Пол Семјуелсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пол Е. Семјуелсон
Кејнзенова економија
Роден15 мај 1915
Починал13 декември 2009
НационалностАмериканец
УстановаМИТ
ПолеМакроекономија
Алма матерУниверзитет Харвард (Д-р)
Универзитет во Чикаго
Противник наФридман
Влијанија одКејнз • Шумпетер • Лионтиф • Хаберлер • Хенсен • Вилсон • Виксил • Линдал
Влијаел врзФишер • Клеин • Мертон • Сабрамениан
ПридонесиНеокласична синтеза
Математичка економија
Економска методологија
Теорија на откриена предност
Теорија на меѓународна трговија
Теорија на економски раст
Теорија на јавни добра
НаградиМедал Џон Бејтс Кларк (1947)
Нобелова награда за економија (1970)

Пол Ентони Семјуелсон (роден на 15 мај 1915 – умрел на 13 декември 2009) беше американски економист и првиот американец кој ја добил Нобеловата награда за економија. Кога ја добил наградата, шведската кралска академија изјавила дека тој „има направено повеќе од било кој друг економист за подигнување на нивото на научни анализи во економската теорија“.[1] Економскиот историчар Рендал И. Паркер го нарекува „таткото на модерната економија“.[2]

Пол Семјуелсон

Тој е автор на најпродаваните економски учебници на сите времиња како на пример книгата „Economics: An Introductory Analusis“ која е за првпат издадена во 1948. Таа е вториот амрикански учебник кој ги објаснува приципите на Кејнзеновата економија и како да се размислува во областа на економијата, а е и првата успешна книга во овој домен на науката[3] и сега се наоѓа во нејзиното деветнаесетто издание продадено во над 4 милиони примероци на 40 јазици. Џејмс Потерба, поранешен раководител на одделот за економија во МИТ, изјавил дека преку неговата книга Семјуелсон „остава огромно наследство како истражувач и учител, еден од гигантите на чии рамена се потпираат сите современи економисти“.[1] Во 1996 кога Семјуелсон бил награден со националниот медал за наука, претседателот Бил Клинтон го пофалил за неговите „фундаментални придонеси во економската наука“ во последователните 60 години.[1]

На 16 годишна возраст започнал со учење на универзитетот во Чикаго, односно за време на продлабочената голема депресија, а неговиот докторат го добил од Харвард. На 25 години, односно по дипломирањето, станал асистент на професор по економија во МИТ, а на 32 години станал самостоен професор. Во 1966 бил именуван за институционален професор, највисоката почест на МИТ.[1]

Својата кариера ја довршил во МИТ каде што се потрудил да го претвори неговиот оддел за економија во светски реномирана институција со тоа што ќе привлече други познати економисти да му се приклучат на факултетот, меѓу кои биле и Роберт М. Солоу, Франко Модиглијани, Роберт К. Мертон и Џозеф И. Стиглиц, сите овие ја освоиле Нобеловата награда.[4]

Семјуелсон служел и како советник на претседателите Џон Ф. Кенеди и Линдон Б. Џонсон и бил консултант во министерството за финансии на САД, буџетското одделение, а, исто така, тој бил и член на претседателскиот совет на економисти. Неделно пишувал колумни за магазинот „Newsweek“ заедно со економистот Милтон Фридман од училиштето Чикаго каде што Семјуелсон ја застапувал Кејнзовата перспектива, а Фридман ја застапувал монетаристичката перспектива.[5] Пол Семјуелсон умрел на 13 декември 2009, на возраст од 94 години.

