Охридска пастрмка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
StanProg (разговор | придонеси)
с правопис + ситни
с Бот Додава: es:Salmo letnica
Ред 46: Ред 46:
[[de:Ohridforelle]]
[[de:Ohridforelle]]
[[en:Ohrid trout]]
[[en:Ohrid trout]]
[[es:Salmo letnica]]
[[pl:Salmo letnica]]
[[pl:Salmo letnica]]
[[sr:Пастрмка охридска]]
[[sr:Пастрмка охридска]]

Преработка од 17:08, 11 мај 2010

Охридска пастрмка
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Actinopterygii
Ред: Salmoniformes
Семејство: Salmonidae
Род: Salmo
Вид: S. letnica
Научен назив
Salmo letnica
Караман, 1924

Охридска пастрмка (латински: Salmo letnica) e ендемна слатководна риба што живее во Охридското Езеро, а припаѓа на фамилијата Пастрмки. Неколку локални називи се летница, струшка пастрмка, охридска белвица. Максималната должина се движи од 25 до 60 cm, а максималната тежина е 15,8 kg. Се мрести од март до мај.

Подврсти

Охридската пастрмка се јавува во три подврсти и тоа:

  • Летница (латински: Salmo letnica Balcanicus) - се мрести на зима
  • Струшка пастрмка (латински: Salmo letnica Typicus) - се мрести на зима, а меѓу мрестењето на оваа раса и расата S.L.Baclanicus (струшка) има разлика од барем еден месец.
  • Охридска белвица (латински: Salmo letnica Aestivalis) - се мрести на лето периодот од мај до јули

Опис и градба

Охридската пастрмка се разликува од поточната пастрмка по сплеснатото тело, по малата глава и ѕвездестите сиви пеги по телото. Бојата на месото е кај некои бела, а кај некои розевкаста.

Навики, живеалиште, распространетост

Охридската пастрмка е ендемна рибна врста на Балканот и во Европа. Таа е најблизок предок на врстите што живееле на тоа подручје уште од периодот на терциерот.

Охридската пастрмка секогаш живее во Охридското Езеро. Денот го поминува во длабочините и на места што се доста оддалечени од брегот, а на површината на водата испливува навечер, кога лови муви. Понекогаш приоѓа до самиот брег, во плитките води, барајќи храна од подводните растенија.

Охридската белвица се наоѓа само во најдланоките места на езерото и тоа до 200 м и се мрести на зима како поточна пастрмка поточната пастрмка. Се почесто се лови, па се претпоставува дека и се заканува истребување.

Размножување

Охридската пастрмка се мрести од март до мај, а мелезите се настанати со вкрстување на поточната и охридската пастрмка, по телото имаат наизменично распоредени црвени округли и сиви ѕвездести пеги како летницата.

Референци