Прејди на содржината

Питер Динклиџ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Питер Динклиџ
Динклиџ на Сан Диего комик-кон интернешенел во 2013 година
Роден(а)Питер Хајден Динклиџ
11 јуни 1969(1969-06-11)(55 г.)
Морстаун, Њу Џерси, САД
Алма матерБенингстонски колеџ
ЗанимањеГлумец
Активен период1995–сè уште
СопружникЕрика Шмит (в. 2005)
Деца1 (ќерка)

Питер Хајден Динклиџ[1] (роден на 11 јуни 1969 г.)[2] — американски глумец. Од неговиот пробив со улогата во филмот Агентот од станицата (2003), тој глумел во бројни филмови и театарски претстави.

Од 2011 година, Динклиџ го глуми Тирион Ланистер во серијата Игра на тронови. За оваа улога тој добил две Еми награди за најдобар спореден глумец во драмска серија[3] и Златен глобус[4] за најдобар спореден глумец во телевизиска серија.

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Динклиџ е роден во Морстаун, Њу Џерси,[5] како син на Џон Карл Динклиџ (1931-2004), вработен во осигурителна компанија, и Дијана Динклиџ, учителка по музичко во основно училиште.[6][7] Тој е роден со ахондроплазија, болест која е причинител за неговиот џуџест раст. Тој има германско, англиско, и ирско потекло.[8][9]

Динклиџ за првпат се здобил со театарски успех во петто одделение играјќи во претставата Кадифеното памучно зајаче. Играјќи главна улога, тој бил воодушевен од одговорот на публиката за претставата. „Кога за првпат ќе се поклониш пред публиката, тоа чувство е одлично“, тој објаснил на магазинот Пипл.[10] Динклиџ дипломирал во католичкото училиште за момчиња Делбартон во 1987 година каде продолжил да ја развива својата глума во училишната драмска секција. Тој потоа се школувал на Бенингстонскиот колеџ каде глумел во бројни претстави пред да дипломира во 1991 година.[11]

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Во 2005 година, Динклиџ се венчал со Ерика Шмит, која е театарски режисер. Тие имаат една ќерка која е родена во 2011 година.[12] Семејството живее во мало село во Њујорк.[13] Динклиџ е вегетаријанец од 16-годишна возраст.[14]

Динклиџ уште на мала возраст дознал дека има ахондроплазија, која влијае на растот на коските. Поради тоа, тој е висок 1,35 м, со типична големина на глава и тело, но со кратки екстремитети. Додека Динклиџ ја прифатил својата состојба, тој често се соочувал со предизвици додека растел. Во 2003 година, тој изјавил: „Кога бев помлад, тоа дефинитивно ме погодуваше. Како адолесцент, бев огорчен, лут и затворен. Но како старееш, сфаќаш дека треба да имаш чувство за хумор. Знаеш дека тоа не е твој проблем. Нивни е.“[15] Кога во 2012 година бил запрашан дали се гледа себеси „како претставник на малите луѓе,“ Динклиџ одговорил: „Не знам што би кажал. Секој е различен. Секоја личност со мојата големина има различен живот, различна историја. Различни начини за справување. Само затоа што сум навидум во ред со тоа, не можам да пропагирам како да се биде во ред со тоа. Не мислам дека сум сè уште во ред со тоа. Постојат денови кога не сум.“[16]

  1. „Emmy winner Peter Dinklage thanks his dog sitter“. September 20, 2011. Архивирано од изворникот на 2016-05-04. Посетено на September 6, 2012.
  2. „Monitor“. Entertainment Weekly (1263): 40. Jun 14, 2013.
  3. „Peter Dinklage“. Academy of Television Arts & Sciences. Посетено на 11 February 2016.
  4. „Winners & nominees: Peter Dinklage“. Golden Globe Awards. Hollywood Foreign Press Association. Посетено на 11 February 2016.
  5. Meoli, Daria. "That’s Entertainment" Архивирано на 14 декември 2005 г., New Jersey Monthly, October 2005. Retrieved December 26, 2007.
  6. „Peter Dinklage Biography (1969–)“. film reference. Посетено на September 11, 2007.
  7. Moszczynski, Joe (July 1, 2004). „John C. Dinklage, 72, father of 2 entertainers“. New Jersey Star-Ledger.
  8. Interview, Neil Young's Film Lounge. March 23, 2004
  9. „Genealogy of Peter Dinklage's paternal grandparents“. Посетено на March 10, 2014.
  10. „Peter Dinklage: People Magazine“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2016-08-25.
  11. Smith, Dinitia. "Dark, Handsome And Short; Star of a Sundance Hit Is Ready for an Encore", The New York Times, October 2, 2003. Retrieved December 7, 2007.
  12. John Mitchell (April 18, 2013). „Peter Dinklage talks 'Game of Thrones' fights and being a 'DwILF' in Playboy“. Entertainment Weekly. Посетено на September 23, 2015.
  13. „Peter Dinklage: The 'Station Agent' With a Heart of Gold“. goveg.com. Архивирано од изворникот на June 15, 2008.
  14. „Peter Dinklage To Become Farm Sanctuary Spokesman“. Huffington Post. Посетено на May 23, 2014.
  15. „Peter Dinklage lives large“. msnbc.com. October 2, 2003. Посетено на September 11, 2007.
  16. Dan Kois (March 29, 2012). „Peter Dinklage Was Smart to Say No“. The New York Times. Посетено на July 3, 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]