Роберт Ладлам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роберт Ладлам
Роден/а25 мај 1927(1927-05-25)
Њујорк, Њујорк, САД
Починат/а12 март 2001(2001-03-12) (возр. 73)
Нејплс, Флорида, САД
ПсевдонимЏонатан Рајдер, Мајкл Шепард
Занимањероманописец
Жанртрилер, шпионски романи, мистерија
Значајни делаБорнеова трилогија
Сопруг/аМери Рајдака[1]
Деца3 (два сина и ќерка)

Роберт Ладлам (англиски: Robert Ludlum; 25 мај 1927 во Њујорк12 март 2001) — американски писател на 27 трилер романи. Бројот на неговите испечатени книги изнесува меѓу 290 милиони и 500 милиони копии.[2][3][4] Издадени се на 33 јазици во 40 земји, меѓу кои и на македонски јазик во Македонија од повеќе издавачки куќи. Ладлам, исто така, издавал книги и под псевдонимите Џонатан Рајдер и Мајкл Шепард.[5]

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Ладлам се родил во Њујорк, како син на Маргарет (родена Вадсворт) и Џорџ Хартфорд Ладлам.[6] Родителите на мајка му биле од Англија.[7] Се образовал во Парохиското училиште, а потоа во Академијата Чешир и Универзитетот Веслијан во Милдтаун, Конектикат. Додека бил во Веслијан, Ладлам се приклучил на братството Алфа Делта Фи. Откако подоцна станал писател, Ладлам го сместил дејството на романот „Корзиканско писмо“ (Matlock Paper) во непосточеките Универзитет Карлајл во Конектикат, кој многу потсетувал на Веслијан.[8][9]

Пред да стане писател, бил американски маринец,[10] театарски глумец и продуцент. Неговото театарско искуство можеби придонело кон разбирањето на енергијата, бегството и акцијата која публиката ја посакува во роман. Еднаш забележал: „Ги сметам напнатоста и добриот театар на многу сличен начин. Мислам дека сите очекуваат што ќе се случи следно. Од таа гледна точка, да, претпоставувам, дека сум театрален“.[11] Многу од романите на Ладлам биле претворени во филмови и мали серијали, вклучувајќи ги Викендот на Остерман, Спогодбата на Холкрофт, Часовникот на апокалипсата, Борнеов идентитет, Борнеова надмоќ и Борнеов ултиматум. Пеколен фактор, книга пишувана заедно со Гејл Линдс, првично била планирано како мала серија. Филмовите за Борн, со Мет Дејмон во главната улога, биле успешни, но и поддржани од критикатаl (Борнеовиот ултиматум освоил три оскари во 2008 г.), иако приказната значително се разликувала од книгите.

Во текот на 1970-тите, Ладлам живеел во Лионија, Њу Џерси, каде поминувал часови пишувајќи ги книгите секој ден.[12]

Ладлам починал на 12 март 2001 година во неговиот дом во Нејплс, Флорида, додека се опоравувал од сериозни изгореници предизвикани од мистериозен пожар, кој се случил на 10 февруари истата година.[13][14][15]

Анализа на пишувањето и критики[уреди | уреди извор]

Романите на Ладлам вообичаено вклучуваат еден машки протагонист или мала група поединци кои се борат против моќни противници, чии намери и мотиви се злобни и кои се способни да користат економски или политички средства на застрашувачки начини. Светот во неговите дела е претставен како свет во кој глобалните корпорации, тајните воени сили и владините агенции се обидуваат да ја заштитат (ако е добро) или да ја поткопаат (ако е лошо) моменталната состојба.

Ромените на Ладлам често биле поттикнувани од теориите на заговор, било историски било современи. Ја напишал Матарешки круг која била поттикната од гласините за Трилатералната комисија и била објавена само неколку години откако комисијата била основана. Неговиот опис за тероризмот во книги како Спогодбата на Холкрофт и Матарешки круг ја прикажуваат теоријата дека терористите, наместо изолирана група идеолошки мотивирани екстремисти, всушност се пиони на владите или приватни организации, кои ги користат за да овозможат воспоставување на авторитарно владеење.

По неговата смрт, книгите напишани од други писатели ја носат фразата Роберт ЛадламТМ на нивните корици, така назначувајќи дека името Роберт Ладлам како трговска марка. Името на вистинскиот писател било напишано на внатрешната страна на корицата.

Одбрана библиографија[уреди | уреди извор]

Од Ладлам, издадени додека бил жив[уреди | уреди извор]

  • Наследството на Скарлати (1971)
  • Викенд кај Остерман (1972)
  • Корзиканско писмо (1973)
  • Тревејн (1973, под псевдонимот Џонатан Рајдер)
  • Плачот на Халидон (1974, под псевдонимот Џонатан Рајдер)
  • Рајнемановата размена (1974)
  • Патот до Гандолфо (1975, под псевдонимот Мајкл Шепард)
  • Во знакот на близнаците (1976)
  • Ракописот на Чанселор (1977)
  • Спогодбата на Холкрофт (1978)
  • Матарешки круг (1979)
  • Борнеов идентитет (1980)
  • Мозаикот на Парсифал (1982)
  • Аквитански заговор (1984)
  • Борнеова надмоќ (1986)
  • Агенда Икарус (1988)
  • Борнеов ултиматум (1990)
  • Патот до Омаха (1992)
  • Илузија Скорпио (1993)
  • Часовникот на апокалипсата (1995)
  • Матарешки сплетки (1997)
  • Измамата на Прометеј (2000)

Дела на Ладлам, издадени посмртно[уреди | уреди извор]

  • Сигма протокол (2001, последниот роман целосно напишан од Ладлам)
  • Директива на Јансон (2002)
  • Предавството на Тристан (2003)
  • Операција Амблер (2005)
  • Стратегија Банкрофт (2006)

Серијал Тајна-Еден[уреди | уреди извор]

Напишани од други писатели.

