Прво фолио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Г. Вилијам Шекспир -комедии, историски драми и трагедии
Mr. William Shakespeare's Comedies, Histories, & Tragedies
Насловна страница од првото издание (1623)
АвторВилијам Шекспир
Изработувач на
корицата
Мартин Дрејсхоут
ЗемјаАнглија
ЈазикРан модерен англиски јазик
ЖанрАнглиски ренесансен театар
ИздавачЕдвард Блоунт и Вилјам и Исак Јагард
Издадена
1623
Странициок. 900

Комедии, историски драми и тргагедии на господин Вилијам Шекспир — изданието на збирката драми на Вилијам Шекспир од 1623 година. Современите критичари често го нарекуваат Прво фолио.

Печатено во фолио-формат, Првото фолио содржи 36 драми и било подготвено од колегите на Шекспир, Џон Хемингс и Хенри Кондел. Било посветено на „неспоредливиот пар браќа“ Вилијам Херберт, третиот гроф од Пембрук и неговиот брат Филип Херберт, гроф од Монтгамери (подоцна четврти гроф на Пембрук). И покрај тоа што осумнаест драми на Шекспир биле претходно објавени во кварто некаде пред 1623 година, Првото фолио е единствениот сигурен текст за околу дваесетина драми и важен изворен текст дури и за оние кои биле претходно објавени. Фолиото ги вклучува сите драми за кои општо е прифатено дека му припаѓаат на Шекспир, со исклучок на Перикле, Принцот на Тир и Двајцата благородни сродници и двете „изгубени“ драми Карденио и Успешниот труд на љубовта.

Печатење[уреди | уреди извор]

Содржината на Првото фолио била составена од Хемингс и Кондел. Препродавачите на книги Едвард Блаут и таткото и синот Вилијам и Исак Џагард, членови на Стејшнерс друштвото, се оние кое го објавиле Првото фолио. Џагардови биле печатари но и продавачи на книги што за тоа време било како необична комбинација, иако не и невидена дотогаш. Чудно е зошто глумечкото друштво Кингс мен го избрале Вилијам Џагард имајќи го предвид фактот дека тој ја објавил дискутабилната збирка Страдалниот поклоник како Шекспирова и во 1619 година имал испечатено нови изданија од десет кварта на Шекспир над кои немал права, некои од нив со лажни датуми и наслови (аферата за Лажното фолио). Се смета дека составувањето и печатењето на Првото фолио било толку важна работа што на Кингс мен едноставно им бил потребен целиот капацитет на работилницата на Џагард. Во секој случај, Вилијам Џагард бил стар, немоќен и слеп во 1623 година и починал еден месец пред книгата да излезе во продажба. Поголемиот дел од работата на проектот била завршена од неговиот син Исак.

Во синдикатот за објавувањето на Првото фолио исто така биле вклучени уште двајца печатари кои ги поседувале првата на некои од поединечните драми што биле претходно печатени: Вилијам Асплеј (Многу врева за ништо и Хенри IV, втор дел) и Џон Сметвик (Изгубениот труд на љубовта, Ромео и Јулија и Хамлет). Сметвик бил бизнис партнер на друг Џагард, братот на Вилијам Џон.

Самото печатење на Фолиото се случило најверојатно помеѓу февруари 1621 година и почетокот на ноември 1623 година. Првиот отпечаток има дата на издавање од 1623 година. Библиотеката на Бодлејн во Оксфорд добила примерок во почетокот на 1624 година (која подоцна се продала за 24 фунти како заменета верзија за Третото фолио, кое се појавило во 1664 година).

Содржина[уреди | уреди извор]

Триесет и шесте драми од Првото фолио се појавуват во редот претставен подолу. Драмите кои не биле објавени пред 1623 година се означени со *. Секоја драма е проследена со видот на употребен извор како што е утврдено во библиографските истражувања. [Неколку дефиниции се потребни. Терминот „лажни документи“ се однесуваат на работните верзии на Шекспир на драмата и кога биле завршени, препис или „фер копија“ на лажните документи била подготвена од авторот или од страна на писар. Таквиот ракопис морал да содржи точни и детални информации потребни за изведбата и му служел на суфлерот за да ја води изведбата на драмата. Кој било кој од овие ракописи, во секоја комбинација може да бил употребен како извор за печатениот текст. Во ретки случаи печатениот текст може да бил означен за употреба на суфлерот и ова може да бил случајот со Сон на летната ноќ.]

