Софија Тренчовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Софија Тренчовска
Родена 9 октомври 1975
Струмица, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање филолог, писател, културен активист

Софија Тренчовска (родена на 9 октомври 1975 во Струмица)[1] е македонски филолог, писател и и културен активист. Уредник е на „Проект Растко – Македонија“, дигитална библиотека на културата и традицијата на Македонија.[2] Живее и работи во Велика Британија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Основно и средно економско училиште завршила во родниот град. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде посетувала и постдипломски студии (магистерска теза „Митопоетиката во раните драми на Јордан Плевнеш“) и завршила докторски студии. По професија е дипломиран филолог по македонска и јужнословенска книжевност, со општа и компаративна книжевност. Моментно е докторски кандидат.

Извесно време работела како новинар во културната редакција на дневниот весник Вечер каде што пишувала текстови од областа на образованието, литературата и филмот и направила интервјуи со повеќе значајни личности од културата и уметноста.

Била ангажирана во подготовка и приредување на повеќе книжевни изданија, а од основањето (2007) е уредник на електронското издание “Проект Растко – Македонија“.[3] Учествува на меѓународни симпозиуми и научни собири. Пишува и објавува текстови од областа на книжевноста и уметноста во повеќе периодични печатени и електронски списанија, меѓу кои: Премин, Акт, Современост, Сум, Македоника, Mediantrop и др.

Преведува од англиски, српски, хрватски и бугарски на македонски.

Со сопругот Горан Тренчовски е со-основач на Интернационационалниот филмски фестивал Астерфест, при што е главен помошник во реализацијата.

Трудови (избор)[уреди | уреди извор]

Авторски текстови[уреди | уреди извор]

  • „Кичот како уметност“, Лоза, бр. 5, 1997, 9-10 стр.
  • „Комичната маска на Бен Акиба“, Театарски гласник, бр. 47, 1999, 55-56 стр.
  • „За филмскиот медиум“, Акт, бр. 24, 29.10.2007, 50-51 стр.
  • „Виртуелен македонски хронотоп“, Акт, бр. 25/26, 28.03.2008, 53-54 стр.
  • „Демонолошките битија во македонските волшебни приказни“, Акт, бр. 33/34, 31.07.2009, 52-64 стр.
  • „Мотивот на чудесното раѓање во македонските волшебни приказни“, Сум, бр. 64, 2009, 95-103 стр.
  • „Ѕвездени мигови на свето место“, Премин, бр. 59/60, 2009, 58-59 стр.
  • „Силјан штркот како психоаналитична приказна“, Акт, бр. 40/41, 08.04.2011, 58-64 стр.
  • „Постмодерен распад на еден имагинарен систем“, Акт, бр. 46, 17.08.2012, 42-49 стр.
  • „Слав Драгота на Чернодрински и причините за поразот на Беласица“ во: Самуиловата држава во историската, воено-политичката, духовната и културната традиција на Македонија, зборник, Завод и Музеј Струмица, 2015, 298–304 стр.
  • Фокализацијата во ‘Табакерата’ на Абаџиев Архивирано на 27 август 2016 г.“, Медиантроп, бр. 10-11/IV, мај-јуни 2015, Белград.
  • „‘Еригон’ како прва постмодернистичка драма во Македонија“, Современост, бр. 2/LXV, 2015, 104–107 стр.
  • Една митопоетика (книга), Македоника литера, Скопје, 2015, 164 стр., ISBN 978-608-4614-94-4
  • Дело и знак (книга), Македоника литера, Скопје, 2018, 160 стр., ISBN 978-608-252-078-0

Преведувач[уреди | уреди извор]

Уредник, директор[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Софија Тренчовска — био-библиографија, Проект Растко - Македонија
  2. Македонската традиција во дигитална библиотека „Растко“ Архивирано на 24 септември 2016 г., Утрински весник, 17. 8. 2009.
  3. „Дигитална библиотека: Бесплатни книги на порталот Растко“ Архивирано на 20 декември 2014 г., Вечер, 10 март 2008
  4. „Промоција на ЦД-то 15 роднокрајци од Струмица“ Архивирано на 20 декември 2014 г., Премин портал, 14 декември 2008

Надворешни врски[уреди | уреди извор]