Животопис[уреди | уреди извор]

Семјуелсон е роден во Гери, Индијана, на 15 мај 1915, од татко Френк Семјуелсон, фармацевт, и мајка Ела Липтон. Неговата фамилија, вели тој, била „составена од евреи, имигранти од Полска кои значително просперирале за време на првата светска војна бидејќи во тоа време градот Гери бил значителен произведувач на железо“.[6] Во 1923 Семјуелсон се преселил во Чикаго каде што студирал на универзитетот во Чикаго и ја добил дипломата по уметност во 1935. Неговиот докторат по филозофија го добил во 1941 на Харвард. Како студен на Харвард, Семјуелсон ја изучувал економијата од Џозеф Шумпетер, Висли Лионтиф, Готфрид Харблер и Алвин Хенсен. Семјуелсон потекнува од фамилија на добро познати економисти вклучувајќи ги неговиот брат Роберт Самерс, сестрата правничка Анита Самерс и внукот Лери Самерс.

За време на седумте декади како економист, професионалните позции на Семјуелсон ги вклучуваат:

  • Асистент професор по економија на МИТ, 1940, помошник професор, 1944.
  • Член на Лабораторијатата за зрачење, 1944-1945
  • Професор по меѓународни економски односи на школото за право и дипломатија Флечер во 1945.
  • Професор по економија на МИТ почнувајќи од 1947 и институционален професор започнувајќи од 1962.
  • Истакнат професор кој го посетил универзитетот Тринити во Тексас, пролетта 1989.

Смртта[уреди | уреди извор]

Семјуелсон починал после кратка болест на 13 декември 2009, на возраст од 94 години.[7] Неговата смрт била објавена од МИТ.[6] Џејмс М. Потреба професор по економија на МИТ и претседател на економското биро за економски истражувања, изјавил дека Семјуелсон „остава огромно наследство како истражувач и учител, како еден од гигантите на чии рамења се потпираат современите економисти“.[7] Сусан Хокфилд, деканот на МИТ, рекла дека Семјуелсон „трансформирал сè што допрел: теоретското основање на неговото поле, начинот на кој економистите се учени низ целиот свет, филозофијата и растот на неговиот оддел, инвестиционите практики во МИТ и животите на неговите колеги и студенти“.[8]

Влијание[уреди | уреди извор]

Семјуелсон се смета за еден од основачите на неокејнзијанската економија и плодотворната фигура во развојот на неокласичната економија. При наградувањето со Нобеловата награда за економија комитетот изјавил:

Повеќе од секој современ економист, Семјуелсон помогнал во воздигнувањето на општата аналитика и нивото на методологија во економската наука. Тој, едноставно, ги преобразил значителните домени на економската наука. Тој го покажал фундаменталното единство на проблемите и на аналитичките пристапи во економијата, делумно преку систематската примена на методологијата на максимизација на широк спектар на проблеми. Ова покажува дека опсегот на Семјуелсон се протега низ голем број на различни полиња.

Тој е, исто така, од суштинско значење во создавањето на неокласичната синтеза која ги вклучува Кејнзијанските и неокласичните принципи кои сè уште доминираат во тековната економија. Во 2003 Семјуелсон станал еден од десетте економисти, добитници на новелова награда, кои се потпишале на „спротивставеното тврдење на економистите за кратењето на даноците од страна на Буш“.[9]

Термодинамика и економика[уреди | уреди извор]

Семјуелсон бил еден од првите економисти кои ги воопштиле и примениле математичките методи развиени за студирање на термодинамиката на економијата. Како дипломиран студент на Харвард тој бил единстевниот заштитник на првиот учен човек Едвин Бидвел Вилсон кој самиот бил студент на физичарот Вилард Гибс.[10] Гибс, основачот на хемиската термодинамика, бил, исто така, ментор на американскиот економист Ирвинг Фишер и влијаел и врз двајцата во основањето на нивните идеи за рамнотежата на економскиот систем.[11][12]

Семјуелсон издал една од првите книги за нелинеарна динамика во економските анализи.[13]

Ремек делото „Foundations of Economic Analusis“ на Семјуелсон од 1947, од неговата докторска дисертација, е засновано на класичните термодинамички методи на американскиот термодинамичар Вилард Гибс, особено на Гибсоновата книга од 1876, „При рамнотежата на хетерогените субстанци“ (или на англиски јазик „On the Equilibrum of Heterogeneous Substances“).[14][15]

