Сотирија Белу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сотирија Белу
Податотека:Sotiria Bellou.jpg
Животописни податоци
Роден(а)22 август 1921(1921-08-22)
Дросија (Евбеја), Грција
ПотеклоГрција
Починал(а)август 27, 1997(1997-08-27) (возр. 76)
Болница Метакса, Атина
ЖанровиРебетико
ЗанимањаПејачка
Период на активност1941–1994
СоработнициВасилис Цицанис, Маркос Вамвакарис

Сотирија Белу (грчки: Σωτηρία Μπέλλου) (22 август 1921 – 27 август 1997) беше позната грчка пејачка и изведувач на грчкиот ребетико стил на музика.[1] Таа беше една од најпознатите ребетиси[2], била споменувана во многу музички водичи и исто така била контрибутор на британскиот документарен филм Музиката на аутсајдерите. На 14 март 2010 година Алфа ТВ ја рангира Белу како 22-ти најсертифициран женски артист од фонографската ера на нацијата (од 1960 до денес).[3]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Белу е родена во Халија (денес наречена Дросија, дел од градот Халкида) на островот Евбеја. Таа беше најстара од петте браќа и сестри на едно богато семејство. Нејзиниот дедо Сотирис Папасотириу, по кој била наречена, беше православен свештеник во Шиматари. Како мало девојче, Сотирија често одела во црква заедно со нејзиниот дедо и ги апсорбирала верските звуци и византиските химни. Таа почна да пее на возраст од три години и наскоро почна да прави и сопствени гитари од жици и дрво. Нејзиниот татко, Киријакос Белос, имаше самопослуга во Неаполис во северниот дел на Халкида. Филмот "I prosphygopoula" во кој глумела популарната пејачка Софија Вембо беше катализаторот кој ја поттикна Сотирија да започне уметничка кариера. По откривањето на амбициите на својата ќерка, нејзината мајка Елени ја тепала бидејќи како конзервативна жена од тоа време таа не сакала нејзината ќерка да има вакво занимање. Сепак, нејзиниот татко ѝ купил гитара и ѝ ги плаќал приватните часови.[4]

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 1940 година Сотирија одлучи да се пресели во Атина. Нејзиното пристигнување во Атина се совпадна со почетокот на Втората светска војна (28 октомври 1940 година – денот кога Италија ѝ прогласи војна на Грција) и со тоа започна нов период во нејзиниот живот полн со предизвици. Нејзиното семејство целосно изгуби допир со неа. Тие повторно ја пронашле по седум години, пеејќи со легендарниот композитор на ребетико Василис Цицанис. Во меѓувреме, таа работела како помошничка во куќата на еден богат адвокат, како продавачка на пастели, како носач на багаж и на многу други работни места. Една ноќ таа работела како келнерка во ребетико клуб во соседството Егзархија во Атина и по облог со клиентите испеала две песни. Таа вечер во клубот беше и Кимонас Капетанакис кој го препозна нејзиниот вистински талент. Тој ја запозна со Цицанис, кој веднаш стана љубител на нејзиниот моќен и мелодичен глас и со кого таа ја снимила првата од многуте нејзини грамофонски плочи.

Во декември 1948 година, по напад од страна на група на десничари, таа го напушти клубот "Цимис о Хонтрос" и почна да работи во "Панагаки" со Маркос Вамвакарис.

Таа пееше во најдобрите музички клубови на Атина, како што Росиниол, Цимис о Хонтрос, Хидра, Тријана, Фалирикон и многу повеќе.[5] Како што времето се менувало, така и ребетико повеќе не бил популарен. Сотирија, како и многу други уметници од нејзината генерација не можеле да најдат многу работа во ноќните клубови. Средината на 1960-тите години донесе со себе и чувство на културно будење и возобновен интерес за ребетико меѓу младите луѓе, кој го достигна својот врв во 1980-тите. Песните на Сотирија беа доста популарни и помогнаа да се воведе нова ера за ребетико.

Дела[уреди | уреди извор]

За време на нејзината кариера од 1941 до 1976 година таа соработувала со најдобрите композитори на ребетико. Некои од нејзините најголеми хитови биле:

  • Синефијасмени Кириак (Συννεφιασμένη Κυριακή) (Облачна недела) од Василис Цицанис
  • Кавуракија (Καβουράκια) by Vassilis Tsitsanis
  • Отан пинеис стин таверна (Όταν πίνεις στην ταβέρνα) од Василис Цицанис
  • Кане лигаки ипомони (Κάνε λιγάκι υπομονή) од Василис Цицанис
  • Пос та пересеи и врадија (Πώς θα περάσει η βραδιά) од Јанис Папајоану
  • Кане курајио кардија му (Κάνε κουράγιο καρδιά μου) од Јанис Папајоану
  • Аноиксе, аноиксе (Άνοιξε, άνοιξε) од Јанис Папајоану
  • О нафтис (Ο ναύτης) од Ѓоргос Митсакис
  • То свисо фанари (Το σβηστό φανάρι) од Ѓоргос Митсакис
  • Ејпа на свисо та палија (Είπα να σβήσω τα παλιά) од Апостолос Калдарас
  • Лајко Цигаро (Λαϊκό τσιγάρο) од Апостолос Калдарас

Активизам[уреди | уреди извор]

Белу исто така беше и политички активист, кој се приклучи на грчкиот отпор против окупацијата на Грција за време на втората светска војна. Таа беше фатена од страна на Нацистите, мачена, а потоа и затворена. Во 1944 година таа учествувала во Грчката граѓанска војна како член на Грчката народна ослободителна војска (ELAS). За време на граѓанската војна таа ги поддржувала левичарите и беше фатена и чувана во притвор најмалку еднаш.