Комедии[уреди | уреди извор]

  • 1 Бура * - драмата била печатена од препис подготвен од Ралф Крејн, професионален писар вработен од Кингс мен. Резултатот бил висококвалитетен текст поделен на чинови/сцени, со честа употреба на загради и акцентирани форми и др.
  • 2 Двајцата џентлмени од Верона * - уште еден препис на Ралф Крејн.
  • 3 Веселите жени од Винздор – уште еден препис на Ралф Крејн.
  • 4 Мера за мера * - најверојатно уште еден препис на Ралф Крејн.
  • 5 Комедијата на грешки * - најверојатно печатена од „лажните документи“ на Шекспир со малку забелешки и упатства.
  • 6 Многу врева за ништо – печатена од копија на квартото, содржи малку забелешки и упатства.
  • 7 Изгубениот труд на љубовта – печатено од поправената копија на Q1.
  • 8 Сон на летната ноќ –печатено од копија на Q2, со доста забелешки, можеби наменета за суфлер.
  • 9 Трговецот од Венеција – печатена од лесно изменетата и поправената копија на Q1.
  • 10 Како што милувате * - од квалитетен ракопис, со благи забелешки од суфлер.
  • 11 Скротување на фуријата * - печатена од Шекспировите „лажни документи“, со малку забелешки, можеби како подготовка за да биде користена како скрипта на суфлер промпт-книга.
  • 12 Сè е добро кога ќе заврши добро * - најверојатно од „лажните докумнети“ на Шекспир или ракопис од нив.
  • 13 Дванаесетта ноќ * - печатена или од скрипта на суфлер или ракопис од иста.
  • 14 Зимската приказна * - уште еден препис на Ралф Крејн.

Историски драми[уреди | уреди извор]

  • 15 Кралот Џон * - несигурен извор: скрипта на суфлер или од „лажните документи“.
  • 16 Ричард II – печатена од Q3 и Q5, поправена од скрипта на суфлер.
  • 17 Хенри IV, прв дел – печатена од изменетата копија од Q5.
  • 18 Хенри IV, втор дел – несигурен извор: некоја комбинација од ракопис и кварто текст.
  • 19 Хенри V – печатена од „лажните документи“ на Шекспир.
  • 20 Хенри VI, прв дел * - најверојатно од ракопис со забелешки од ракописот на авторот.
  • 21 Хенри VI, втор дел – најверојатно ракопис на Шекспир користен како скрипта на суфлер.
  • 22 Хенри VI, трет дел – како 2H6, најверојатно скрипта на суфлер на Шекспир.
  • 23 Ричард III – тежок случај: најверојатно печатена делумно од Q3 и делумно од Q6 поправена за ракопис (можеби „лажен документ“).
  • 24 Хенри VIII * - печатена од „фер копија“ од ракописите на авторот.

Трагедии[уреди | уреди извор]

  • 25 Троил и Кресида – најверојатно печатена од квартото, поправено со Шекспировите „лажни документи“.
  • 26 Кориоланус * - состав од висококвалитетни ракописи од авторот.
  • 27 Тит Андоник – печатена од копија од Q3 што можеби послужила како скрипта на суфлер.
  • 28 Ромео и Јулија – во суштина е издание од Q3.
  • 29 Тимон од Атина * - состав од лажните документите на Шекспир или ракопис од нив.
  • 30 Јулиј Цезар * - состав од скрипта на суфлер или транскрипт од скрипта на суфлер.
  • 31 Магбет * - најверојатно состав од скрипта на суфлер.
  • 32 Хамлет – едно од најтешките проблеми од Првото фолио; најверојатно печатена од некои комбинации од Q2 и извори од ракописи.
  • 33 Кралот Лир – тежок проблем: најверојатно состав главно од Q1 со врска од Q2 и поправена од скрипта на суфлер.
  • 34 Отело – уште еден тежок проблем: најверојатно печатена од Q1, поправен од квалитетен ракопис.
  • 35 Антониј и Клеопатра * - најверојатно „лажните документи“ или нивен ракопис.
  • 36 Симбелин * - можеби уште еден препис на Ралф Крејн или официјалната скрипта на суфлер.

