Ружа Паноска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Паноска Ружа
Родена 10 март 1927
Дебар
Националност Македонка
Занимање јазичар, методичар, професор

Паноска Ружа (10 март 1927, во Дебар) — македонска .[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Паноска Ружа е јазичар, методичар, професор (во пензија) на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1954), а докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје (1970) на тема „Јазикот на Владо Малески“. Била професор на Филозофскиот (Филолошкиот) факултет во Скопје по предметите методика на наставата по македонски јазик и морфологија на македонскиот јазик. Учествувала на разни меѓународни и домашни конгреси, симпозиуми и семинари. Била секретар на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, претседател на Советот на Семинарот, продекан на Филолошкиот факултет, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ, претседател на Одборот за образование, наука и култура во Белград, долгогодишен член во редакцијата на сп. „Литературен збор“. Автор е на над 80 научни и стручни прилози, од кои 5 се монографски трудови. Проф. Паноска е еден од основоположниците на методиката на наставата по македонски јазик.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бучим“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 231. Text "series " ignored (help)