Роберт Музил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роберт Музил
Музил во 1900 година
Роден/а6 ноември 1880(1880-11-06)
Клагенфурт, Австроунгарија
Починат/а15 април 1942(1942-04-15) (возр. 61)
Женева, Швајцарија
ЗанимањеКнижевност
НационалностАвстриец
Апсолвент наУниверзитет во Берлин
Период1905–42
ЖанрЛитературна фикција
Книжевно движењеМодернизам
Потпис
мрежно место
http://www.robertmusil.net/

Роберт Музил (германски: Robɛrt ˈMuzɪl или ˈMusɪl); (роден во Клагенфурт, на 6 ноември 1880 – починат во Женева, на 15 април 1942) — австриски писател со филозофска ориентација. Неговиот незавршен роман Човек без својства (германски: Der Mann ohne Eigenschaften) се смета за еден од најважните романи на дваесеттиот век[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Музил е роден во Клагенфурт, Карантанија, како син на инженерот Алфред Едлер фон Музил и на Хермине Бергавер. Бил крстен како Роберт Матијас Музил, а неговото официјално име било Роберт Матијас Едлер фон Музил. Од 1892 до 1894 година учел во воениот интернат во Ајзенштат, а потоа во Хранице (Прешевски Округ) (1894-1897). Доживувањата од школувањата во воените интернати се опишани во неговиот прв роман „Заблудите на питомецот Торлес“[2].

По дипломирањето, Музил студирал на воената академија во Виена во текот на есента 1897 година, но потоа се префрлил на Техничкиот универзитет во Брно. За време на техничките студии, пројавил голем интерес за книжевноста и филозофијата, а по дипломирањето работел како асистент-волонтер на Машинскиот факултет. Незадоволен од својата инженерска професија, се запишал на докторски студии по психологија и филозофија.

Од почетокот на 1920-тите, Музил претежно живеел во Берлин, но, исто така не ги прекинувал и односите со Виена. За време на нацизмот, неговите дела биле забранети. Од 1939 година, заедно со својата сопруга, Марта, Еврејка по потекло, заминал во Швајцарија, каде што починал во 1942 година на возраст од 61 година.

Творештво[уреди | уреди извор]

Портрет на Роберт Музил - Музеј на Музил во Клагенфурт

Првата книга на Роберт Музил е романот Заблудите на питомецот Торлес, објавен во 1906 година. Во 1911 година ја објавил книгата збирка на раскази Соединенија, како и есејот Непристојното и болното во уметноста во 1918 година. Во 1924 година, ја објавил книгата Три жени, а во 1933 година го објавил зборникот на есеи Посмртни творби при живот.

Романот Човек без својства е едно од големите ремек-дела на европската литература од XX век. Човек без својства е мајсторски изградена мешавина од роман, есеј, политичка сатира, историска хроника и филозофска расправа и токму поради тоа претставува вистински интелектуален предизвик за секој читател, но исто така и неизбежна лектира за секој сериозен познавач на книжевноста. Врз него работел една деценија, од 1933 до неговата смрт 1942 година. Романот е монументален и по обемот на страниците, пишуван на над 1700 страници.

Роберт Музил, во своето севкупно творештво се движи убедливо, длабоко внесувајќи литературни постапки и стилови кои се во една паралелна линија, особено со творештвото на Џемс Џојс. Во неговата мисловна полифонија и невообичаена, оригинална и поединечна сложена метафорична структура, тој го продолжува наследството на Марсел Пруст, со што заедно со Џојс, се всушност основните, фундаментални темели и столбови врз кои ќе се потпри и ќе се изградува целата современа модерна европска и светска литература од почетокот на дваесеттиот век до денес[3].

Награди[уреди | уреди извор]

Добитник бил на значајните литературни награди, наградата - Хајнрих фон Клајст во 1923 година, Уметничката награда на градот Виена во 1924 година и наградата Герхарт Хауптман во 1929 година.

Ве негова чест градот Виена ја доделува угледната и афирмирана награда Роберт Музил[4]..

Библиографија[уреди | уреди извор]

Григија (1923)
  • Заблудите на питомецот Торлес, роман, 1906[5].
  • Придонес кон проценката на учењата на Лехрен Мах (инаугуративна дисертација), 1908
  • Асоцијации, две приказни, 1911
  • Патници, раскази, 1921
  • Григија, новела, 1923
  • Три жени, новела, 1924
  • Човек без својства, роман, 1931/32 - 1942
  • Имот за време на животот, 1936

Значење и влијание[уреди | уреди извор]

Француската писателка Маргерит Дирас го посочува Музил како еден од писателите кои ги „читала со страст“.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Robert Musil“. Архивирано од изворникот на 2017-12-30. Посетено на 2019-05-21.
  2. „Музил, Роберт“. Архивирано од изворникот на 2022-08-10. Посетено на 2019-05-21.
  3. The great Austrian writer Robert Musil
  4. Man without Qualities
  5. Books By Robert Musil
  6. Margerit Diras, Stvarni život. Sarajevo: Svjetlost, 1988, стр. 111.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]