СУГС Гимназија „Орце Николов“ - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија

СУГС Гимназија „Орце Николов“

Место
Општина: Карпош
Место: Скопје
Адреса: Булевар „Илинден“ бр. 101
Основни информации
Основано: 1955
Директор: Митко Димовски
Број на ученици: 1134
Настава на: македонски, француски и англиски
Контактни информации
Портал orcenikolov.edu.mk
е-пошта gimnazija_orce@yahoo.com
info@on.edu.mk
тел. +389 23 065 565
факс +389 23 065 555

Средно училиште на Град Скопје - Гимназија „Орце Николов“ (СУГС Гимназија „Орце Николов“) е државно средно училиште во Скопје, Општина Карпош.

Основната дејност на училиштето е воспитание и образование, реализирани преку наставни планови и програми кои се одредуваат со законски прописи на Министерството за образвание и наука и Бирото за развој на образованието на Република Македонија.

Поглед на предниот дел од училиштето

Основање и развој[уреди | уреди извор]

Училиштето СУГС Гимназија „Орце Николов“ постои повеќе од 60 години.

Средното училиште на Град Скопје- Гимназија ,,Орце Николов“ започна со воспитно – образовна дејност во учебната 1955/1956 година, како училиште на српско-хрватски наставен јазик. Од учебната 1956/1957 година, во рамки на структурата на училиштето, се формира и првиот Училиштен одбор.

Од 1957/1958 наставата во гимназијата почнала да се одвива на македонски и на српско- хрватски јазик. По земјотресот, наставата на гимназијата се одвивала во просториите на тогашнитеосновни училишта ,,Браќа Миладиновци“ и ,,Кирил и Методиј“.

Од 1970 година, Училиштето започнува со својата дејност во новите простории на бул. ,,Илинден“ бб, во кои се наоѓа и денес. Периодот од 1970 до 1981 година е особено успешен период за училиштето, за што сведочат и многубројните награди, меѓу кои побитни се: „Ноемвриска награда“ (1974 година, за успешна работа на училиштето), „Климент Охридски“ (1979 година), „13 Ноември“ (доделена на Спортското друштво на училиштето во 1975 година, за најдобро организиран спортски живот).

Во 1982 и 1983, гимназијата се трансформираше во училиште за средно образование за електротехничка струка, насока слаба струја од трети и четврти степен на образование. Истовремено со електротехничката струка од учебната 1993/1994 година, постои и гимназиско образование - општа струка.

Од учебната 1993/1994 година истовремено со електро-техничката струка започнуваат со работа првите гимназиски паралелки.

Со решение на Училишниот одбор, во 2001 година заврши последната генерацијаученици од електро-техничка струка, со што училиштето се оформи како Државно средно училиште Гимназија ,,Орце Николов“.

Од 2007 година училиштето е верифицирано како Средно училиште на Град Скопје Гимназија „Орце Николов“-Скопје.

Верификација на училиштето[уреди | уреди извор]

Училиштето е основано со Решение на Републичкиот секретаријат за образование и наука бр. 7887 од 25.07 1955 година. Гимназиското образование, општествено–хуманистичко подрачје, природно– математичко подрачје и јазично– уметничко подрачје е верифицирано со Решение бр. 03- 2440/1 од 15.05 2004 година од Министерство за образование и наука.

Просторни можности и техничка опрема[уреди | уреди извор]

Просторните капацитети на Училиштето се простираат на вкупна површина од 22.229 м2. Објектот е во тврда градба, со приземје и спрат. Во рамки на Училишната просторна организација е изградена и фискултурна сала, во рамки на стандардниот објект. Во училиштето просторот се состои од: 23 училници (од кои 6 опремени со LCD проектори, 1 кабинет со SMART табла), 6 кабинети, библиотека со читална, кариерен центар, фискултурна сала и сала за фитнес, соодветно уредени спортски терени, зелена дворна површина, канцелариски простор, ходници, санитарни јазли и и други помошни простории.

