Панкреас: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 12: Ред 12:
* Клетки на [[Лангерхансови островца|лангерхансовите островца]] - во кои се синтетизираат хормоните.
* Клетки на [[Лангерхансови островца|лангерхансовите островца]] - во кои се синтетизираат хормоните.

Значи, ацинусите се егзокрината компонента на панкреасот, додека лангерхансовите островца се ендокрината. Од своја страна, лангерхансовите островца се изградени од два типа на клетки, и тоа α клетки и β клетки. Првите го излачуваат глукагонот, за разлика од вторите чијашто функција е лачење на инсулин.

== Физиологија ==
== Физиологија ==

Преработка од 03:29, 18 април 2010

Панкреасот и дванаесетпалечното црево

Панкреасот или поджелудочната жлезда е жлезда со двојно лачење - егзокрино (надворешно) и ендокрино (внатрешно). Оваа жлезда е сместена под желудникот, веднаш до дванаесетпалечното црево, со кое е и анатомски поврзана преку панкреасниот канал.

Егзокрината функција на панкреасот е претставена со лачењето на панкреасниот сок, кој има важна улога во варењето на храната во дигестивниот систем. Токму затоа често панкреасот се смета како дел од овој систем. Ендокрината функција на поджелудочната жлезда се состои во лачењето на два мошне значајни хормони - инсулин и глукагон, кои учествуваат во регулацијата на нивото на глукоза (во секојдневието познато како шеќер) во крвта, односно состојбите на хипогликемија и хипергликемија.

Хистологија

Панкреасот, како и сите други жлезди, настанува од жлездениот епител. Тој е обвиен со обвивка од сврзно ткиво, наречена капсула. Внатрешноста на панкреасот е составена од два вида на клетки:

  • Ацинусни (клетки поредени во грозд-форма) - во кои се синтетизираат компонентите на панкреасниот сок
  • Клетки на лангерхансовите островца - во кои се синтетизираат хормоните.

Значи, ацинусите се егзокрината компонента на панкреасот, додека лангерхансовите островца се ендокрината. Од своја страна, лангерхансовите островца се изградени од два типа на клетки, и тоа α клетки и β клетки. Првите го излачуваат глукагонот, за разлика од вторите чијашто функција е лачење на инсулин.

Физиологија

Егзокрина функција на панкреасот

Панкреасниот сок се излачува од панкреасот преку панкреасниот канал во дванаесетпалечното црево. Тој е смеса од протеолитички ензими во форма на проензими (неактивна форма на ензимот) - трипсиноген и химотрипсиноген. Тие се активираат во тенкото црево во трипсин и химотрипсин. Овие ензими ги разложуваат протеините до прости белковини и амино киселини. Во панкреасниот сок има и два ензими кои ги разложуваат нуклеинските киселини (ДНК и РНК) до мононуклеотиди. Дневната количина на излачен панкреасен сок е од 800 до 1500 cm3.

Ендокрина функција на панкреасот

Основната физиолошка улога на инсулинот е намалување на концентрацијата на глукозата во крвта (хипергликемично дејство) и го овозможува преносот на глукоза преку клеточната мембрана.

Глукагонот има спротивно, антагонистичко дејство од инсулинот врз концентрацијата на глукоза во крвта. Тоа значи дека глукагонот, при состојба на хипогликемија, ја зголемува концентрацијата на гроздовиот шеќер во крвта. Тоа го остварува преку разградување на резервниот јаглехидрат гликоген во црниот дроб до глукоза (процес познат и како гликогенолиза).

Регулацијата на лачењето на овие два хормона од страна на панкреасот се остварува со количеството на глукоза во крвта. Врз секрецијата на инсулинот влијае и вегетативниот нервен систем. Притоа, парасимпатикусот ја зголемува, а симпатикусот ја намалува неговата секреција.