Иван Хаџи Николов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 27: Ред 27:


Тешко заболен и душевно растроен, се самоубива на [[9 јули]] [[1934]] година.
Тешко заболен и душевно растроен, се самоубива на [[9 јули]] [[1934]] година.

[[bg:Иван Хаджиниколов]]
[[de:Iwan Chadschinikolow]]
[[en:Ivan Hadzhinikolov]]

Преработка од 02:26, 30 мај 2010

Иван Хаџи Николов
Роден 24 декември 1861
Кукуш
Починал 9 јули 1934
Софија
Занимање книжар, трговец

Иван Хаџи Николов (24 декември 1861, Кукуш9 јули 1934, Софија) бил македонски книжар, трговец, еден од организаторите на ВМРО и член на ЦК на Организацијата.

Биографија

Иван Хаџи Николов добил основно образование во Кукуш, потоа продолжил во Пловдив и Свиштов, а вишо трговско образование завршил во градот Линц, Австрија. Бил егзархиски учител во Костенец, Воден, Кукуш, Лерин и професор во Солунската гимназија. Во 1893 година бил принуден да се откаже од професијата. Во Солун отворил своја книжарница. Тој е познат македонски општественик во чија куќа, во Солун на 23 октомври 1893 година, е формиран ЦК на ВМРО. Бил учесник во основачкото собрание на Организацијата. Во јануари 1901 година е уапсен и осуден. Казната ја издржува во Подрум - Кале, Мала Азија.

По амнестијата 1903 година се преселува во Софија, кадешто се занимавал со издавачка дејност, книговодство и трговија. Се смета за поттикнувач за создавањето на знаменитата брошура на Петар Поп Арсов, „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници”.

Учествува во работата на Солунскиот Конгрес во 1903 година, кога во отсуство на Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев и други се донесува препорака за кревање на предвремено востание.

Тешко заболен и душевно растроен, се самоубива на 9 јули 1934 година.