Пјер Шодерло де Лакло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пјер Шодерло де Лакло
Портрет од Шодерло де Лакло
Роден/аПјер Амброаз Франсоа Шодерло Де Лакло
18 октомври 1741(1741-10-18)
Амјен, Кралство Франција
Починат/а5 септември 1803(1803-09-05) (возр. 61)
Таранто, Кралство Сициилија
Занимањеписател
офицерски генерал
НационалностФранцузин

Пјер Шодерло Де Лакло (француски: Pierre Ambroise François Choderlos de Laclos, роден на 18 октомври 1741 во Амјен - починал на 5 септември 1803 во Таранто) — француски армиски генерал, државен службеник и писател, познат најмногу со романот „Опасни врски“ (Les Liaisons dangereuses).

Долго време Шодерло Де Лакло бил сметан за скандалозен писател како Маркиз де Сад и Никола Ретиф. Како војник тој немал илузии за човечката природа, а како аматерски писател целта му била „да напише роман, кој е необичен, кој ќе дигне многу шум и ќе остане на земјата долго откако тој ќе си замине“. Оваа цел ја постигнал со „Опасни врски“, кој ги опишува љубовните интриги на француската аристократија. Делото е меѓу ремек-делата на романистиката од XVIII век и инспирирала повеќе критични и аналитички есеи, коментари, драми и филмови.

Животопис[уреди | уреди извор]

Пјер Амброаз Франсоа Шодерло Де Лакло е роден на 18 октомври 1741 година во Амјен, Франција во семејството на чиновник. Во 1760 година се вработил во артилериско училиште (École royale d'artillerie de La Fère, претходник на Политехничкото училиште). Како млад поручник служел во гарнизонот во Ла Рошел, до крајот на Седумгодишна војна во 1763 година. Подоцна бил испратен во Стразбур (1765-1769 година), Гренобл (1769-1775 година) и Безансон (1775-1776 година).

Иако бил унапреден во чин на капетан во 1771 година, Шодерло де Лакло се ограничувал од обврските во артилерискиот гарнизон и воениот живот како целина и го посветувал своето слободно време на пишување. Неговите први дела, неколку мали поеми, биле објавени во „Алманах на музите“ (Almanach des Muses). Подоцна ја напишал и оперета „Ернестина“, инспириран од романот на Мари Жан Рикобони. Премиерата на операта на 19 јули 1777 година доживеала неуспех, без оглед на присуството на Марија Антоанета. Во истата година основал артилериски училиште во Валанс, каде дипломирал Наполеон Бонапарт.

По враќањето во Безансон пред 1778 година Шодерло де Лакло бил унапреден во втор капитен на Инженерските војници. Во овој период напишал неколку дела преку кој се восхитувал од идеите на Жан-Жак Русо. Освен од Русо, бил под влијание и од делата на Семјуел Ричардсон.

За време на престојот во Гренобл (1769-1775 година) го набљудувал животот и карактерот на локалните аристократи и разговарал со дамите од градската елита, од чии тајни и признанија, црпел идеи за романот „Опасни врски“ (1782 година). Во 1779 година бил испратен во Ил д`Екс како асистент на Марк-Рене Маркиз Монталамбер, кој бил одговорен за изградба на заштитен гарнизон против Британците. Поголемиот дел од времето Шодерло де Лакло го поминувал во пишување на новото дело, романот „Опасни врски“, и на „Писмо до госпоѓа Монталамбер“.

„Опасни врски“ бил објавен во четири тома од Дуран Невју на 23 март 1782 година и истиот доживеал огромен успех. Шодерло де Лакло бил повикан назад во гарнизонот во Бретања, а во 1883 година бил испратен повторно во Ла Рошел да помага во изградбата на ново оружје. Под влијание на протагонистот на „Опасни врски“, Виконт Де Валмон, Лакло ја заведил 18 години помладата ќерка на воениот службеник Соланж - Мари-Суланж Дипере. Како резултат на оваа врска Мари родила вонбрачна дете. По три години (1786 година) Лакло се оженил за мајката на својот син. Следната година се зафатил со проектот за уличната нумерација во Париз.

Во 1788 година Шодерло де Лакло ја напуштил армијата и бил ангажиран од страна на Луј-Филип, војводата од Орлеанс[1], за кој работел како дипломат по избувнувањето на Француската револуција. Освоен од револуционерните идеали, тој ја напуштил службата кај војводата и станал комесар во Министерството за војната. Реформите кој ги споведел, довеле до победата на Револуционерната армија во Битката кај Валми. По дезертирањето на генерал Димурие, Шодерло де Лакло бил уапсен како „орлеанист“, но бил ослободен по Термидоријанскиот удар.

Некое време потоа се занимавал со балистички истражувања кои довеле до отворањето на артилериски гранати. Во 1795 година неговото барање да постапи повторно во армијата било одбиена. Неговите обиди да најде дипломатска работа и да формира банка исто така пропаднале. Тогаш Шодерло де Лакло се приклучил на младиот генерал и неодамна прогласен прв кунсол, Наполеон Бонапарт. На 16 јануари 1800 година била формирана служба во која тој го добил чинот генерал на бригада. Така, тој учествувал во Биберахската битка.

Набргу откако бил преназначен во командант на армијата во Италија (1803), Шодерло де Лакло починал ненадејно во поранешниот манастир „Св. Франциск од Асизи“ во Таранто, Италија, најверојатно од дизентерија и маларија. Бил погребан во фортификација, што и до денес го носи неговото име (Форт де Лакло) во близина на градот, изграден по негови инструкции. По обновувањето на власта на Бурбоните во Јужна Италија гробницата му била уништена, додека се смета дека посмртните останки му биле фрлени во морето.

Опасни врски[уреди | уреди извор]

За првпат епистоларниот роман „Опасни врски“ бил издаден во март 1782 година во Париз. Печатењето доживеало необичен успех, но и огромен скандал. Успехот се објаснува од исклучителните заслуги на самата книга и од големиот интерес кон неа (продадени биле над 1000 примероци само за еден месец). Последователно бил прогласен за „светско ремек-дело“, а скандалот настанал од тоа што критичарите и јавното мислење го сметаат делото полно со порнографија. Лакло бил отфрлен од париската елита.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Ernestine (1777, opéra comique)[2]
  • Les Liaisons dangereuses (1782)
  • Des Femmes et de leur éducation (1783)
  • Instructions aux assemblées de bailliage (1789)
  • Journal des amis de la Constitution (1790–1791)
  • De la guerre et de la paix (1795)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ce que la France doit aux francs-maçons (Laurent KUPFERMAN and Emmanuel PIERRAT - Grund ed. 2012)
  2. http://www.alalettre.com/laclos-biblio.htm

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Викиизвор
Викиизвор
Викиизворот на француски има изворна содржина поврзана со оваа статија: