Радмила Ставриќ - Хрисохо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Радмила Ставриќ-Хрисохо
Родена Радмила Крстова
21 април 1930(1930-04-21)(93 г.)
Скопје, Кралство Југославија
Починала 21 февруари 2023(2023-02-21) (возр. 92)
Скопје, Македонија
Националност Македонка
Занимање биохемичар, универзитетска професорка

Радмила Ставриќ-Хрисохо (моминско: Крстова; 21 април 1930 во Скопје21 февруари 2023 во Скопје) — македонски биохемичар и универзитетска професорка на Медицинскиот факултет во Скопје.[1]

Таа била првиот специјалист по медицинска биохемија во Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Има дипломирано хемија на Природно Математичкиот Факултет во Скопје во 1953 година, а како специјалист по медицинска биохемија станала во 1961 година. После 4 години, во 1965 година се стекнува со називот доктор на науки со завршување на докторски студии со истражување за „Kвантитативното одредување на јодните споеви во крвта“. Своето усовршување во медицинската кариера го продолжува во Загреб и Белград, како и во Англија, Австрија и Данска.

Ставриќ-Хрисохо ја има основано Лабораторијата при Интерната клиника и станала шефица на истата во 1957 година. Станува директор на Институтот за клиничка биохемија со самото создавање во 1975 година. По нејзиното вработување, во биохемиската лабораторија биле воведени нови методи и анализи кои имале за цел потполно да ги задоволат барањата на сите формирани клинички одделенија на Интерната клиника.

Ставриќ-Хрисохо воведува и примена на современи анализи и методи во клиничката медицина и континуирана семинарска едукација. Има раководено со многу истражувачки проекти и публикувала над 80 трудови.

Ставриќ-Хрисохо исто така обавува и настава на катедрата по биохемија на Медицинскиот факултет во Скопје како редовен професор (почнувајќи од 1986 година).

Ставриќ-Хрисохо била избрана за прв претседател на Здружението на медицинските биохемичари на Македонија во 1990 година и била на чело на истото до 1992 година.

Признанија[уреди | уреди извор]

На 7 април 2020 година, по повод Светскиот ден на здравјето, Македонското лекарско друштво (МЛД) ѝ ја доделила повелбата „Трифун Пановски“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ставриќ-Хрисохо“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1414. Text "series " ignored (help)