Во 1947, засновано на принципот на Л Шателје и Браун за термодинамиката, принцип кој Семјуелсон го научил на предавање на Вилсон, тој го основал методот за компаративна статика во економијата. Овој метод ги објаснува промените во рамнотежното решавање на проблемот со ограничената максимизација (економија или термодинамика) која една од пречките е маргинално стесната или опуштена. Принципот Л Шателје е развиен од францускиот хемичар Хенри Луис ле Шателиер кој е познат по тоа што е меѓу првите кои ја превеле книгата за рамнотежа на Гибс (на француски во 1899). Употребата на овој принцип од страна на Семјуелсон се покажала како многу моќна алатка и наишла на широка примена во модерната економија.[16]

Издавања[уреди | уреди извор]

Семјуелсон во 1997

Книгата „Основање на економските анализи“ издадена од Семјуелсон, се смета за ремек-дело. Изведена е од неговиот докторат на универзитетот Харвард и ги користи класичните термодинамички методи на американскиот термодинамичар Вилард Гибс. Книгата предлага:

  • да се испитаат основните аналогии помеѓу централните одлики теоретската и применетата економија и
  • да се учи како теоремите од оперативно значење да се изведат со мал број на аналогни методи (страна 3),

со цел да се изведе „општа теорија на економските теории“. Во книгата е покажано како овие цели можат успешно да бидат изведени со користење на применетата математика во различни поддомени на економијата. Во книгата се предложени две основни хипотези како доволни за овие потреби:

  • максимизирање на однесувањето на агентите (вклучувајќи ги потрошувачите ) и
  • економски системи (вклучувајќи маркет и економија) во стабилна рамнотежа.

Во поглавјето за економската благосостојба се обидел да даде краток но прилично комплетен преглед за економската благосостојба (Семјуелсон, 1947, стр. 252). Исто така, го образложува и развива она што подоцна е нарекувано Бегрсон-Семјуелсонова социјална благосостојбена функција. Таа ни покажува како да ги претставиме (во максимизирани пресметки) сите реално вреднувани економски мерки од било кој систем на верување кој е потребен за постојано рангирање на различни социјални изводливи конфигурации во една етичка смисла секое посебно како „подобро од“, „полошо од“ или „индиферентно“ (стр.221). Денес има 388 страни во Семјуелсоновата „Собрани научни страници“. Стенли Фишер (1987, стр. 234) вели дека опфатени заедно тие се единствени во нивниот ентузијазам, опсег на економски и општи знаења и великодушност кон следните генерации.

Семјуелсон е, исто така, автор на влијателната принципиелна книга „Економија“ која за првпат била објавена во 1948, а денеска се наоѓа во нејзиното деветнаесетто издание. Книгата е преведена на 41 јазик и е продадена во повеќе од четири милиони копии поради што се смета за најпродаваната економска книга во историјата. Пишувана во сенка од големата депресија и втората светска војна, книгата потпомогнала во популаризацијата на Џон Мајнард Кејнз. Главно, фокусирана е на тоа како да се избегне, или да се ублажи, постојаниот пад на економската активност. Семјуелсон напишал: „Не е премногу доколку се каже дека широко распространетото создавање на диктаторството и резултатите од втората светска војна се вкоренети во неуспехот на светот за адекватно решавање на овој економски проблем (големата депресија)“.[17] Ова ја покажало загриженоста на самиот Кејнз за економските причини во војната и на значењето на економската политика во промовирањето на мирот.[18]

Семјуелсон се појавува како соработник во пишувањето на „Во внатрешноста во умот на економистите: Разговори со еминентни економисти“ (издадена од „Blackwell Publishing“ во 2007) заедно со Вилјам А. Барнет. Книгата е колекција на иксрени интевјуа со најдобрите економисти на дваесеттиот век.

