛ, војници, питомци, слушатели на курсеви во Воената академија за ШРО, слушатели за подофицери и офицери, како и пациенти од граѓанството кои ќе ја изберат оваа амбуланта како своја матична.

Амбулантата укажува општа медицинска помош и стоматолошки услуги, а во својот состав има и превијалиште, лабораторија и аптека. Во општата служба има три лекари од кои еден специјалист по општа медицина, а во стоматолошката служба има 4 стоматолози од кои еден специјалист по детска и превентивна стоматологија.

Воена аптека

Како организациона единица на Воената болница, Воената аптека е неопходна за нејзино функционирање. Воената аптека ги обединува плановите за потребите на болничките одделенија од лекови и медицински материјали и се грижи за нивна реализација преку прием, чување и издавање, а во согласност со законските прописи. Во рамките на активностите на Воената аптека влегува и издавање на лекови на рецепт за осигуреници на Фондот за здравство и припадниците на безбедносните сили на Република Македонија. За потребите на Воената болница, во Воената аптека се изработуваат магистрални препарати, парентерални раствори и капки за очи. Воената аптека располага со информациски систем кој овозможува редовно следење на потрошувачката на лекови и медицински материјали.

Наводи

Надворешни врски