Јован Оливер: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 36: Ред 36:
==Положба во српското царство==
==Положба во српското царство==


Јован Кантакузин истакнува дека во царството на [[Стефан Душан]] имало 24 највлијателно велможи, а меѓу нив Јован Оливер бил најмоќен. Тој имал релативен суверенитет што им се давал на таканаречените ''краишници'' кои биле заповедници на пограничните области и имале поширока политичка иницијатива во однос на одбраната на границите. Оливер добро напредувал во српското царство и за кратко време ги поминал сите степени во српската дворска хиеррархија, почнувајќи од командант на копнената војска стигнѕвајќи до титулата деспот. Оливер добро напредувал во српското царство и за кратко време ги поминал сите степени во српската дворска хиеррархија, почнувајќи од командант на копнената војска стигнѕвајќи до титулата деспот. Во текот на српските завладувања во [[Источна Македонија]] Оливер земал видно учество кое што му помогнало да стане еден од најблиските луѓе на [[Стефан Душан]]. Во 1341 година како ''велик слуга'' Јован Оливер самостојно зазел некои области во Македонија, а некои од византиските феудалци околу [[Кочани]] не се предале на српскиот владетел туку на Јован Оливер.
Јован Кантакузин истакнува дека во царството на [[Стефан Душан]] имало 24 највлијателни велможи, а меѓу нив Јован Оливер бил најмоќен. Тој имал релативен суверенитет што им се давал на таканаречените ''краишници'' кои биле заповедници на пограничните области и имале поширока политичка иницијатива за одбраната на границите. Оливер добро напредувал во српското царство и за кратко време ги поминал сите степени во српската дворска хиеррархија, почнувајќи од командант на копнената војска стигнувајќи до титулата ''деспот''. Во текот на српските завладувања во [[Источна Македонија]] Оливер земал видно учество во нив и тоа му помогнало да стане еден од најблиските и највлијателните феудалци на [[Стефан Душан]]. Во [[1341]] година како ''велик слуга'' Јован Оливер самостојно зазел некои области во [[Македонија]], а некои од византиските феудалци околу [[Кочани]] не се предале на српскиот владетел туку лично на Оливер. Богатството кое го имало како и највисоката титула, после српскиот цара, што ја достигнал со текот на времето му овозможувале да поседува поголема самостојност во српското царство во споредба со другите феудалци како и да прави планови во личен интерес <ref name="AA"><small>''Александар С. Атанасовски, Македонија во XIV - докторска дисертација, Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје, Филозофски факултет - Институт за историја''</small></ref>.


=== Титули===
=== Титули===

Преработка од 00:46, 22 мај 2010

Деспот Јован Оливер
Роден Јован Оливер
околу 1310 година
Починал околу 1355 година
Националност Нема согласност за неговото потекло. Постојат претпоставки дека бил Грк, Србин или Македонец
Познат Еден од најмоќните луѓе во српското царство и ктитор на Лесновски манастир, црква Света Софија, црква Св. Димитрија во Кочани...
Занимање феудалец во Македонија
Сопружник Ана - Марија
Деца Крајко, Даница, Дамјан, Видослав, Дабижив,Гусин и Оливер

Јован Оливер бил еден од најмоќните и најбогати феудалци во рамките на Српското царство под власта на цар Душан. Неговите феудални владенија се наоѓале во Источна Македонија и во негова сопственост се наоѓале рудниците Саса и Злетово. Како ктитор се јавува на неколку цркви и манастири во Македонија.

Првите години

Првиот сигурен податок за Оливер потекнува од времето на царот Стефан Душан кога на 28 јуни 1336 година пред дубровничкиот кнез Никола Фалетра излегол:

Oliver Gherchinich baro domini Regis Rahie et cener Charvide [1] [2]

Името на Оливер потоа се сретнува во преговорите кои биле водени во 1336 - 37 година помеѓу византискиот цар Андроник III Палеолог и Стефан Душан и тогаш најверојатно Оливер се спријателил со Јован Кантакузин [3]. Неговата кариера може да се следи со сигурност во периодот од 1336 до 1355 година.

Положба во српското царство

Јован Кантакузин истакнува дека во царството на Стефан Душан имало 24 највлијателни велможи, а меѓу нив Јован Оливер бил најмоќен. Тој имал релативен суверенитет што им се давал на таканаречените краишници кои биле заповедници на пограничните области и имале поширока политичка иницијатива за одбраната на границите. Оливер добро напредувал во српското царство и за кратко време ги поминал сите степени во српската дворска хиеррархија, почнувајќи од командант на копнената војска стигнувајќи до титулата деспот. Во текот на српските завладувања во Источна Македонија Оливер земал видно учество во нив и тоа му помогнало да стане еден од најблиските и највлијателните феудалци на Стефан Душан. Во 1341 година како велик слуга Јован Оливер самостојно зазел некои области во Македонија, а некои од византиските феудалци околу Кочани не се предале на српскиот владетел туку лично на Оливер. Богатството кое го имало како и највисоката титула, после српскиот цара, што ја достигнал со текот на времето му овозможувале да поседува поголема самостојност во српското царство во споредба со другите феудалци како и да прави планови во личен интерес [4].

Титули

Во повелбата од 7 декември 1336 - 37 година издадена на црквата св. Димитриј во Кочани, Јован Оливер бил потпишан како:

велики слуга све српске земље и поморске [5]

Оваа властелинска повелаба е единствената која била запишана според владетелски формулар и со крстови на почетокот на текстот и пред потписот на Јован Оливер. Во 1341 година на натписот од Лесновскиот манастир се спомнува Јован Оливер со титулата велики војвода, а со оваа титула се наведува и во ктиторскиот натипс од Лесново. На монограмот во кубето од реновираната црква на манстирот во Лесново Јован Оливер е наведен со титулата севастократор. Со титулата деспот првапат се спомнува во Повелбата на Цар Душан на манастирот Лесново каде стои

и подари деспот царства ми [6]

Имоти

Потекло

Ктиторство

Извори

За неговата личност се зачувани современи податоци пред се во грамотите што Јован Оливер ги издал на црквата св. Димитриј во Кочани 1336 - 1337 година [7] и на манстирот во Лесново [8], како и ктиторскиот натпис во истиот манастир. Неговото име е забележано и житието на св. Гаврил Лесновски [9] како и во прилогот од 1342 година. Од Современите извори за него пишувале Јован Кантакузин [10] и Никита Грегора [11].

Фусноти

  1. К. Јирерчек, Споменици српски - споменики, 1895, 25 лист, Историја Срба. том еден, 222 и белешка 49.
  2. J. Рдонић, О Деспоту Јовану Оливеру, 79.
  3. Б. ферјанић, Душан и српска властела, 189.
  4. Александар С. Атанасовски, Македонија во XIV - докторска дисертација, Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје, Филозофски факултет - Институт за историја
  5. Л. Славева, Српски грамоти, 148
  6. Архимандрит Леонид, Хрисовуља цара Стефана 287 - 296.
  7. С. Новаковић, Законски споменици, 662.
  8. К. Николајевић, Српски комнени, 296
  9. Й. Иванов. Български старини из Македония, София, 1970.
  10. Cant. II. 257 - 277
  11. Greg. II. 638 - 640

Надворешни врски