Ричард Докинс
Клинтон Ричард Докинс (анг. Clinton Richard Dawkins; р. 26 март 1941) — англиски етолог, еволуционист и популаризатор на науката. До 2008 година работел во оксфордскиот професорат за популаризација на науката, основан од Чарлс Симони.
Докинс стана познат во 1976 година кога ја објави книгата „Себичниот ген“ (анг. „The Selfish Gene“) која на популарен начин го одразува погледот на еволуцијата од позиција на генот и во која бил воведен во речникот поимот „мем“ и бил предложен нов научен правец — „меметика“. Во 1982 година тој дал значителни придонеси во теоријата на еволуцијата со книгата „Проширениот фенотип“ („The Extended Phenotype“), каде сугерира на тоа дека фенотипските ефекти на генот не се ограничени на организмот на единката, туку можат да се прошират и на животната средина, вклучувајќи ги и организмите на останатите единки. Оттогаш тој има напишано неколку научно-популарни книги за еволуција и учествувал во многу телевизиски и радиопрограми за еволуциона биологија, креационизам и религија.
Докинс е убеден атеист, хуманист и скептик, член на Движењето Brights.
Основни работи
[уреди | уреди извор]Научно-популарни книги
[уреди | уреди извор]- The Selfish Gene (Себичниот ген) (1976; преизд., 1989, 2006).
- The Extended Phenotype Архивирано на 7 јуни 2010 г. (Проширениот фенотип) (1982; преизд., 1999).
- The Blind Watchmaker (Слепиот часовничар) (1986; преизд., 1991, 1996, 2006).
- The River out of Eden Архивирано на 8 јуни 2010 г. (Реката од рајот) (1995).
- Climbing Mount Improbable Архивирано на 20 октомври 2010 г. (Искачување на Неверојатната Планина) (1996).
- Unweaving the Rainbow Архивирано на 20 октомври 2010 г. (Расплетување на виножитото) (1998).
- A Devil’s Chaplain Архивирано на 7 јуни 2010 г. (Служител на ѓаволот; зборник од есеи и статии) (2003).
- The Ancestor’s Tale Архивирано на 7 јуни 2010 г. (Приказната на предокот) (2004).
- The God Delusion (Бог како илузија) (2006).
- The Greatest Show on Earth: The Evidence for Evolution Архивирано на 8 септември 2013 г. (Најголемото шоу на Земјата: докази за еволуцијата) (2009).
- The Magic of Reality: How We Know What's Really True (Магијата на реалноста: Како знаеме што е навистина точно) (2011).
Статии
[уреди | уреди извор]- Viruses of the Mind (Вируси на разумот), 1991
Филмови
[уреди | уреди извор]- Nice Guys Finish First (1987)
- The Blind Watchmaker (1987)
- Growing Up in the Universe (1991)
- Break the Science Barrier (1996)
- Коренот на сето зло? (The Root of All Evil?) (2006)
- Непријателите на разумот (2007)
- Генијалецот Чарлс Дарвин (2008)
Критика
[уреди | уреди извор]Антирелигиозните работи на Докинс на повеќепати се критикувани од страна на верниците, вклучувајќи и биолози (К.Милер, Ф.Колинс[1], Д. С. Вилсон[2] и др.), теолозите (А. Макграт, Р. Харис[3] и др.), филозофите (А. Плантинга[4], А. Кенни[5], Т. Негел[6], М. Руз[7]).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Biema, David Van (5 ноември 2006). „God Vs. Science“. Time. Архивирано од изворникот на 2012-02-18. Посетено на 2008-04-07.
- ↑ „Skeptic.com: eSkeptic - Why Richard Dawkins is Wrong About Religion“. 2007-07-04.
- ↑ Dawkins, Richard (2006). „The Root of All Evil?“. Channel 4. Архивирано од изворникот на 2012-02-18. Посетено на 2008-04-13.
- ↑ Alvin Plantinga (2007). „The Dawkins Confusion - Naturalism ad absurdum“. Books & Culture, a Christian Review. Посетено на 2007-03-02.
- ↑ Kenny, Anthony (2007). „Knowledge, Belief, and Faith“. Philosophy. 82 (03): 381–397. doi:10.1017/S0031819107000010.
- ↑ Nagel, Thomas. „The Fear of Religion“. The New Republic. Архивирано од изворникот на 2007-09-12. Посетено на 2007-09-12.
- ↑ Michael Ruse (2007). „Richard Dawkins: The God Delusion“. Chicago Journals. Посетено на 2008-05-31.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место на Р. Докинс.
- Фонд на Р. Докинс.
- Руски портал за Р. Докинс.
- Dawkins R. Growing up in Ethology Архивирано на 4 декември 2013 г.(англиски), автобиографска статија.
|