Членовите на екстремистичките десничарски групи никогаш не ѝ опростиле за нејзиниот политички став и нејзиното учество во Грчката граѓанска војна и во еден инцидент тие дури го посетија клубот "Цимис о Хонтрос" каде што таа пеела на сцена со Перистерис, Касиматис, Керомитис, Стејлос, Рукунас и Туркакис и побарале од неа да испее позната десничарска песна. По нејзиното одбивање таа беше претепана од шест членови на ројалистичката група Х, исто така позната и како "Хитес" (Χίτες), кои ѝ се заканиле дека ќе ја убијат и ја нарекле "вулгара" (бугаринка). Години подоцна таа продолжи да ги изразува своите поплаки дека никој во клубот и никој од нејзините колеги не застана да ја одбране.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Во 1938 година, на возраст од 17 години таа го запозна нејзиниот иден сопруг Вангелис Тримурас. Нејзиниот татко го договорил нејзиниот брак и покрај нејзините приговори бидејќи тој сметал дека нејзиниот сопруг може да ја "скроти". Нивниот брак траеше само шест месеци бидејќи тој ја тепал, предизвикувајќи го дури и нејзиниот спонтан абортус. За време на една од нивните караници таа реагираше со фрлање на корозивни киселини во неговото лице. Таа беше осудена на три години и три месеци затвор. Таа помина три месеци во затвор во Халкида пред судењето и еден месец во Авероф во Атина. Таа апелираше и нејзината казна беше намалена на шест месеци. Откако платила кауција таа се врати во нејзиниот роден град, каде што таа беше третирана со непријателство и често била тепана од страна на нејзините роднини за срамот што таа наводно го донесе на нејзиното семејство.

Сотирија отворено беше лезбијка во време кога тоа беше практично нечуено.[6]

Во нејзиниот личен живот, таа имаше две големи слабости: коцкање и алкохол, кои на крајот довеле до сиромаштија. Таа беше третирана во психијатриска клиника во најмалку една прилика.

Болест и смрт[уреди | уреди извор]

Иако таа беше особено обожавана од страна на уметниците, критичарите и јавноста, таа беше сама и игнорирана кон крајот на нејзиниот живот. Само мал број на луѓе ја поддржувале во последните фази од нејзината долга борба со рак на грлото, со кој таа беше дијагностицирана во 1993 година. Таа починала во Атина на 27 август 1997 година и беше погребана според нејзино барање во Првото гробиште на Атина до Василис Цицанис.

Наследство[уреди | уреди извор]

Нејзиниот талент привлекувал голем број на познати личности и таа имаше многу познати обожаватели. Меѓу нив беше и познатиот грчки сликар Јанис Царухис кој се расплакувал секогаш кога го слушал нејзиното пеење. Парадоксално, владата никогаш не ја почести за време на нејзиниот живот, најверојатно поради нејзината контроверзна личност. Само по нејзината смрт таа почна да биде хонорирана.

Нејзината биографија била објавена во 1998 година под наслов "Sotiria Bellou - Pote dortia pote exares". Авторот на биографијата исто така напиша и театарска игра со наслов "Sotiria me lene", спонзорирана во 2008 година од страна на Грчката радиодифузна корпорација (ЕРТ) со Лида Протопсалти како главна глумица.[7]

Забелешки и наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kotarides Nikos, Ρεμπέτες και ρεμπέτικο τραγούδι. Athens, Plethron, 1996
  2. A female singer of rebetiko is called in Greek ρεμπέτισσα (rebetisa), plural ρεμπέτισσες (rebetises).
  3. Chart Show: Your Countdown. Alpha TV. Airdate: 14 March 2010
  4. Αδαμίδου, Σοφία (1998), Σωτηρία Μπέλλου : Πότε ντόρτια, πότε εξάρες, Αθήνα (Athens): κδοτικός Οίκος Α. Α. Λιβάνη, ISBN 978-960-236-901-2 (Biography of Sotiria Bellou, in Greek.)
  5. „Για τη ... Σωτηρία της μνήμης της“. Rizospastis. 27 August 2000.
  6. Munt, Sally (1998), Butch/femme: Inside Lesbian Gender, Continuum International Publishing Group, стр. 171–5, ISBN 0-304-33959-8
  7. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2018-04-16.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]