Пјермарио Морозини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пјермарио Морозини
Лични информации
Целосно име Пјермарио Морозини
Висина 183 см
Клупски информации
Тековен клуб
Ливорно
Број 25
Младинска кариера
Аталанта
Возрасна кариера*
Години Екипа Наст. (Гол.)
2005–2007
2006–2007
2007–2009
2009–2010
2010
2010–2011
2011
2011–2012
2012
Удинезе
Болоња (позајмен)
Виченца (позајмен)
Реџина (позајмен)
Падова (позајмен)
Удинезе
Виченца (позајмен)
Удинезе
Ливорно (позајмен)
5 (0)
16 (0)
66 (1)
17 (0)
14 (0)
0 (0)
15 (0)
0 (0)
8 (0)
Вкупно 142 (1)
Меѓународна кариера
2001–2003
2003–2004
2004–2005
2005–2007
2006–2009
Италија U-17
Италија U-18
Италија U-19
Италија U-20
Италија U-21
16 (1)
7 (0)
12 (0)
3 (0)
18 (0)
*Клупски домашни лигашки настапи и голови

Пјермарио Морозини (италијански: Piermario Morosini, роден на 5 јули 1986 во Бергамо, починал на 14 април 2012 во Пескара) беше италијански фудбалер кој играше за италијанскиот второлигаш Ливорно во средниот ред како позајмен од Удинезе.

Животопис[уреди | уреди извор]

Морозини беше роден на (5 јули 1986-14 април 2012) година во Бергамо, Италија. Неговата мајка Камилла починала во 2001 година, кога имал само 15 години, наредната година го загубил и татко му Алдо, а по кратко време се самоубил и неговиот хендикепиран брат по што Морозини останал сам со неговата постара сестра, исто така хендикепирана.

На 14 април 2012 година, во 31 минута од натпреварот Пескара - Ливорно во рамките на 35. коло од Серија Б, Морозини добил срцев удар по што паднал на теренот. Бил пренесен во болница, по што била утврдена смртта. Натпреварот бил веднаш прекинат при резултат од 0:2, а ФИГЦ решила да ги одложи сите натпревари кои требало да се играат викендот.

Клубот Удинезе решил да го повлече дресот со број 25 кој го носел Морозини, а истиот чин го направил и клубот Виченца.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Пјермарио Морозини ја започнал својата фудбалска кариера во младинските категории на клубот Аталанта од неговиот град Бергамо. Во 2005 година половина од неговата сопственост била продадена во Удинезе. На 23 октомври 2005 година дебитирал за Удинезе во Серија А во натпревар против Интер. Во 2006 година за околу 1,5 милиони евра Удинезе целосно го откупил неговиот договор од Аталанта, а наредната клубот го пратил на позајмица во Болоња. Но, позајмицата во Болоња ќе се покаже како чекор по кој никогаш повеќе нема да заигра за Удинезе, бидејќи по Болоња ќе следат позајмици и во Виченца, Реџина, Падова, повторно Виченца и на крајот во Ливорно.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Ги поминал сите младински категории во репрезентацијата на Италија, но никогаш не заиграл за сениорите. Врвот го достигнал во 2009 година кога со репрезентацијата на Италија до 21 година учествувал на Европското првенство во Шведска каде Италија стигнала до полуфиналето.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]