Кабинет опремен со Smart табла за држење на настава од 21 век.

Во идната учебна година, училиштето ќе ја реализира воспитно – образовната дејност со расположливата техничка опрема и дидактички материјал.

Цели на училиштето[уреди | уреди извор]

Општи цели:

  • стекнување знаења, вештини и способности
  • развивање свест за критичко прифаќање на општествените и социјалните процеси и појави
  • поттикнување критичко и креативно мислење
  • рационална и творечка примена на иновации и нови идеи
  • применети знаења
  • слобода на мислење
  • флексибилност и адаптибилност во создавање ставови
  • воспитување на лична одговорност
  • запознавање со личните права и обврски
  • развивање свест за заштита на природата и човековата околина
  • развивање на потребата за доживотно учење
  • подготвеност за промени
  • развивање свесност за мултикултурализам и мулиетничка интеграција
  • подигнување на свесноста за професионалната ориентација и кариерното советување
  • унапредување на воспитно-образовниот процес преку воведување на современа компјутерска технологија

Посебни цели:

  • подигнување на квалитетот на наставата
  • развивање свест за професионално усовршување на наставниот кадар
  • интеграција на ученикот во наставниот процес како творечки субјект
  • активна соработка со родителите
  • опремување на училиштето со современи наставни средства
  • збогатување на библиотечниот фонд со стручна педагошко- психолошка литература
  • подобри интерперсонални односи
  • утврдување предлог- мерки и други начини за постигнување на редовноста на учениците во наставата
  • подигнување на еколошката свест кај сите структури во училиштето
  • самоевалуација на работата на училиштето интегриран пристап во наставата
  • подигање на свеста за справување со насилство
  • подигање на свеста за иновации и претприемништво во воспитно-образовниот процес
  • интензивирање на соработката со родителите (советување на родители)
  • реализирање активности кои промовираат мултитетничка интеграција
  • интензивирање на професионалната ориентација и кариерното советување како основа за избор на идна професија - Прилог бр. 14
  • зголемена употреба на современа компјутерка технологија во наставниот процес

Наставни програми[уреди | уреди извор]

Особено важно е постоењето и успешното работење на експерименталната програма настава на англиски јазик во една од паралелките од електротехничката струка, и тоа по предметите: Математика, Електроника, Електронски уреди и Основи на електротехниката. По оваа програма завршија четири генерации ученици. Со решение на училишниот одбор, во 2001 година го завршува своето образование и последната генерација од електротехничката струка, и останува само гимнзиско образование. Воспитно-образовната дејност се реализира на македонски јазик, а во една паралелка, во сите четири години, се реализира програма за гимназиско образование со билингвална настава. Во билингвалните паралелки, наставата по неколку предмети се изведува на француски јазик, и тоа: Математика, Информатика, Физика, Хемија, Историја и Биологија. Исто така од 2006 година воведени се и нови билингвални паралелки при кои наставата се изведува на англиски јазик. Предмети кои учениците ги изучуваат на англиски јазик се: Математика, Физика, Хемија, Историја, Биологија и Географија. За влез во овие елитни паралелки потребно е полагање на испит по англиски јазик.

Проектни Активности[уреди | уреди извор]

Поединечните интереси на учениците се реализираат преку изборот на проектни активности кои на учениците им нудат можност да ја реализираат својата креативност и потенцијали, надвор од редовната настава.Тие се изведуваат според стандардите пропишани од БРО и соодветен фонд на часови, во сите четири години, по слободен избор на ученикот и во зависност од капацитетите и можностите на училиштето. Учениците избираат една од понудените проектни активности, а како задолжителна се изведува Иновации и претприемништво.

I група

  • Култура за заштита мир и толеранција
  • Урбана култура

II група Активности од областа на музиката

III група Ликовно творечки активности

Во Орце секој може слободно да си ја изрази својата уметност.

