Едначење по звучност: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с Бот Додава: pt:Assimilação |
|||
Ред 122: | Ред 122: | ||
[[nl:Assimilatie (taalkunde)]] |
[[nl:Assimilatie (taalkunde)]] |
||
[[pl:Asymilacja fonetyczna]] |
[[pl:Asymilacja fonetyczna]] |
||
[[pt:Assimilação]] |
|||
[[rm:Assimilaziun linguistica]] |
[[rm:Assimilaziun linguistica]] |
||
[[ru:Ассимиляция (лингвистика)]] |
[[ru:Ассимиляция (лингвистика)]] |
Преработка од 19:42, 25 мај 2010
Македонска фонетика и фонологија |
---|
Гласови
Писмо
Поврзано
|
Според звучноста согласките се делат на безвучни, звучни и сонатни. Безвучните и звучните согласки образуваат таканаречени корелативни парови. Секоја безвучна согласка, освен х, има свој звучен парник. Тие парови се:
корелативни парови | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
звучна: | б | д | г | в | з | ж | (-) | ѕ | џ | ѓ |
безвучна: | п | т | к | ф | с | ш | (х) | ц | ч | ќ |
Правило 1
Звучните и безвучните согласки се едначат по звучност кога ќе се најдат во непосреден допир. Едначењето се врши спрема втората согласка. Звучните согласки пред безвучните се менуваат во безвучни. Пример:
- б-п: баба - бапски; врабец - врапче, врапци; даб, дабот - дапче; забец - запци, запчест; јамб, јамбот, јампски; Љубе - Љупчо, Љупка; роб, робот - ропски, ропство, ...
- д-т:
- г-к:
- в-ф:
- з-с:
- ж-ш:
- ѕ-ц:
- џ-ч:
- ѓ-ќ:
Правило 2
Безвучните согласки пред звучните преоѓаат во звучни
Правило 3
Едначењето по звучност редовно се обележува и во префиксираните зборови.
Правило 4
Согласката ј се обезвучува и пред африкативните ц, ч во префиксираните зборови.
Правило 5
Кога префиксите што завршуваат на согласка (зад-, над-, од-, под-, пред-, без-, из-, раз-) ќе влезат во состав на збор што почнува со истородна согласка, настануваат два случаја.
Правило 5.1
Во некои зборови границата меѓу префиксот и основниот збор јасно се чувствува, и согласките се пишуваат удвоено: оддели, поддава, раззелени, оттука, поттикне, бессовесен, ...
Правило 5.2
Во други случаи, кога е сраснатоста на составните делови изразена во поголем степен, по извршеното едначење се добива една согласка: одамна (од оддамна), бесмислен, бесмртен, бесрамен, бестрашен, исее, исекне, исели, исече, раседла (од разседла), расее, расели, расече, раслои, расобуе, расони и др.
Иста појава имаме и на составите меѓу префиските без-, из-, раз- и зборовите што почнуваат со ш. Во едни случаи се чува с: бесшумно (од безшумно), исшета, исшие, исшилчи, а во други, по асимилацијата на с во ш, се добило едно ш; ишари (од изшари), ишмрка, уштипе, рашета (од разшета), рашие, рашири, раштима, раштрка.
Правило 6
Едначењето по звучност не се одбележува во следниве случаи:
Правило 6.1
Не се одбележува едначењето на в пред безвучната согласка:
Правило 6.2
Не се одбележува едначењето на д
Правило 6.3
Пред членската наставка -та не се одбележува и едначењето на другите звучни согласки
Правило 6.4
Согласката г не се едначи во: бегство, другпат.
Правило 6.5
Не се едначи т во сложените зборови од типот: петгодишен, десетгодишен, дванаесетгодишен, ...
Правило 6.6
Едначењето на согласките по звучност не се одбележува и во некои сопствени имиња од туѓо потекло.
Правило 6.7
Во допир со сонантите не се врши едначење по звучност: милослив, милосница, мирислив.
Литература
- Правопис на македонскиот литературен јазик, Институт за македонски јазик "Крсте Мисирков", трето издание на Просветно дело - Скопје, 1986, Редакциски одбор: Божо Видоевски, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Крум Тошев (претседател), Рада Угринова-Скаловска