Почивало

Координати: 41°42′18″N 22°23′01″E / 41.70500° СГШ; 22.38361° ИГД / 41.70500; 22.38361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Почивало
Почивало во рамките на Македонија
Почивало
Местоположба на Почивало во Македонија
Почивало на карта

Карта

Координати 41°42′18″N 22°23′01″E / 41.70500° СГШ; 22.38361° ИГД / 41.70500; 22.38361
Општина Штип
Население 63 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 30044
Надм. вис. 670 м
Почивало на општинската карта

Атарот на Почивало во рамките на општината
Почивало на Ризницата

Почивало — село во Општина Штип.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 22 км источно од градот Штип, во крајните делови на штипско. Тоа се наоѓа на самата граница со Радовишката околија. Почивало лежи на југозападните падини на планината Плачковица. Селото е планинско, на надморска височина од 930 метри. Атарот зафаќа простор од 15,6 км2. На него пасиштата заземаат површина од 724 ха, на шумите отпаѓаат 393 ха, а на обработливото земјиште 376 ха.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото било дел од Штипската каза на Скопскиот санџак, како дел од Косовскиот вилает на Османлиската Империја.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-сточарска функција.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948362—    
1953421+16.3%
196165−84.6%
197142−35.4%
198156+33.3%
ГодинаНас.±%
199174+32.1%
199485+14.9%
200279−7.1%
202163−20.3%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци.[3]

На пописот од 2002 година, селото имало 79 жители, 74 Турци и 5 останати.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 63 жители, од кои 60 Турци и 3 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 365 96 362 421 65 42 56 74 85 79 63
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2314 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на шумска куќа "македонски шуми"подружница за шумарство.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 67 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[12]
  • Ескибал — населба од доцноантичко време;
  • Исарл'к — градиште од доцноантичко време;
  • Кисетарла — средновековна црква со некропола;
  • Стаиќувез — средновековна некропола;
  • Фрн — доцносредновековна населба.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 242.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 439. ISBN 9989649286.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]