Атентат врз Франц Фердинанд: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Бот: козметички промени
Ред 107: Ред 107:


[[Категорија:Историја на Југославија]]
[[Категорија:Историја на Југославија]]

[[Категорија:Историја на Австро-Унгарија]]
[[Категорија:Историја на Австро-Унгарија]]
[[Категорија:Причини за Првата светска војна]]
[[Категорија:Причини за Првата светска војна]]

Преработка од 00:09, 29 мај 2010

Латинскиот мост, познат и како Мост на Принцип близу до местото на атентатот.
Франц Фердинанд, надвојводата од Австрија.

Атентатот на надвојводата Франц Фердинанд од Австрија кој довел до избувнувањето на Првата светска војна се случил на 28 јуни 1914 во Сараево, во тогашна Австро-Унгарија. Надвојводата Франц Фердинанд, кој бил и престолонаследник на австро-унгарскиот трон, патувал со својата сопруга Софи, војвотка од Хохенберг во отворен автомобил, и двајцата биле застрелани и убиени од Гаврило Принцип, еден од групата од шест заговорници предводени од Данило Илиќ.

Политичката цел на атентатот била да се принуди Австро-Унгарија да се повлече од јужно-словенските територии, за да се овозможи создавање на Голема Србија или Југославија. Атентаторот му припаѓал на движењето што подоцна станало познато како Млада Босна и кое се залагало за приклучување на Босна кон нова јужно-словенска држава - Југославија. Наредбодавец на овие млади заговорници бил шефот на српското разузнавање Драгутин Димитријевиќ - Апис. Неговите луѓе ги наоружале атентаторите со бомби и пиштоли, и им дале обука за ракување со оружјето и за атентатот.

Атентаторите и заговорниците кои биле уапсени, осудени и казнети во Сараево во октомври 1914, а останатите ги осудила Србија во 1916-1917 година, во привремен суд во Солун, тогаш под француска окупација. Она што се знае за атентатот главно доаѓа од овие судења. Иницијаторите и причините за атентатот се многу деликатно прашање, бидејќи овој настан довел до почетокот на Првата светска војна, кога Австро-Унгарија, предизвикана од атентатот, ѝ објавила војна и ја нападнала Србија еден месец подоцна.

Австријската полиција брзо ги фатила заговорниците во атентатот, и тие биле осудени во октомври 1914 во Сараево:

Име Казна
Гаврило Принцип 20 години (умрел во затвор од туберкулоза на 28 април 1918)
Недељко Чабриновиќ 20 години (умрел во затвор од туберкулоза на 23 јануари 1916)
Трифун Грабеж 20 години (умрел во затвор од туберкулоза во февруари 1918)
Васо Чубриловиќ 16 години (ослободен во ноември 1918; умрел 1990)
Цвјетко Поповиќ 13 години (ослободен во ноември 1918)
Лазар Ѓукиќ 10 години
Данило Илиќ Смрт со бесење (погубен на 3. февруари 1915)
Вељко Чубриловиќ Смрт со бесење (погубен на 3. февруари 1915)
Неѓо Керовиќ Смрт со бесење; преиначена во 20 години затвор
Михајло Јовановиќ Смрт со бесење (погубен на 3. февруари 1915)
Јаков Миловиќ Смрт со бесење; преиначена во доживотен затвор
Митар Керовиќ Доживотен затвор
Иво Крањчевиќ 10 години затвор
Бранко Загорац 3 години затвор
Марко Перин 3 години затвор
Цвијан Степановиќ 7 години затвор
Девет други обвинети Ослободени

Димитријевиќ признал дека тој го организирал атентатот и изгледа дека тоа го направил на своја рака. Други извори пак, велат дека в.д. премиерот на Србија Никола Пашиќ бил информиран за подготовката на атентатот и се обидел да ја предупреди аавстријската влада преку амбасадорот во Виена, но тоа предупредување не било земено сериозно. Шефот на разузнавањето Димитријевиќ и неговите подредени кои учествувале во организацијата на атентатот биле осудени на судењето во Солун во 1916 - 1917 :

Име Казна
Драгутин Димитријевиќ Смрт со стрелање, погубен на 26 јуни 1917
Полковник Љуба Вуловиќ Смрт со стрелање, погубен на 26 јуни 1917
Раде Малобабиќ Смрт со стрелање, погубен на 26 јуни 1917
Мухамед Мехмедбашиќ 15 години затвор (ослободен во 1919)

Последици

Австро-Унгарија била крајно револтирана од атентатот, а на своја страна го имала и меѓународното сочувство за смртта на престолонаследникот. Со цел еднаш засекогаш да расчисти со заканата која ја гледале во Србија, и за да ги осигури своите позиции на Балканот, на 23. јули 1914. ѝ испорачала на Србија ултиматум со барања меѓу кои:

  1. да ги укине сите публикации кои предизвикуваат омраза кон австриската монархија
  2. да ја укине Народна Одбрана и други здруженија кои делуваат против интересите на Австро-Унгарија
  3. да ги отстрани од училиштата книгите и учителите кои шират непријателска пропаганда
  4. да ги отстрани од војската и администрацијата сите службеници кои шират пропаганда против Австро-Унгарија, при што Австро-Унгарија го задржува правото да ги посочи таквите лица
  5. да прифати соработка со австриските органи на прогон за сузбивање на субверзивните движења насочени против Австро-Унгарија
  6. да започне судска истрага против организаторите на атентатот кои се на српска територија , заедно со органи делегирани од Австро-Унгарија
  7. да ги уапси Војислав Танкосиќ и Милан Цигановиќ, членови на српското разузнавање кои учествувале во подготовката на атентатот
  8. да го спречи преносот на оружје и експлозиви преку границата и да ги распушти и казни српските граничари одговорни за сараевскиот атентат
  9. да обезбеди објаснение до Австро-Унгарија за изнесените непријателски изјави од високи претставници на српската власт во земјата и во странство
  10. да ја извести Австро-Унгарија за извршувањето на овие мерки до 5 часот на 25. јули 1914.

Србија не ги прифатила овие барања, туку побарала и добила поддршка од Русија и извршила мобилизација на војската. Истовремено, Австро-Унгарија го потврдила своето сојузништво со Германија и Унгарија, и на 28 јули 1914 ѝ објавила војна на Србија. Ова го означило почетокот на Првата светска војна, во која набрзо се вклучиле и Франција, Русија, Германија и Велика Британија.

Предлошка:Link FA