Полиња на заинтересираност[уреди | уреди извор]

Како професор во МИТ Семјуелсон работел на повеќе полиња вклучувајќи ги:

  • Економската благосостојба,во која ги популаризирал неговите услови (критериуми за одлучување дали една акција ќе ја подигне благосостојбата) и во 1950 ја демонстрирал недоволноста на индексот на национален приход за да открие која од двете социјални опции не се одржувала во рамнотежа.
  • Теорија на јавните финансии во која е особено познат по неговата работа на утврдување на оптималната алокација на ресурсите и во јавните и во приватните добра.
  • Интернационална економија, каде што влијаел во развивањето на двата битни интернационални модели за тргување: ефектот Балеса-Семјуелсон и Хекшер-Охлин моделот.
  • Макроекономија, каде што го попиларизирал генерацискиот модел како начин да се анализира однесувањето на економските агенти во различни периоди.
  • Теорија на потрошувачот, тој ја вовел теоријата за откриени предности која е метод според кој е возможно да се размилува за најдобрата можна опција и според тоа да се дефинираат основните функции на потрошувачот со надгледување на неговото однесување.

Погледнете[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Фрост, Грег (13 дек., 2009). „Nobel-winning economist Paul A. Samuelson dies at age 94“. MIT News. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help) „Во кариера која опфаќа седум декади, тој го трансформираше неговото поле, влијаел на милиони студенти и го претвори МИТ во економска моќна инстируција“
  2. Паркер, Рендал И. (2002), Отсјај на големата депресија, Челтенхем: Едвард Елгар, стр. 25, ISBN 1843763354
  3. Текстот на Семјуелсон му претходеше на Лори Таршис во 1947 во „Елементите на економијата“ која не покажала големи успеси.
  4. „About IIM Calcutta“. издавач Indian Institute of Management Calcutta. Архивирано од изворникот на 2010-02-19. Посетено на 16 март 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  5. Сценберг, Мајкл; Готисмен, Арон А.; Рамретен (2005), Пол Смејуелсон: Да се биде економист, Њујорк: издавач Jorge Pinto Books, стр. 18, ISBN 097426153X Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  6. 6,0 6,1 Веинстеин, Мајкл M. (13 декември 2009). „Пол Е. Семјуелсон, економист, умира на 94“. New York Times. Укажано повеќе од еден |work= и |newspaper= (help)
  7. 7,0 7,1 „Нобеловецот економист Семјуелсон почина на 94 години“. Reuters. 13 декември 2009. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  8. „Економистот Семјуелсон, нобеловец и професор, умрира на 94“. Associated Press. Архивирано од изворникот 2009-12-16. Посетено на 2011-03-27.
  9. „спротивставеното тврдење на економистите за кратењето на даноците од страна на Буш“. 3 април 2003. Посетено на 2007-10-31.
  10. Семјуелсон, Пол Е. (5 септември 2003), Како јас станав економист
  11. Смит, Ерик; Фоли, Данкан (2005), Теорија на класичната динамија и општата економска рамнотежа (PDF)
  12. Мировски, Филип (1989), Повеќе топлина отколку светлина: Економијата како општествена физика, физиката како природна економија, издавач - универзитетот во Кембриџ, ISBN 0521426898
  13. Сети, Рахив (10, јануари 2010), „Пол Семјуелсон за линеарната динамика“, Блог на Рахив Сети Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  14. Семјуелсон, Пол Е. (1990), „Гибс во економијата“, Зборник на трудови на симпозиумот на Гибс, Провидес, стр. 255–267
  15. Џолс, К. Р. (1990), „Гибс и уметноста на термодинамиката, Гибс во економијата“, Зборник на трудови на симпозиумот на Гибс, Провиденс, стр. 293–321
  16. Баумгартер, Стефан (2004), „Термодинамички модели“ (PDF), Моделирање во еколошката економија (Поглавје 18), Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-05-13, Посетено на 2011-03-27
  17. Менкив, Грегори (10 јануари 2009), „Дали е лесно да се одговори владината потрошувачка?“, весник New York Times Не се допушта закосување или задебелување во: |newspaper= (help)
  18. Марквел, Доналд (2006), Џон Мајнард Кејнз и меѓународните односи: Економски патишта до војна и мир, Њујорк: издавател Oxford University Press, ISBN 0198292368 Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)