Михаил Герџиков: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Image:Mihail-Gerdzhikov.jpg|мини|лево|130п|Михаил Герџиков]]
[[Податотека:Mihail-Gerdzhikov.jpg|мини|лево|130п|Михаил Герџиков]]
{{Шаблон:Анархизам}}
{{Шаблон:Анархизам}}


Ред 17: Ред 17:
{{биог-никулец}}
{{биог-никулец}}


==Надворешни врски==
== Надворешни врски ==
*[http://www.plovdivguide.com/figures/fig.php?id=504&lang_id=2&alpha=M Биографија на Герџиков] {{bg}}
* [http://www.plovdivguide.com/figures/fig.php?id=504&lang_id=2&alpha=M Биографија на Герџиков] {{bg}}


[[Категорија:Дејци на ВМОРО|Г]]
[[Категорија:Дејци на ВМОРО|Г]]

Преработка од 20:02, 17 април 2010

Михаил Герџиков

Михаил Герџиков (бугарски: Михаил Герджиков) (Пловдив, 26 јануари 1877 година - Софија, 18 март 1947 година) бил бугарски анархист и револуционер кој се вклучи во македонско-одринското народно-ослободително движење.

Средно образование учи во бугарската гимназија во Пловдив. Во 1897 година заминува за Швајцарија, каде студира правни науки во Лозана и Женева. Еден е од најистакнатите претставници на анархистичкиот Македонски таен револуционерен комитет. Во учебната 1899/1900 година под името Тодор Луканов е учител во гимназијата во Битола. Во октомври 1900 година е четник во четата на Христо Чернопеев во Кукуш. По решение на ЦК определен е за претставник на Организацијата во Одринскиот револуционерен округ, а подоцна и за ревизор на четите во источниот дел на Одринско. Во текот на Преображенското востание во 1903 година практично раководи со Бојното тело и по негова команда со четите на Иван Варналиев и Христо Силјанов е заземено селото Василико.

Анархист по убедување, Герџиков во македонското револуционерно движење е голем противник на Борис Сарафов. По директива на задграничните претставници на Организацијата во Софија, дури лично престојувал во Белград кон крајот на 1903 година за да ги следи предавничките акти на Борис Сарафов. По востанието тесно соработува со левите сили во револуционерното движење. Подоцна, кон 1919 година во Софија учествува во издавањето на списанието „Билтен“. Тој е еден од потписниците на познатиот Апел од 1919 година во кој се пласира идејата за автономна Македонија.

По превратот од 1923 година е принуден да ја напушти Бугарија и заминува во Цариград. По формирањето на ВМРО (Обединета), Герџиков станува нејзин член. Но поради нејзиното потпаѓање под комунистичко влијание, во 1929 година се отцепил од неа и формирал нова национална фракција.

По Втората светска војна како анархист е репресиран од комунистичкиот режим. Умрел во 1947 година во Софија.

Неговите спомени во 1995 година беа издадени во Република Македонија.

Надворешни врски