Дефекација: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: lv:Izkārnīšanās
с Бот: козметички промени
Ред 11: Ред 11:
Зачестеноста на дефекацијата кај [[луѓе]]то изнесува од 3 пати на ден до 3 пати седмично.
Зачестеноста на дефекацијата кај [[луѓе]]то изнесува од 3 пати на ден до 3 пати седмично.


==Референци==
== Референци ==
{{reflist}}
{{reflist}}



[[Категорија:Дигестивен систем]]
[[Категорија:Дигестивен систем]]

Преработка од 15:53, 17 април 2010

Дефекацијата е завршен чин од варењето на храната кога организмот ги исфрла во надворешната средина отпадните производи од варењето т.е. изметот[1]. Поимот дефекација доаѓа од грчкиот збор feces што значи измет и de што значи да се отстрани.

Дефекација во клечечка положба

Кога ректумот е полн, доаѓа до зголемување на внатрешноректалниот притисок кој ги шири ѕидовите на аналниот канал, овозможувајќи им на отпадните материи да влезат во каналот. Со притисокот ректумот се извиткува и со т.н. перисталтичен бран ги турка овие материи надвор од ректумот. Мускулите на внатрешниот и надворешниот сфинктер го отвораат анусот и овозможуваат отпадните материи (изметот) да бидат исфрлени надвор.

Во нормални услови дефекацијата се одвива врз принцип на два механизма:

  • нагонско (рефлексно) празнење на цревата условено со работата на дебелото црево. Дебелото црево е резервоар за содржината, но тоа го контролира сфинктерот (мускул во облик на прстен) кој се отвора при празнењето на цревата и се затвора при завршувањето на празнењето
  • отворањето и затворањето на прстенестиот мускул (сфинктер) го регулира празнењето на цревата, а при тоа постои и свесна контрола (преку мозокот), со која можеме да ја задржиме или одложиме дефекацијата, односно имаме јасно сознание за празнењето на цревата.

Зачестеноста на дефекацијата кај луѓето изнесува од 3 пати на ден до 3 пати седмично.

Референци

  1. Defecation Encyclopædia Britannica (анг.)