Растко Петровиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Растко Петровиќ
Роден 3 март 1898
Белград, Србија
Починал 15 август 1949
Вашингтон, САД
Националност Србин
Занимање писател, дипломат, поет, есеист, критичар

Растко Петровиќ ( 3 март 1898 - 15 август 1949) — српски писател, поет, раскажувач, писател, есеист, сликар и дипломат. Се занимавал со ликовна и книжевна критика.[1][2][3][4]

Животопис[уреди | уреди извор]

Гробот на Растко Петровиќ

Растко Петровиќ е роден на 3 март 1898 година во Белград како деветто дете на таткото Димитрија, историчар, и мајката Милева, наставничка. Растко бил помлад брат на познатата сликарка Надежда Петровиќ. Бил крстен на 5 јуни во црквата Свети Марко во Белград. Негов кум на крштевањето бил новосадскиот писател и раскажувач Јаша Томиќ.

Растковото семејство било многу угледно и почитувано во Белград. Неговата родна куќа била урната за време на бомбардирањето на Белград на 6 април 1941 година. Растко во детството останал без мајка си, и за него се грижеле неговите сестри. Во периодот од 1905 до 1914 година го завршил основното училиште и и пониските класови на гимназијата. За време на Балканските војни, во 1912 година, го прекинал гимназиското образование во Белград. Како незавршен средношколец заминал на фронтот, заедно со српската војска ја преминал Албанија, а оттаму во Франција, каде што завршил средно училиште. Во Ница матурирал, и како стипендист на француската влада, студирал право во Париз. Таму се дружел со многу поети и уметници. Пишувал поезија, раскази и впечатоци на уметнички изложби и нив ги објавувал во Србија.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Збирка песни „Косовски сонети“ - Крф, 1917.
  • Роман „Бурлеска на господинот Перун, богот на громот“ - Белград, 1921.
  • Збирка песни „Откровение“ - Белград, 1922.
  • Роман „Со немерливи сили” – Белград, 1927.
  • Патопис „Африка“ - Белград, 1930.
  • Роман „Луѓето зборуваат“ - Белград, 1931.
  • Роман „Шести ден“ - Белград, 1961.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Лазар Трифуновић, Српска ликовна критика, Српска књижевна задруга, Београд, 1967
  2. Владимир Розић, Ликовна критика у Београду између два рата 1918-1941, Југославија, Београд, 1983
  3. Растко Петровић, Есеји, критике, едиција Српски критичари, 5, приредила Радмила Матић-Панић, Музеј савремене уметности, Београд. 1995. ISBN 978-86-7101-103-7.
  4. Растко Петровић, Избор, I, 1919-1924, Српска књижевност у сто књига, књ. 68, Матица српска, Нови Сад, Српска књижевна задруга, Београд, 1958
  5. Потекло на зборот - Антологија на српскиот расказ I, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2016, стр.166.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]