Расправа за метафизиката

Од Википедија — слободната енциклопедија

Расправа за метафизиката (фр. Discours de métaphysique, 1686) е кратко дело на германскиот филозоф и математичар Готфрид Вилхелм Лајбниц каде авторот ги образложува своите гледишта за физичката материја, движењето и отпорот на телата, како и улогата на Бога во универзумот. Делото е поделено на 37 глави. Се заснова на замислата за Бог како „едно апсолутно совршено суштество“ (I), дека Бог е добар, но дека добрината постои независно од Бога (отфрлајќи ја теоријата на божјата заповед) (II), и дека Бог го создал светот во совршен поредок (III-VII).

Во тоа време тврдењето „Дека гледиштата на... схоластичарите не треба сосем да се презираат“ (XI) било доста контроверзно. Ова е меѓу првите дела на современата филозофија во XVII век, и во него се отрфрлаат многу сфаќања на средновековната филозофија. Лајбниц сметал дека схоластичарите грешат чисто поради лабавиот и неуреден пристап: „[Ако] некој со внимателно расудување ги разјасни и насочи нивните размисли на начин како што тоа го прават аналитичките геометри, тогаш ќе добиеме големо богатство од важни вистини кои се наполно докажливи.“

Лајбниц сметал дека постоењето на зло воопшто не ѝ наштетува на Божјата семоќност, туку напротив, ја зацврснува. Тој сметал дека Бог го одбрал најдобриот од сите можни светови и ако не бил избран овој свет, тогаш целата шема на нештата би се променила. Ако Бог ги спречува злата на светот, тогаш не можеме да знаеме дека не би се случиле уште поголеми зла. Тој воопшто не смета дека Бог не е семоќен, туку дека е подобро да се одберат помалите зла отколку целосно кревање раце од ситуацијата.

Својата претстава за материјата Лајбниц ја обработува во делото „Монадологија“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:

Литература[уреди | уреди извор]