Троил и Кресида првично било планирано да дојде по Ромео и Јулија, но тој редослед бил стопиран, најверојатно поради проблеми околу правата на драмата. Подоцна била вметната како прва од трагедиите кога прашањето околу правата се решиле. Тоа не е споменато во содржината.

Составувачи[уреди | уреди извор]

Според она што современената наука може да го утврди, текстовите од Првото фолио се припремени за печатење од страна на пет составувачи кои имале со различни правописни навики, особености и ниво на компетентност. Истражувачите ги означиле составувачите со букви од А до Е, со тоа што со А е означен најпрецизниот составувач а со Е е означен составувачот кој бил помошник/ученик и кој имал значителни тешкотии во справувањето со оригиналниот ракопис. Нивниот удел во подготвувањето на текстот за печатење во Фолиото е прикажан на следниов начин:

Комедии Историски драми Трагедии Вкупно страни
"A" 74 80 40 194
"B" 143 89 213 445
"C" 79 22 19 120
"D" 35½ 0 0 35½
"E" 0 0 71½ 71½

Составувачот „Е“ бил најверојатно Џон Леасон, кој работел како помошник од 4 ноември 1622 година. Еден од другите четири можно е да бил Џон Шекспир од Варвикшир кој стажирал кај Џагард во 1610-17 година. ( „Шекспир“ било често име во тоа време во Варвикшир и никаква роднинска поврзаност на Џон со драмскиот автор не е позната.)

Првото Фолио и варијантите[уреди | уреди извор]

В.В. Герг има тврдено дека Едвард Најт, суфлерот на Кингс мен е оној што го направил лекторирањето на ракописите по кои е печатено на Првото фолио. За Најт се знае дека бил одговорен за одржувањето на ракописите на друштвото и за додавањето на забелешки и упатства во текстот. Тој исто така се грижел и за тоа да бидат внесени промените кои биле наложени од телото за цензура Master of the Revel.

Некои страници од Првото фолио - 134 од вкупно 900 - биле лекторирани и корегирани додека печатењето на книгата било во тек. Како резултат, Фолиото се разликува од современите книги во тие поединечни примероци кои варираат значително во нивните печатни грешки. Има околу 500 исправки направени на Фолиото на овој начин. Овие исправки од составувачите, сепак, се состоеле само од ситни печатни грешки кои произлегувале од нивната работа. Со сигурност се знае дека тие речиси никогаш не се осврнувале на изворните ракописи за дополнителни поправки на печатениот текст, а уште помалку да решат некои проблеми во тие извори. Познатите „cruxes“ на Првото фолио не можеле да бидат разрешени од страна на составувачите бидејќи тоа ги надминувало нивните можности.

Фолиото било печатени и укоричено во „шестки“ - 3 листови хартија, поврзани заедно, преклопени во формат на книшка од 6 листови т.е. 12 страници. Испечатените „шестките“ се врзувале заедно за да се направи книга. Текстот се печател на 2 страници, што значи дека првата и последната страница од првиот арак биле печатени истовремено на една страна на листот хартија (која претставува надворешната страна); тогаш страниците 2 и 11 биле печатени на другата страна на иститот лист (внатрешната страна). Истото било направено со страниците 3 и 10, и 4 и 9, на вториот лист, и страниците 5 и 8, и 6 и 7, на третата. Тогаш првиот арак може да биде печатен по истиот метод: страниците 13 и 24 на едната страна од листот, итн. Ова значи дека составувачите морале однапред да знаат колку текст ќе собере на секоја страна. Ако составувачите го подготвувале типот од ракопис, нивните пресметки најчесто биле грешни во помали или поголеми количини, што резултирало со потребата да се прошират или да се намалат. Еден стих можел да биде испечатеа како два; или стихот можел да биде испечатен како проза за да се заштеди место или одредени стихови и пасуси можеле да бидат изоставени (вознемирувачки податок за почитувачите на делото на Шекспир). Изведби на Шекспир при кои се користело Првото фолио.