  1. Пеколен фактор (од Гејл Линдс) (2000)
  2. Касандриниот договор (од Филип Шелби) (2001)
  3. Париска опција (од Гејл Линдс) (2002)
  4. Кодот на Атман (од Гејл Линдс) (2003)
  5. Одмаздата на Лазар (од Патрик Ларкин) (2004)
  6. Московски вектор (од Патрик Ларкин) (2005)
  7. Арктички настан (од Џејмс Х. Коб) (2007)
  8. Одлуката на Арес (од Кајл Милс) (2011)
  9. Одмаздата на Јанус (од Џејми Фревелети) (2012)
  10. Утописки експеримент (од Кајл Милс]]) (2013)
  11. Женевска стратегија (од Џејми Фревелети) (2015)[16]

Продолженија на книгите на Ладлам[уреди | уреди извор]

  • Борнеово наследство (од Ерик ван Ластбадер) (2004)
  • Борнеово предавство (од Ерик ван Ластбадер) (2007)
  • Борнеова санкција (од Ерик ван Ластбадер) (2008)
  • Борнеова измама (од Ерик ван Ластбадер) (2009)
  • Борнеова цел (од Ерик ван Ластбадер) (2010)
  • Борнеова доминација (од Ерик ван Ластбадер) (2011)
  • Борнеова нужност (од Ерик ван Ластбадер) (2012)
  • Борнеова одмазда (од Ерик ван Ластбадер) (2013)
  • Борнеова власт (од Ерик ван Ластбадер) (2014)

Филмографија[уреди | уреди извор]

Некои романи на Ладлам се адаптирани во филмови или минисерии, иако приказната е малку сменета од самите романи. Општо земено, мини-сериите се поверни до оригиналниот роман на кои се засноваат, отколку филмовите.

  • 1977 — Рајнеманова размена — минисерија — Стивен Колинс како Дејвид Сполдинг, Лорин Хатон како Лесли Џенер Хоквуд
  • 1983 — Викенд кај Остерман — филм — Рутгер Хауер како Џон Тенер
  • 1985 — Спогордбата на Холкрофт — филм — Мајкл Кејн како Ноел Холкрофт
  • 1988 — Борнеов идентитет — минисерија — Ричард Чемберлејн како Џејсон Борн, Жаклин Смит како Мери Сен Жак
  • 1997 — Часовникот на апокалипсата — минисерија — Патрик Баргин како Дру Латам
  • 2002 — Борнеов идентитет — филм — Мет Дејмон како Џејсон Борн и Франка Потенте како Мари Хелена Кројц
  • 2004 — Борнеова надмоќ — филм — Мет Дејмон како Џејсон Борн
  • 2006 — Пеколен фактор — минисерија — Стивен Дорф како Џон Смит
  • 2007 — Борнеов ултиматум — филм — Мет Дејмон како Џејсон Борн
  • 2012 — Борнеово наследство — филм — со Џереми Ренер, Рејчел Вајс и Едвард Нортон
  • 2013 — Матарешки круг — филм — Дензел Вашингтон како Брендон Скофилд (најавен)
  • 2014 — Ракописот на Чанселор — филм — Леонардо ди Каприо како Питер Чанселор (најавен)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вилијамс, Џон (14 март 2001). „Роберт Ладлам“. theguardian.com. Посетено на 23 февруари 2014.
  2. Ludlum, Robert, Prometheus Deception. Preface by the publisher, Orion Publishing.
  3. "The Ludlum conspiracy" at Legacy.com.
  4. Кернс, Кенет (6 март 2011). „The Ludlum Conspiracy“. Daily Mail. Лондон.
  5. Роберт Ладлам Архивирано на 31 март 2007 г. на Kirjasto.sci.fi.
  6. [1]
  7. „Ладлам“ на Genealogy.rootsweb.ancestry.com.
  8. "United Kingdom" at Dallasnews.com.
  9. "Robert Ludlum"[мртва врска] at Soccer.msg.com.
  10. Адријан, Џек (4 март 2001). „Посмртница: Роберт Ладлам“. The Independent. |access-date= бара |url= (help)
  11. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-03-31. Посетено на 2014-09-14.
  12. Клемсруд, Џуди. "Behind the Best Sellers: Robert Ludlum", The New York Times, 10 јули 1977. "He writes for six or seven hours in an office in his house in Leonia."
  13. „The Times obituary Robert Ludlum“. The Times. Лондон. 15 август 2007.
  14. Кернс, Кенет (6 март 2011). „The Ludlum Conspiracy: Was the master storyteller and creator of the blockbuster Bourne movies murdered by his gold-digging wife?“. Daily Mail. Лондон.
  15. „The Robert Ludlum controversy: nephew raises questions about top thriller writer's death“. The Australian. 21 февруари 2011.
  16. „Женевска стратегија“. Fantastic Fiction. Архивирано од изворникот на 2014-08-10. Посетено на 9 август 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]