Васил Тоциновски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
с Бот: Промена на шаблон: Биог-никулец
Ред 8: Ред 8:
Добитник на наградите: „Гоце Делчев“, „Климент Охридски“, „Крсте Мисирков“, „Димитар Митрев“, „Ванѓа Чашуле“, „Девети Ноември“ на град Велес, на Културно-просветната заедница на Македонија и на Авторско-правната агенција на Македонија.

{{Никулец за биографија}}
{{Биог-никулец}}

[[Категорија:Македонски писатели|Тоциновски Васил]]
[[Категорија:Македонски писатели|Тоциновски Васил]]

Преработка од 12:08, 25 април 2010

Васил Тоциновски (с. Стојаково, Гевгелиско на 22 август 1946) е македонски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и преведувач. Тој е еден од најплодните современи македонски автори. Пишува проза и поезија, како за деца така и за возрасни. Уредник е на списанието за литература и култура „Современост“ од Скопје.

Пред македонската и светската јавност е познат повеќе како научен работник, истражувач на македонската литературна историја. Во тој правец, има големи заслуги во откривањето на животната судбина и литературното дело на „дводомните писатели“ од македонско потекло, т.е. Македонците кои живееле и твореле во туѓа јазична средина.

Автор е на книгите: Тајна во сонот (поезија, 1972), Настан во автобусот (хуморески, 1974), Птици во кругот (раскази, 1978), Отворена врата (поезија, 1979), Моќ на поетската реч (книжевноисториски студии, 1980), Ден за игра (поезија, 1981), Свилена буба (хуморески, 1982), Гласот што се чека (раскази, 1983), Криенка (поезија за деца, 1985), Отвори четири очи (раскази за деца, 1986), Живот и сцена (монографија, 1987), Светлина и текови (книжевноисториски студии, 1987), Мегдан за игра (роман за деца и млади, 1989), Зборот куршум и динамит (монографија, 1990), Поет изгнаник (монографија, 1990), Златокосото дете (роман за деца, 1992), Трета казна (раскази, 1993), Збор на времето (есеи и критики, 1993), Жаров бунтар и буревесник (монографија, 1994), Низ книжевниот континуитет (книжевно-историски студии, 1996), Коле Неделковски (монографија, 1997), Трагачи по вистината(книжевно-историски студии, 1998), Тројца кружочници (студии, 1998), Судбини на откорнатикот (книжевно-историски студии, 1998).

Добитник на наградите: „Гоце Делчев“, „Климент Охридски“, „Крсте Мисирков“, „Димитар Митрев“, „Ванѓа Чашуле“, „Девети Ноември“ на град Велес, на Културно-просветната заедница на Македонија и на Авторско-правната агенција на Македонија.

Предлошка:Никулец за биографија