IV група

  • Литературни клубови и драмски секции

V група Спортски активности

Кошаркарските терини на Орце Николов како дел од спортската сала

VI група Култура на здраво живеење

  • Црвен крст
  • Помош на деца со посебни потреби
  • Соработка со хуманитарни и невладини организации
  • Екологија и еколошки друштва
  • ГЛОБЕ

VII група-природна група предмети

VII група

Еко Активности[уреди | уреди извор]

Во годините што следуваат Училиштето продолжува активно да учествува во програмата „Еко–училиште“ во чии рамки се предвидени неколку активности. Постапките со кои ќе се реализираат активностите подразбираат вклучување на сите расположливи ресурси на Училиштето (ученици, наставници, родители, педагошко-психолошка служба, технички персонал), како и соработка со локалната власт и бизнис-заедницата.

Орце Николов активно го поддржува рециклирањето и класифицирањето на отпадот.

Професори[уреди | уреди извор]

Средното училиште „Орце Николов“ како и со своите многу други одлични одлики, може да се пофали и со најобразованиот наставен кадар од сите средни училишта во Скопје и пошироко. Дел од професорите се и:

Директор

  • Димовски Митко (01 Април 2018)

Македонски јазик и литература ( Говорење и пишување )

  • Далида Цветановска
  • Душко Стојановски
  • Лидија Јаневска
  • Черепналковска Сузана
  • Мицковска Роза
  • Тамара Ќупева
  • Љупка Боцевска

Англиски јазик

  • Анета Гајдарџиска
  • Весна Стефановска
  • Виолета Тодоровска
  • Кошчицовска Александра
  • Тренчев Сања
  • Лазеска Ивана
  • Сања Шанковска

Француски јазик

  • Мери Караџоска
  • Сузана Дулеска
  • Димеска Оливера

Германски јазик

  • Татјана Гацова
  • Мирчевска Атанасовска Наташа

Италијански јазик

  • Велевски Веле

Латински јазик

  • Даниела Ѓоргиева

Математика (Алгебра, Аналитичка геометрија, Математичка анализа)

  • Софија Брезоска Темелковска
  • Јелена Бабовиќ Најдова
  • Анастазија Велчовска Белевска
  • Билјана Јованчева
  • Раичевиќ Велковска Билјана
  • Катерина Хаџи - Ииловска
  • Мартиновска Славица
  • Стојановска Жаклина

Физика

  • Ивановски Зоран
  • Ристе Стојанов
  • Светлана Наумовска
  • Елизабета Поповска
  • Гордана Накоска

Хемија

  • Сузана Стојчевска
  • Елизабета Софрониевска
  • Виолета Толева
  • Кристина Боровска

Биологија

  • Миле Стоиловски
  • Лилјана Џугуманова
  • Лила Митреска
  • Богданоска Мирјана

Географија

  • Трајковска- Стаменкоска Бети
  • Лилјана Јовановска

Историја

  • Бојанов Владимир
  • Ивковска Јасмина
  • Габровски Љубомир

Информатика , Информатичка технологија , Програмски јазици

  • Викторија Доказа
  • Елена Ристеска
  • Кристина Ристовска

Социологија

  • Невена Арсовска
  • Саздева Анета

Филозофија/Етика

  • Јолевска Јулијана
  • Никчевска Гордана

Економија

  • Марјан Пулевски

Бизнис

  • Пецанова Штерјоски Павлина

Педагогија

  • Стевковска-Максимовска Ангелина (педагог)
  • Никчевска Гордана

Менаџмент

  • Марјан Пулевски

Право

  • Стефановска Гордана

Музичка култура

  • Барбутов Виктор
  • Сузана Тнокова

Спорт

  • Анета Глигорова
  • Конески Антонио
  • Горан Крстевски
  • Богољуб Љошевски
  • Сотировски Сашо

Ликовна култура

  • Снежана Крстевска
  • Дамовски Сергеј

Психологија

  • Ана Попризова (психолог)

Библиотека

  • Тодоровска Виолета

Раководител на смена

  • Радевски Миле
  • Миле Стоиловски

Секретар

  • Максимовски Александар
Фитнес Сала

Професионално усовршување на наставниот кадар[уреди | уреди извор]

