Рудолф Хес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рудолф Хес
Rudolf Heß
Рудолф Хес


Мандат
21 април 1933 – 10 мај 1941
Следбеник Мартин Борман (како партиски канцелар)

Роден 26 април 1894
Александрија, Египет
Починал 17 август 1987
Берлин, Германија
Партија Националсоцијалистичка германска работничка партија

Рудолф Валтер Рихард Хес (германски: Rudolf Walter Richard Heß; 26 април 1894 - 17 август 1987) — важен функционер во Нацистичка Германија, во улога на заменик-фирер на Адолф Хитлер во Нацистичката партија.

Како и многу други Германци, бил вознемирен од војната помеѓу Германија и Обединетото Кралство. Во предвечерието на војната со Советскиот Сојуз, отпатувал на своја рака со борбен авион во Шкотска во обид да преговара за мир со Британија, но бил уапсен. Бил суден во Нирнберг и осуден на доживотен затвор во затворот Шпандау - Западен Берлин, кадешто умрел (наводно се самозадавил со електричен кабел) во 1987, на 93-годишна возраст.

Поради долгогодишната затворска казна која дури и некои од сојузниците сакале да се намали[1], тој станал предмет на силна восхит меѓу неонацистите и антисемитистите. Заради сличноста со името, Хес понекогаш е мешан со Рудолф Франц Фердинанд Хес (Höß), командантот на логорот на смртта во Аушвиц од 4 мај 1940 до ноември 1943.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]