Македонски парламентарни избори (1990): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Бот: козметички промени
Ред 12: Ред 12:
Поради распоредот на силите во [[Собрание на Република Македонија|Собранието]] настанаа сериозни тешкотии во однос на формирањето на влада. На крајот се пристапи кон формирање на [[техничка влада]]. Мандатот му беше доделен на [[Никола Кљусев]], кој состави [[Влада на Република Македонија од 1991‎|свој кабинет]] и кој на [[20 март]] ја доби довербата од пратениците на Македонското собрание.

==Надворешни врски==
== Надворешни врски ==
* [http://www.sobranie.mk/mk/default.asp?vidi=pratenicki_sostav&MandatID=1 Пратенички состав 1991 - 1994]
* [http://www.sobranie.mk/mk/default.asp?vidi=pratenicki_sostav&MandatID=1 Пратенички состав 1991 - 1994]

Преработка од 03:48, 18 април 2010

Парламентарните избори 1990 година се првите парламентарни избори што се одржани во Република Македонија (тогаш се уште Социјалистичка Република Македонија), по воведувањето на политичкиот плурализам. Најповеќе мандати освои ВМРО ДПМНЕ, 38, а следна партија беше дотогашната единствена и владејачка партија СКМ-ПДП.

Изборите се одржаа според мнозинскиот изборен систем при што територијата на републиката беше поделена во 120 изборни единици. Учествуваа 18 политички партии и 43 независни кандидати. Првиот круг се одржа на 11 ноември 1990 година, а вториот – на 25 ноември. Гласачкиот одзив во првиот круг беше 84,8%, а во вториот 76,8%.

Главна тема на изборите беше статусот на СР Македонија во југословенската федерација и прашањето дали треба да се продолжи по пат на поголема самостојност.

Мандати во новото еднодомно собрание освоија девет партии и три независни пратеници. ВМРО ДПМНЕ освои 38 мандати, СКМ-ПДП 31, Партијата за демократски просперитет 22, Сојузот на реформски сили 18, Социјалистичката партија на Македонија 4, Странката на Југословените 2 и по еден мандат Народната демократска партија и Партијата за целосна еманципација на Ромите.

Првата конститутивна седница се одржа на 8 јануари 1991 година.

Поради распоредот на силите во Собранието настанаа сериозни тешкотии во однос на формирањето на влада. На крајот се пристапи кон формирање на техничка влада. Мандатот му беше доделен на Никола Кљусев, кој состави свој кабинет и кој на 20 март ја доби довербата од пратениците на Македонското собрание.

Надворешни врски