Некои режисери на Шекспир и компании кои го поставуваат Шекспир сметаат дека во современите изданија на драмите на Шекспир, коишто се значително изменети и дополнети за да можат полесно да се читаат, се отстраните евентуалните упатства за глумците од Фолиото, како на пример употребата на голема буква, различна интерпункција, дури и менување или отстранување на цели зборови. Меѓу компаниите кои го користат Првото фолио е Риверсајд Шекспир компани која во раните 1980-ти години ги правела своите изведби потпирајќи се на Првото фолио. Во 1990-тите години Првото фолио беше реиздадено во популарен формат подостапен за пошироката јавност. Денеска многу театарски дружини и фестивали кои ги поставуваат делата на Шекспир го употребуваат Првото фолио како основа за нивните театарски продукции и програми за обука, вклучувајќи ја и Лондонс ориџинал Шекспир компани, театарска дружина која се користи само со Првото Фолио и од таму ги влече упатствата за глумците. Сепак, Првото фолио не го содржи секој збор од драмите. На пример, мали пасуси од Хамлет се скратени – меѓу нив е говорот на Хорацио „Трошка е потребна да ги замати човечките умови“ и неговиот последователен говор започнува со „Во највисоката и палмовита држава во Рим, / Малку порано најмоќниот Јулиј паднал...“ Исто така недостасува средбата на Хамлет со норвешкиот капетан од армијата на Фортинбрас во чин IV, сцена IV, заедно со можеби најважниот исечок, монологот „Како сè работи против мене“

Сопственост, продажба и вредност[уреди | уреди извор]

Цената на оригиналното Прво фолио била 1 фунта што е еднакво на околу 95 до 110 фунти или 190 до 220 американски долари во 2006 година. Се смета дека Првото фолио било испечатено во околу 1000 примероци. Најновите пописи (1995-2000) покажуваат дека сè уште постојат 228 примероци. Британската библиотека ги поседува следниве копии: 1-иот примерок (1623) – 2 копии; 2-иот примерок (1632) – 5 копии; 3-иот примерок (1663) – е копија, вкупно 8 копии. Библиотеката Фолгер Шекспир во Вашингтон Д.С. ја поседува најголемата колекција со 79 копии. Друга колекција (12 копии) се наоѓа во универзитетот Мејсеј во Токио, Јапонија, вклучувајќи ја и Мејсеј копијата (кодирано МР 774) се вели дека е уникатна поради белешки од нејзин читател.

Првото фолио е едно од највредните испечатени книги во светот: една копија е продадена за 6.16 милиони долари во Кристис во Њујорк во октомври 2001 година. Колеџот Ориел, Њујорк доби 3.5 милиони фунти од продажбата на Првото фолио на Сер Пол Гети во 2003 година. На 13 јули 2006 година, комплетна копија на Првото фолио во сопственост на библиотеката на Д-р Вилијамс беше на аукција во аукциската куќа Сотби. Книгата, која била во нејзиното оригинална укоричување од 17 век, беше продадена за 2.5 милиони фунти, помалку од проценетите 3.5 милиони фунти. Оваа копија е една од само 40 кои останале комплетни копии (повеќето од постоечките копии се некомплетни); само една друга копија на книгата останува во приватно сопствеништво.

На 11 јули 2008 година беше објавено дека украдената копија од универзитетот Дурам, Англија во 1998 година е повратена откако била поднесена за вреднување во библиотеката Фолгер Шекспир во Вашингтон Д.С. во Соединетите Држави. Вредноста на Фолиото беше проценета на 15 милиони фунти. Иако книгата, некогаш во сопственост на Џон Косинс, бискупот од Дурам, била вратена во библиотеката, таа е оштетена и недостигаат корицата и насловната страна. Фолиото било вратено на јавно прикажување на 19 јуни 2010 година после дванаесетгодишно отсуство. Рејмонд Скот бил затворен осум години за ракување со украдена стока (тој бил ослободен од обвинението за кражба на копијата). Во емисијата на БиБиСи насловена Крадејќи го Шекспир од јули 2010, Скот бил претставен како фантазер и ситен крадец.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: