Роман Јакобсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роман Осипович Јакобсон (1896-1982)

Роман Осипович Јакобсон (1896-1982) е руски мислител и е еден од најзначајните лингвисти на XX век.

Јакобсон е роден во Русија, во богата фамилија од еврејско потекло, каде уште од млади години развива интерес за јазикот. Во времето на неговите студентски години преовладуваат младограматичарите според кои единственото прецизно проучување на јазикот е да се проучуваат историјата и развојот на зборовите низ времето. Јакобсон, од друга страна, доаѓа во допир со работата на Фердинанд де Сосир, и развива приод кој е фокусиран на начинот на кој структурата на јазикот и служи на основната функција на јазикот - размена на информации помеѓу говорниците.

1920 е година на политички немири во Русија, па така Јакобсон се преселува во Прага каде што продолжува со своите докторски студии. Таму, тој е еден од основачите на „Прашката школа“ на јазичаричката теорија. Исто така, таму неговите многубројни студии за фонетиката помагаат тој да продолжи да ја развива теоријата за структурата и функцијата на јазикот.

На почетокот на Втората светска војна Јакобсон ја напушта Прага и се сели во Скандинавските земји. Како што војната се проширува и на запад, тој е приморан да се пресели во Њујорк каде што го запознава и соработува со Клод Леви-Строс, кој исто така ќе стане еден од клучните претставници на структурализмот.

Во 1949 Јакобсон доаѓа на универзитетот во Харвард, каде што останува до крајот на својот живот. Во раните 60-ти Јакобсон става акцент на еден поопширен поглед на јазикот и почнува да пишува за науките за комуникацијата како целина.

Јакобсон издвојува шест комуникациски функции, секоја поврзана со еден аспект од процесот на комуникација:

                                         Содржина
                                     (референцијална)
                                             |
            Испраќач   ________________   Порака    ______________    Примач
           (емотивна)                    (поетска)                  (конативна)
                                             |
                                           Канал
                                         (фатичка)
                                             |
                                            Код
                                    (метајазична)