Професионалното усовршување на наставниците е од клучно значење за реализирање на модерна и квалитетна настава. Наставниците ќе бидат вклучени во сите обуки и семинари организирани од релевантни субјекти со цел перманентно надградување на нивните знаења и развивање на свеста за доживотно учење. За оваа учебна година се планирани интерни обуки на наставниците за користење на смарт табла, користење на LCD проектори и изготвување на училишни проекти.Дел од наставнот кадар ќе посетува обуки и ќе врши дисеминации во рамки на постојните проекти, а дел ќе го усовршуваат познавањето на странски јазици (француски, англиски и германски јазик).

Училиштен одбор[уреди | уреди извор]

Училишниот одбор е орган на управување во училиштето. Тој брои дванаесет членови и тоа: 4 претставници од наставници, 3 од претставници од родителите на учениците, 3 претставници од основачот и по еден претствник од Министерството и од деловната единица (Стопанска комора). Училишниот одбор го донесува:

  • Статутот
  • Годишната програма за работа и го усвојува Извештајот за работа
  • Предлага годишен финансиски план до Министерството, предлага завршна сметка
  • Донесува годишен план за јавни набавки,
  • Објавува јавен оглас за избор на директор,
  • Одлучува за приговори и жалби на вработени,ученици и родители
  • Разгледува и други пашања утврдени со Статутот на училиштето
СУГС „Орце Николов“

Соработка на училиштето[уреди | уреди извор]

Соработка на училиштето со семејството Воспитно образовниот процес на адолесцентот е незамислив без перманентна, блиска, отворена и целосна соработка со родителите односно семејството на ученикот. Семејството е тоа кое го доверило својот член да биде дел од нашето училиште и секако, треба да има неприкосновено право на комуникација, соработка, информирање за се она што се случува во училиштето. Оваа соработка, комуникација во најширока смисла на зборот се овозможува преку најразлични форми и облици, почнувајќи од родителски средби, прием на родителите во определено време, вклучување на родителите во управувањето со училиштето, стручна соработка со нив, вклучување на родителите во остварување на целите на училиштето, заеднички забави, одбележување приредби, културни, спортски или научни манифестации.

Соработка на училиштето со институции и организации Училиштето ја продолжува соработката со институциите кои се тесно поврзани со неговото работење:

Меѓународна соработка Целта на соработката пред сè е размена на искуства од воспитно-образовната работа, размена на посети на ученици и наставници, интернет комуникација и соработка, помош во организирање на предавања и семинари од вработените од училиштата во овие држави, организација и реализација на заеднички спортски настани, игри и натпревари, сè со цел унапредување на соработката, размена на културата на живеење, традицијата и сл. Училиштето има воспоставено соработка со училишта од Р Франција, Албанија, Бугарија, Романија, БиХ, Црна Гора, Велика Британија, Србија и Германија.

Соработка со училишта од други земји:

  • Гимназија „Бодлер“ од Рубе, Франција,
  • Гимназија „Морандиер“ од Гранвил, Франција,
  • Гимназија „Нехемија“ од Подградец, Албанија,
  • Гимназија „Бранко Веану“ од Букурешт, Романија,
  • Гимназија „Свети Иван Рилски“ од Софија- Р.Бугарија.
  • Гимназија „Јане Сандански“ од Сандански- Р.Бугарија
  • Гимназија „Томас Џеферсон“ од Софија –Р.Бугарија
  • Гимназија Петта Гимназија од Сараево- Р. БиХ
  • Гимназија „Александар одобеску“ од Питешт- Р.Романија
  • Гимназија „Михајло Пупин “од Белград- Р. Србија
  • Училиште „Петер Висе“ од Уна, Р.Германија
  • Католичко средно училиште, Лидс-Велика Британија
  • Гимназија во Пирот, Р. Србија

Се планира меѓународната соработка да продолжи со истите училишта како и да се прошири соработката со други училишта од други земји во регионот.

Познати ученици[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]