Сигеберт III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сигеберт III
Крал на Франките од Австразија
Солидус на Сигеберт III искован во Марсеј. НБФ.
На престол19б јануари, 6391 февруари, 656
ПретходникДагоберт
НаследникХилдеберт III
Почивалиште
Манастир Сен-Мартен (Мец)
Жена
  • Химнехилда
ДецаБилхилда или Блихилда
Дагоберт II
Хилдеберт III
ДинастијаМеровинзи
ТаткоДагоберт I
МајкаРагнетруда

Сигеберт III, исто така познат и под името Св. Сигизбер, крал на Австразија, (630- 1 февруари 656), е постариот син на Дагоберт I и на Рагнетруда.

Животопис[уреди | уреди извор]

Крштевањето на Сигеберт III. Јаков Ворагински, 1348.

Сигеберт бил крстен во катедралата на Орлеан во присуство на Дагоберт, Елоа, Ега, Дадон, кралицата Нантилда, кралскиот благајник Ландежизел како и еден висок претставник на Бургундија. Владиката Аманд го вршел крштевањето а Хариберт II му бил кум на Сигеберт кој тогаш имал девет години[1].
Сигеберт, Рагнетруда и Арсенжизел отишле во Мец и се сместиле во кралскиот дворец во Монтињи.

Кралството на Австразија било освоено во 613 од страна на неговиот дедо Хлотар II со поддршка на австразиските аристократи кои подоцна си побарале свој крал, па така Хлотар го назначил син му Дагоберт, кој бил именуван кога станал полнолетен, во 623. По смртта на Хлотар, Дагоберт станал крал на Неустрија и на Бургундија, обединувајќи го франското кралство, а австразиските благородници повторно си побарале свој крал, па овој им го наззначил Сигеберт, во 633. По смртта на Дагоберт, Неустрија била доделена како наследство на неговиот помлад брат Хлодовик II, но моќта на кралството ја имал мајордомот Гримоалд.

Радулф, војвода на Турингија именуван од Дагоберт во 633 кренал бунт и ја победил кралската војска во 640 и станал независен. Во тек на тој поход, Гримоалд, син на Пипин Ланденски, го спасил животот на кралот и станал негов пријател. Тој откако со заговор го елиминирал мајордомот кој бил на функција, Отон, станал мајордом на Австразија. Кралот многу млад се оженил со Имнехилда (Химнехилда). После неколку години, тие сЌе уште немале деца па Гримоалд го убедил дека нема да има наследници [2]. Сигеберт допуштил Гримоалд да го избере тој што овој би го посвоил како негов иден наследник на престолот на Австразија, прекршувајќи ја така практиката изборот да биде направен од страна на советот на моќниците, леуди и владици признати од страна на Меровинзите. Тој успеал да го убеди кралот да го посвои неговиот сопствен син, со намера крстен Хилдеберт. Во 651, кралот го ставил својот печат врз декретот со кој го направил свој посвоен син Хилдеберт,кој тогаш имал петнаесет години[3]. Неколку месеци подоцна, Имнехилда забременила. Следната година таа родила син кој го носел името Дагоберт. Кралството на Австразија сега имало два наследника, леудите побарале од кралот да се одлучи во врска со наследството. Сигеберт изјавил дека тој веќе има положено завет. Ниеден владика не му објаснил на кралот дека во теологијата, заветот кој оди против законите и честа не е валиден [4]. Сигеберт бил убиен на 1 февруари 656, во една завера. Неговите посмртни останки се чувале во катедралата во Нанси, град каде тој е свет заштитник.

Мајордомот Гримоалд чувствувајќи се под акана, по смртта на кралот на 1 февруари 656, тајно го ошишал младиот Дагоберт, кој тогаш имал три години, во палатата во Мец. Во тек на ноќта, неговите суги го однеле детето во Болоња а потоа пловеле сè до Јорк. Тие му го предале Дагоберт на светиот владика Вилфрид за овој да го стави во манастир[5]. Протеран на островот Ирска, станал крал на Австразија од 676 до 679.

Потомство[уреди | уреди извор]

Се оженил со Химнехилда во 647. Од тој брак произлегле децата :

  • Билхилда или Блихилда (+убиена во 675) која се омажила за кралот Хилдерик II од Австразија, нејзиниот братучед;
  • Дагоберт II, крал на Австразија (652+679).

Свети Сигизберт и градот Нанси[уреди | уреди извор]

Иако градот се појавил после владеењето на австразискиот крал, војводите на кои им бил престолнина особено го славеле светиот крал и го прогласиле за заштитник на војводската престолнина. За оваа врска меѓу Нанси и Св. Сигизберт денес има бројни траги. Освен тоа што неговото име го носат познатите вајари од семејството Адам, Св. Сигизберт се вика и една гимназија а тој посебно се чествува во катедралата на Нанси.

Иако катедралата во Нанси е посветена на Пресвета Богородица, тука се оддава специјален култ на Св. Сигизберт чии рекливии стоеле недопрени илјада години сè до револуцијата. Статуа на светиот крал ја краси и фасадата а две слики го отсликуваат, едната, неговото крштевање а другата како кралот им служи на сиромашните. На левата апсидна капела има друга слика на Св. Сигизберт која ја претставува неговата апотеоза.

Наводи и белешки[уреди | уреди извор]

  1. Maurice Bouvier-Ajam, Dagobert Roi des Francs, éditions Tallandier, збир. « Figures de proue », 2000, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article185 .
  2. Ivan Gobry, Pépin le bref, éditions Pygmalion, збир. « Histoire des rois de France », Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article14 .
  3. Ivan Gobry, Ibid., p.15.
  4. Ivan Gobry, Ibid., p.16.
  5. Ivan Gobry, Ibid., p.16-17.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Saint Sigisbert Roi d'Austrasie (630-656), par l'Abbé Paul Guise - Collection « Les Saints », Librairie Victor Lecoffre - J. Gabalda éditeur, Paris, 1920. 182 pages.
  • Jean Verseuil, Les rois fainéants : de Dagobert à Pépin le Bref 629-751, édition Critérion, Paris, 1946 ISBN 2-7493-0136-0 Параметарска грешка во {{ISBN}}: Неважечки ISBN..